Меѓународен систем на мерни единици

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од SI)
Прејди на: содржини, барај
Корица од брошурата на SI.

Меѓународниот систем на единици (скратено SI од француското Le Système International d'Unités[1]) е модерната форма од метричкиот систем и е заснован на 7 основни и 2 дополнителни физички величини и единици. Овој систем е најкористениот мерен систем во светот, највеќе во трговијата и речиси целосно во науката.[2][3]

Стариот метрички систем содржеше неколку групи на единици. SI е развиен во 1960 година од стариот систем метар-килограм-секунда (mks), наспроти системот цантиметар-грам-секунда (cmgs) кој имаше повеќе варијанти. Бидејќи SI не е постојан, тој е менлив комплет од стандарди во кој се создаваат единици и дефинициите се менуваат според меѓународна согласност соодветно на напредокот на технологијата на мерење.

Системот е речиси насекаде прифатен, со мали исклучоци. Забележителен исклучок е САД, кој продолжува да ги користи вообичаените единици наспроти системот SI. Во Обединетото Кралство, префрлувањето на системот SI е официјална политика, која сè уште не е завршена. Земјите кои сè уште употребуваат единици кои не се дел од SI (пр., САД) ги имаат предефинирано овие единици преку единиците на SI.

Три нации го немаа прифатено Меѓународниот систем на единици за нивни основен или единствен систем за мерење: Либерија, Мјанмар и САД.

Основни SI-единици[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Основни SI-единици.

Утврден на единаесеттата генерална конференција за мерки и тегови во 1960 година, тој има седум основни и две дополнителни големини и единици за кои што се смета дека во потполност ги карактеризираат нам познатите појави, а и материјата која можеме сетилно да ја восприемаме. Се нарекуваат основни, бидејќи од нив се изведуваат сите останати. Во долната табела се дадени основните SI-единици, како и нивните дефиниции:

Основни SI-единици
Име Симбол Величина Дефиниција
килограм kg маса Единицата за маса е еднаква на масата на меѓународниот прототип за килограм (еталон од платина и иридиум) чуван во Меѓународното биро за тегови и мерки (BIPM), во Севр, предградие на Париз (1. CGPM (1889), CR 34-38). Напомена: килограмот е единствена основна единица со претставка; грамот се дефинира како изведена единица, еднаква на 1/1000 од килограмот; претставките како што е мега, се додаваат на грам, а не kg; на пример, Gg, а не Mkg. Исто така, тој е единствена единица која сѐ уште се дефинира преку физичкиот прототип наместо природната појава со која е можно да се измери (видете килограм за алтернативната дефиниција).
секунда s време Единицата за време претставува траење од точно 9192631770 периоди од зрачењето кое одговара на преминот меѓу две хиперфини нивоа од основната состојба на атомот на цезиум - 133 на температура од 0 К (13. CGPM (1967-1968) Резолуција 1, CR 103).
метар m должина Единицата за должина е еднаква на изминатиот пат којшто го минува светлината низ вакуум за време од 1/299792458 секунди (17. CGPM (1983) Резолуција 1, CR 97)..
ампер A електрична струја Единицата за електрична струја претставува постојана струја која, кога би се одржувала во два прави и паралелни проводници сместени во вакуум на меѓусебно растојание од еден метар со неограничена должина и занемарливо мал кружен пресек, би предизвикала меѓу нив сила еднаква на 2×10−7 њутни по метар должина (9. CGPM (1948) Резолуција 7, CR 70).
келвин K термодинамичка температура Единицата за термодинамичката температура (или апсолутна температура) е точно 1/273,16 од термодинамичката температура на тројната точка на водата (13. CGPM (1967) Резолуција 4, CR 104).
мол mol количество супстанција Единицата за количество супстанција е количество на супстанција која содржи толку елементарни единки, колку што има атоми во 0,012 килограми од изотопот на чистиот јаглерод 12 (14. CGPM (1971) Резолуција 3, CR 78). (елементарните единки можат да бидат атоми, молекули, јони, електрони или честички.) Оваа единица е приближно еднаква на 6,02214199×1023 (Авогадров број).
кандела cd јачина на светлината Единицата за јачина на светлината е светлинската јачина во одреден правец од извор на светлина кој емитува монохроматско зрачење со фреквенција од 540×1012 херци и чијашто јачина на зрачењето во тој правец е 1/683 вати по стерадијан (16. CGPM (1979) Резолуција 3, CR 100).

Изведени[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Изведени SI-единици.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Bureau International des Poids et Mesures
  2. Official BIPM definitions
  3. An extensive presentation of the SI units is maintained on line by NIST, including a diagram of the interrelations between the derived units based upon the SI units. Definitions of the basic units can be found on this site, as well as the CODATA report listing values for special constants such as the electric constant, the magnetic constant and the speed of light, all of which have defined values as a result of the definition of the metre and ampere.

    In the International System of Units (SI) (BIPM, 2006), the definition of the meter fixes the speed of light in vacuum c0, the definition of the ampere fixes the magnetic constant (also called the permeability of vacuum) μ0, and the definition of the mole fixes the molar mass of the carbon 12 atom M(12C) to have the exact values given in the table [Table 1, p.7]. Since the electric constant (also called the permittivity of vacuum) is related to μ0 by ε0 = 1/μ0c02, it too is known exactly.

    – CODATA report