Чарлс Хард Таунс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Чарлс Хард Таунс
Charles Hard Townes-Nibib-2007-retouched.jpg
Таунс во 2007
Роден јули 28, 1915(1915-07-28)
Гринвил, Јужна Каролина, САД
Починал јануари 27, 2015(2015-01-27) (воз. 99 г.)
Оукленд, Калифорнија, САД
Живеалиште Америка
Националност САД Американец
Полиња Физика
Установи
Образование
Теза „Концентрација на тежок јаглероден изотоп и мерење на нуклеарниот спин“ (1939)
Докторски ментор Вилијам Смитх
Докторанди
Познат по Масери
Поважни награди
Сопружник Френсис Браун (в. 1941)

Чарлс Хард Таунс (англиски: Charles Hard Townes 28 јули 191527 јануари 2015) бил американски физичар, нобеловец[1][2] и пронаоѓач. Таунс бил познат по неговата работа окулу теоријата и примената на масерот, со кој основал патент, и друга работа на полето на квантната електроника поврзано со масерските и ласерските уреди.[3][4][5][6][7][8][9][10][11] Тој ја поделил Нобеловата награда за физика во 1964 со Николај Басов и Александар Прохоров.[12][13][14][15]

Рани години[уреди | уреди извор]

Таунс се родил во Гринвил, Јужна Каролина, син на Елен Самтер Таунс (Хард; 1881-1980) и Хенри Кит Таунс (1876-1958), адвокат.[16] Тој добил дипломи во Фурмановиот универзитет. Таунс ја завршил работата за дипломата магистер на науки по физика во Дјукскиот универзитет во 1936, а потоа се запишал во Калифорнискиот институт за технологија, каде ја добил неговата докторска диплома во 1939.[17] За време на Втората светска војна тој работел на радарски бомбашки системи во Беловите лаборатории.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Чарлс Хард Таунс

Таунс бил избран за професор во 1950 во Колумбиски универзитет.[1] Тој работел како извршен директор во колумбиската лабораторија за зрачење од 1950 до 1952. Тој бил директор на одделот за физика од 1952 до 1955.[1]

Теоретичари како Нилс Бор и Џон фон Нојман се сомневале во веројатноста за создавање на масер.[18] Нобеловците Исидор Ајзек Раби и Поликарп Куш добиле финансиски средства за нивното истражување од истиот извор како и Таунс. Три месеци пред првиот успешен експеримент, тие пробале да го запрат:

„Види, треба да престанеш со работата која ја правиш. Нема да успее. Ти знаеш дека нема да успее, ние знаеме дека нема да успее. Само си ги трошиш парите, едноставно престани!“[19]

Како член на Обединетата Христова црква, Таунс сметал дека „науката и религијата се прилично паралелни, многу послични отколку другите луѓе што мислат и дека на крајот, тие мора да се спојат.“[20]

Во 1953, Таунс, Џејмс Гордон и Зигер го изградиле првиот амонијашки масер во Колумбискиот универзитет.[1] Овој уред користел стимулирана емисија во прилив на енергетизирани молекули на амонијак за да дојде до засилување на микробрановите на фреквенција од окулу 24.0 гигахерци.[1]

За неговото создавање на масерот, Таунс заедно со Николај Басов и Александар Прохоров ја добил Нобеловата награда за физика во 1964.[1]

Таунс исто така ја пионеризирал употребата на масерите и ласерите во астрономијата, како дел од тимот кој прв ги открил комплексните молекули во вселената и ја одредил масата на супермасивната црна дупка во центарот на Млечниот Пат.[21]

Помеѓу 1966 и 1970, тој бил директор на НАСА научниот советодавен комитет за Аполо проектот за месечево слетување.

Во последните неколку години, Таунс работел како предавач на Карл Шварцшилд во Германија и предавач на Бирла и Ервин Шредингер во Индија.[1]

Личен живот[уреди | уреди извор]

Таунс се оженил со Френсис Х. Браун во 1941.[1] Тие живееле во Беркли, Калифорнија.[1] Тие имале четири ќерки, Линда Роузвин, Елен Андерсон, Карла Кеслер и Холи Таунс.[1]

Таунс починал на деведесет и девет годишна возраст во Оукленд, Калифорнија, на 27 јануари 2015.[22]

Почести и награди[уреди | уреди извор]

Таунс (десно) ја прима Ваневар Бушиевата награда, 2006

Таунс е широко познат за неговата научна работа и лидерство.

