Симон ван дер Мер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Симон ван дер Мер
Simon van der Meer Nl-HaNa 2.24.01.07 253-8884.jpg
Симон ван дер Мер (лево) и сопругата на прием кај кралицата Беатриса и принцот Клаус во 1985 година
Роден 24 ноември 1925(1925-11-24)
Хаг, Холандија
Починал 4 март 2011(2011-03-04) (воз. 85 г.)
Женева, Швајцарија
Живеалиште Швајцарија
Националност Холанѓанец
Полиња Физика
Установи CERN
Образование Делфтски технички универзитет
Познат по Стохастичко ладење
Поважни награди Дуделов медал и награда (1982)
Нобелова награда за физика (1984)

Симон ван дер Мер (холандски: Simon van der Meer 24 ноември 1925 - 4 март 2011) — холандски честичен физичар кој ја поделил Нобеловата награда за физика во 1984 година со Карло Рубија за придонесите во проектот CERN кој довел до откривањето на W и Z честичките, две од повеќето основни составни делови на материјата.[1][2]

Биографија[уреди | уреди извор]

Како едно од четирите деца, Симон ван дер Мер бил роден и растел во Хаг, Холандија, во семејство на учители.[3] Тој сеобразувал во градската гимназија, дипломирајќи во 1943 година за време на германската окупација на Холандија. Тој учел техничка физика на Делфтскиот технички универзитет, и се стекнал со инженерска диплома во 1952 година. Откако работел неколку години за Филипс во Ајндховен високо напонска попрема за електронски микроскопи, во 1956 година заминал да работи во CERN каде останал се до своето пензионирање во 1990 година.[4][5][6]

Се оженил со Катерина Купман во средината на шеесетите години на минатиот век и имале две деца: Естер ван дер Мер и Матијс ван дер Мер. Тој исто така имал сестра: Ге ван дер Мер, и внука.

Научна работа[уреди | уреди извор]

Симон ван дер Мер ја осмислил техниката на стохастично ладење на зраците честички.[7] Неговата техника била употребена за собирање на моќните зраци на антипротоните за челните судири со спротивно кружно насочените протонски зраци со енергија од 500 GeV во суперпротонскиот синхотрон во CERN. Ваквите судири предизвикувале добивање на W и Z бозони кои можеле да се забележат за прв пат во 1983 година од страна на групата UA1, кја била раководен од Карло Рубија. W и Z бозоните биле теоретски предвидени пред неколку години, и нивното експериментално откривање се сметало за значаен успех за CERN. Ван дер Мер и Рубија ја поделиле Нобеловата награда за физика за нивните одлучувачки придонеси за успехот на овој проект.[8]

Ван дер Мер и Ернест Лоренс се единствените физичари кои работеле на забрзувачи кои добиле Нобелова награда за физика.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „The Nobel Prize in Physics 1984“. The Nobel Foundation. http://nobelprize.org/nobel_prizes/physics/laureates/1984/index.html. конс. 31 октомври 2009 г. 
  2. Darriulat, Pierre. The W and Z particles: a personal recollection. „CERN Courier“ том  44 (3): 13–16. https://cds.cern.ch/record/1733604. 
  3. „Obituary: Simon Van der Meer“. The Daily Telegraph. 9 март 2011. http://www.telegraph.co.uk/news/obituaries/science-obituaries/8371741/Simon-van-der-Meer.html. конс. 10 март 2011 г. 
  4. Telegdi, Val (јануари 1991 г). Simon van der Meer retires. „CERN Courier“ том  31 (1): 14-15. https://cds.cern.ch/record/1731850. 
  5. Simon van der Meer – Biographical. Nobelprize.org (4 March 2011). Retrieved on 3 April 2014.
  6. Caspers, Fritz; Koziol, Heribert; Mohl, Dieter (јуни 2011 г). Simon van der Meer: a quiet giant of engineering and physics. „CERN Courier“ том  51 (5): 24-27. https://cds.cern.ch/record/1734665. 
  7. Nobel Press Release. Nobelprize.org (17 October 1984). Retrieved on 3 April 2014.
  8. The Economist, "Simon van der Meer", 19 March 2011, p. 96.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: