Дејвид Полицер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дејвид Полицер
Роден 31 август 1949 (1949-08-31) (воз. 68 г.)
Њујорк, САД
Националност американец
Полиња Физика
Установи Калифорниски институт за технологија
Образование Мичигенски универзитет
Харвард
Докторски ментор Сидни Колман
Докторанди Стивен Волфрам
Познат по Квантна хромодинамика, асимотска слобода
Поважни награди Нобелова награда за физика (2004)

Дејвид полицер (31 август 1949) — американски теоретски физичар. Ја поделил Нобеловата награда за физика со Дејвид Грос и Франк Вилчек за ниното откритие на асимптотска слобода во квантната хромодинамика.

Живот и кариера[уреди | уреди извор]

полицер се родил во Њујорк. Неговите родители, Алан И Валери Полицер, се преселиле во САД по Втората светска војна и двајцата биле доктори. Тој матурирал во средното училиште за наука во Бронкс во 1966 година, дипломирал на Мичигенскиот универзитет во 1969 година, а докторатот го стекнал на Харвард во 1974 година, каде надгедувач му бил Сидни Колман.

Неговиот прв објавен член, во 1973 година, во кој Полицер го опишал феноменот на асимптотска слобода: во кој се велело дека колку што се поблизу кварковите, толку послабо е силното заемодејство меѓу ним. кога кварковите се во непосредна близина, нуклеарната сила меѓу ним е толку мала, што тие се однесуваат како слободни честички. Овој резултат бил откриен независно околу истиот период од страна на Грос и Вилчек од Принстонскиот универзитет кој бил екстремно важен за развојот на Квантната хромодинамика. Заено со Томас Апелквист, Полицер имал централна улога во предвидувањето за постоењето на „хармониум“, субатомска честичка создадена од волшебен кварк и волшебен антикварк.

Полицер бил помлад член на Харвардското друштво од 1974 до 1977 пред да се префрли на Калифорнискиот институт за технологија, каде тој е моментално професор за теориска физика. Во 1989 година, тој имал мала улога во филмот Дебелиот човек и малото момче, како физичарот Роберт Сербер од проектот Менхетен.

Занимливоти[уреди | уреди извор]

Тој исто така бил водечки вокалист во групата „Професор Полицер и ро мезоните“ во 1980-ите, која ја објавила песната, „Прост хармонски осцилатор“.[1][2]

Полицер е познат по тоа дека секојдневно носи хавајски кошули.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]