Одбрани објавени дела[уреди | уреди извор]

Делата на Таунс биле широко објавени во книги и рецензирани статии,[13] меѓу кои:


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 „Charles H. Townes — Biographical“. Nobelprize.org. 2006. http://www.nobelprize.org/nobel_prizes/physics/laureates/1964/townes-bio.html. конс. 29 јули 2014 г. 
  2. „Remembering Charles Townes“. Furman University. 27 јануари 2015. http://www.furman.edu/About/About/Pages/remembering-charles-townes.aspx. конс. 27 јануари 2015 г. 
  3. Bertolotti, Mario (2004). The History of the Laser. Taylor & Francis. ISBN 978-0-7503-0911-0. 
  4. Bromberg, Joan (1991). The Laser in America, 1950–1970. MIT Press. ISBN 978-0-585-36732-3. 
  5. Chiao, Raymond, уред (1996). Amazing Light: A Volume Dedicated To Charles Hard Townes On His 80th Birthday. Springer. ISBN 978-0-387-94658-0. 
  6. Chiao, Raymond, уред (2005). Visions of Discovery: New Light on Physics, Cosmology, and Consciousness, A Volume Dedicated to Charles Hard Townes on his 90th Birthday. Cambridge. ISBN 978-0-521-88239-2. 
  7. Haynie, Rachel (2014). First, You Explore: The Story of Young Charles Townes (Young Palmetto Books). University of South Carolina Press. ISBN 978-1-61117-343-7. 
  8. Hecht, Jeff (2005). Beam: The Race to Make the Laser. Oxford University Press. ISBN 978-0-19-514210-5. 
  9. Hecht, Jeff (1991). Laser Pioneers. Academic Press. ISBN 978-0-12-336030-4. 
  10. Taylor, Nick (2000). Laser: The Inventor, the Nobel Laureate, and the Thirty-Year Patent War. Simon & Schuster. ISBN 978-0-684-83515-0. 
  11. Townes, Frances (2007). Misadventures of a Scientist's Wife. Regent Press. ISBN 978-1-58790-128-7. 
  12. „Nobel laureate and laser inventor, Charles Hard Townes, dies at 99“. Berkeley.edu. http://newscenter.berkeley.edu/2015/01/27/nobel-laureate-and-laser-inventor-charles-townes-dies-at-99/. конс. 27 јануари 2015 г. 
  13. 13,0 13,1 Чарлс Хард Таунс from the Scopus bibliographic database.
  14. Charles Townes — the Maser and the Laser, Office of Scientific and Technical Information, United States Department of Energy
  15. Charles H. Townes — Biographical, Nobel Prize
  16. „Notable South Carolinians- Dr. Charles Hard Townes | Indigo Blue“. Indigobluesc.com. 28 јули 1915. http://indigobluesc.com/2010/10/09/notable-south-carolinians-dr-charles-hard-townes/. конс. 22 октомври 2013 г. 
  17. Townes, Charles (1939). Concentration of the heavy isotope of carbon and measurement of its nuclear spin (PhD thesis). Caltech. 
  18. "Charles H. Townes: The Light Fantastic", BusinessWeek, August 1, 2004 
  19. Heinrich Hora; Edward Teller; George Hunter Miley (1 June 2005), Edward Teller Lectures: Lasers And Inertial Fusion Energy, Imperial College Press, стр. 3–4, ISBN 978-1-86094-468-0, конс. 27 December 2012 
  20. Harvard Gazette June 16, 2005 Laser's inventor predicts meeting of science, religion
  21. Laser inventor Charles Townes dies“, 29 јануари 2015.
  22. „Charles H. Townes Dies at 99; He Envisioned the Laser, Bringing It Into Daily Life“. The New York Times. 29 јануари 2015. http://www.nytimes.com/2015/01/29/us/charles-h-townes-physicist-who-helped-develop-lasers-dies-at-99.html?_r=0. конс. 29 јануари 2015 г. 
  23. „Book of Members, 1780–2010: Chapter T“. American Academy of Arts and Sciences. http://www.amacad.org/publications/BookofMembers/ChapterT.pdf. конс. 7 април 2011 г. 
  24. „Comstock Prize in Physics“. National Academy of Sciences. http://www.nasonline.org/about-nas/awards/comstock-prize-in-physics.html. конс. 26 февруари 2014 г. 
  25. „Richtmyer Memorial Award“. American Association of Physics Teachers. http://www.aapt.org/Programs/awards/richtmyer.cfm. конс. 28 јануари 2015 г. 
  26. „John J. Carty Award for the Advancement of Science“. National Academy of Sciences. http://www.nasonline.org/site/PageServer?pagename=AWARDS_carty. конс. 13 февруари 2011 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]