Електрична струја претставува тек (движење) на електричен полнеж. Во системот SI, единица мерка за електрична струја е амперот (A), кој е еднаков на тек од еден кулон електрицитет во секунда.
Количество на електрична струја (мерено во ампери) низ некоја површина (нпр. пресек на бакарен спроводник) е дефинирано како количество на електричен полнеж (мерено во кулони) кој поминува низ таа површина во единица време. Ако Q е количество на полнеж кој поминува низ површина во единица време t, тогаш просечна струја I изнесува:
Доколку времето t оставиме да тежнее кон 0, тогаш ја добиваме моменталната струја i(t):
Бидејќи ампер, како единица мерка за електрична струја е основна единица во SI, кулонот е изведен од дефиницијата за ампер.
Да претпоставиме дека имаме спроводник со пресек A- даден во метри квадратни ,должина l - даден во метри m и специфичен електричен отпор на материјалот од кој е изработен спроводникот ρ- изразена во ом метри - Ωm. Неговиот отпор ќе биде :