Клифорд Шал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Клифорд Шал
Wollan and Shull 1949.jpg
Клифорд Шал (десно) и Ернест Вулан работат со двојно-кристален неутронски спектрометар во ORNL X-10 графитен реактор во 1949.
Роден септември 23, 1915(1915-09-23)
Питсбург, Пенсилванија, САД
Починал март 31, 2001(2001-03-31) (воз. 85 г.)
Медфорд, Масачусетс, САД
Националност САД Американец
Полиња Физика
Познат по Неутронско расејување
Поважни награди Награда за Баклиева кондензирана материја (1956)
Грегори Аминофиева награда (1993)
Нобелова награда за физика (1994)

Клифорд Гленвуд Шал (англиски: Clifford Glenwood Shull 23 септември 191531 март 2001) — американски физичар и добитник на Нобеловата награда.

Биографија[уреди | уреди извор]

Тој одел во средното училиште во Питсбург, каде добил универзитетска диплома од Карнегискиот институт за технологија, а докторирал во Њујоршкиот универзитет. Тој работел за „Тексас Компани“ во Њујорк, за време на војна, проследено со работно место во Клинтоновата лабораторија, а во 1955 конечно се придружил на Масачусетскиот институт за технологија, кога во 1986 се пензионирал.

Истражување[уреди | уреди извор]

Клифорд Шал бил награден со Нобеловата награда за физика во 1994 со Канаѓанецот Бертам Брокхаус.[1] Двајцата ја добиле наградата за развојот на неутронско расејувачката техника. Тој исто така спровел истражување за кондензирани материи. Наградата на професорот Шал му била доделена за неговата пионерска работа со неутронското расејување, техника која открива каде се атомите во материјал како одбиени куршуми каде пречките се во темно.

Кога сноп на неутрони е насочен во одреден материјал, неутроните се одбиваат, или се расејуваат, атомите во случајот се истражуваат. Правецот на неутроните се менува, зависно од локацијата на атомите кои ги погодиле, и тогаш дифракцијата на атомските позиции може да се одреди. Сваќајќи каде се атомите во материјалот и како заемно дејствуваат едни со други е клучно за сфаќањето на својствата на материјалот.

Професорот Шал на седумдесет и девет годишна возраст, на денот на доделувањето на Нобеловата награда, тој изјавил:

„Тогаш можеме да размислуваме како може да направиме подобро стакло за прозор, подобри полупроводници, подобри микрофони. Сите овие работи подлежат на сваќањето на основната наука.“

Тој неговата пинерска работа ја започнал во 1946 во сегапознатата национална лабораторија „Оук Риџ“. На времето тој кажал:

„Научниците во Оук Риџ беа многу нервозни да ги дознаат вистинските вредни научни употреби за информацијата и технологијата кои се развија за време на војната во Оук Риџ и на други места поврзани со воениот период на Менхетенскиот проект.“

Професорот Шал се здружил со Ернест Вулан и во периодот на следните девет години тие истражувале начини за употреба на неутроните произведени од нуклеарни реактори за да ја осознаат атомската структура на материјалите.

Според впечатокот на професор Шал, најважниот проблем на кој работел е справувањето со одредувањето на позициите на водородните атоми во материјали. Така тој еднаш кажал:

„Водородните атоми се сеприсутни во сите биолошки материјали и во многу други неоргански материјали, но не би можел да ги видиш со друга техника. Со неутроните излезе дека тоа било сосема поинаку, а ние бевме многу задоволни и среќни да дознаеме работи окулу стуктурите во кои се содржи водород.“

Како што ја усовршил расејувачката техника, професор Шал ги проучувал основните својства на самиот неутрон. Тој исто така го извел првото неутронско расејувачко истражување на магнетни материјали. ... „Ако постои... ’татко на неутронското расејување‘ во САД, тоа е професорот Шал“, напишал Ентони Нуњес..., професор по физика во Род Ајлендскиот универзитет.

Професор Шал дошол во Масачусетскиот институт за технологија како постојан професор во 1955 и се пензионирал во 1986, и покрај тоа што продолжил да го посетува и да „гледа преку рамениците“ како студентите прават експерименти во „остатоците од мојата стара истражна лабораторија“.

Меѓу поважните награди на Шал се Баклиевата награда, која ја добил од Американското друштво на физичари во 1956, и изборот во Академијата на уметностите и науките на САД (1956) и во Националната академија на науките (1975). Во 1993 тој ја добил Грегори Аминофиевата награда на Кралската шведска академија на науките за неговиот „развој и примена на неутронско дифракционите методи за проучивање на атомските и магнетните структури на цврсти материи“.[1]

Почести[уреди | уреди извор]

Лични награди и почести на Шал[уреди | уреди извор]

Печатни изданија во чест на Шал[уреди | уреди извор]

Награди во чест на Шал[уреди | уреди извор]

Објавени дела[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Clifford G. Shull, co-winner of 1994 Nobel Prize in physics, is dead at 85“. MIT-News. Massachusetts Institute of Technology. 2 април 2001. архивирано од оригиналот на 27 декември 2010. http://www.webcitation.org/5vIW7AcRb. конс. 27 декември 2010 г. „Professor Shull shared the 1994 Nobel Prize with Professor Bertram S. Brockhouse of McMaster University, Hamilton, Ontario, Canada.“ 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]