Луј Неел

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Луј Нел)
Прејди на: содржини, барај
Луј Ежен Феликс Неел
Louis Eugène Félix Néel
Louis Neel 1970.jpg
Неел во 1970 година
Роден 22 ноември 1904(1904-11-22)
Лион, Франција
Починал 17 ноември 2000(2000-11-17) (воз. 95 г.)
Брив ла Гајард, Франција
Националност Франција Французин
Полиња Физика на цврста состојба
Установи НЦНИ, Гренобл
Образование Стразбуршки универзитет
Поважни награди Нобелова награда за физика (1970)

Луј Ежен Феликс Неел (француски: Louis Eugène Félix Néel), (Лион, 22 ноември 1904Брив ла Гајард, 17 ноември 2000) - француски физичар роден во Лион. Студирал во родниот град, а со титулата доктор на науки се здобил на универзитетот во Стразбур. Неел добил Нобелова награда во 1970 година, за неговите истражувања за магнетните својства на цврстите тела. Неговиот придонес во физиката се покажал со создавањето на бројни корисни апликации, особено во развојот на подобрените компјутерски единици. Околу 1930 година тој предложил нова форма на магнетно однесување наречена антиферомагнетизам („Ferrum“ што преведено од латински значи железо), како спротивност на феромагнетизмот. На одредена температура (Неелова температура) ова однесување престанува, поточно се губи карактеристиката. Луј Неел потенцирал дека материјалите може да пројават феромагнетни својства. Тој исто така дал објаснување за слабиот магнетизам на одредени камења, правејќи го возможно учењето за историјата на магнетното поле на Земјата.

Награди[уреди | уреди извор]

  • Хјузова награда на Научната академија (1935)
  • Феликс-Робинова награда на Француското друштво на физичари (1938)
  • Блонделов медал (1948)
  • Награда на „Тројцата физичари“ (1963)
  • Златен медал (1965)
  • Нобелова награда за физика (1970)

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: