Сесил Франк Пауел
Сесил Франк Пауел | |
---|---|
Роден(а) | Сесил Франк Пауел 5 декември 1903 Тонбриџ, Кент, Англија |
Починал(а) | 9 август 1969 Валсасина, Италија | (возр. 65)
Националност | Британец |
Полиња | Физика |
Установи | Кембрички универзитет Бристолски универзитет |
Образование | Кембрички универзитет |
Докторски ментор | Чарлс Вилсон Ернест Радерфорд |
Познат по | Фотографски метод Откривање на пион |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (1950) Хјузов медал (1949) Кралски медал (1961) Ломоносов златен медал (1967) |
Сесил Франк Пауел, (англиски: Cecil Frank Powell 5 декември 1903 – 9 август 1969) — британски физичар со Нобелова награда за физика за неговото истражување за фотографскиот метод на студирање на јадрените процеси и за значителното откривање на пионот, субатомска честичка.
Личен живот
[уреди | уреди извор]Пауел е роден во Тонбриџ, Кент, Англија, син на пушкар, и се образувал во локално средно училиште пред да се здобие со стипендија.[1] Продолжил во Сидни Сасекс колеџот, Кембриџ, дипломирајќи природни науки во 1925.[1] Подоцна тој работел во Кавендишката лабораторија, Кембриџ, под надзор на Чарлс Вилсон и Ернест Радерфорд, го истражувал феноменот на кондензација, и се здобил со титулата доктор на филозофија на полето на физиката во 1927.[1]
Во 1932 Пауел се оженил за Исобел Артнер и заедно имале две ќерки.[1]
Професионален живот
[уреди | уреди извор]Во 1928 тој бил истражувачки асистент во лабораторијата во Бристолскиот универзитет, каде подоцна бил назначен за предавач.[2] Во 1936 станал дел од екпедицијата на Западните Инди, како дел од истражувањето за вулканска активност,[1] каде што се појавува во печат издаден во Гренада.[3]
За времепрестојот во Бристолскиот Универзитет, Пауел го посветил своето внимание на создавање на техники за мерење на подвижноста на позитивните јони, за да се определи природата на јоните во одредени гасови, и за изградба и употреба на Кокрофтовиот генератор за истражување на разнесувањето на атомските јадра.[1] Тој исто така почнал да создава методи внесувајќи специјализирани фотографски емулзии за да го олесни снимањето на трагите од елементарните честички, и во 1938 почнал да ја употребува оваа техника во истражувањето за космичко зрачење,[1] изложувајќи фотографски плочи на голема надморска височина, на врвовите од планините со употреба на специјално дизајнирани балони,[4] соработувајќи во истражувањето со О. Џузепе, Х. Мирхед и млад бразилски физичар Цезар Латес. Оваа работа во 1946 довела до пронаоѓањето на пионот,[5] со што е докажано дека е хипотетичка честичка предложена во 1935 од Хидеки Јукава во неговата теорија за јадрена физика.[6]
Во 1949 Пауел станал член на Кралското Друштво[7] и истата година го добил хјузовиот медал.[1] Во 1950 тој бил награден со Нобелова награда за физика „за неговото истражување на фотографскиот метод на проучување на јадрените процеси и неговите откритија за мезоните со овој метод“.[8] Од 1952 Пауел бил назначен за директор на неколку експедиции за Сардинија и Долината По, Италија, и летал со балони на голема надморска височина.[1]
Во 1961 Пауел го примил Кралскиот медал и служел на научниот комитет на европската организација за јадрено истражување CERN таа година,[1] и во 1967 бил награден со Ломонсов златен медал „за извонредни достигнувања во физиката за елементарни честички “.[9]
Смрт
[уреди | уреди извор]Пауел умрел на 9 август 1969,[1] додека нарвор пешачел на подножјето на Алпите блиску до Валсасина, регион во Италија, каде што престојувал со пријателите. Клупа со комеморативна плоча била подигната близу до местото на неговата смрт, посветена за негова меморија.[10]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Page on Powell на мрежната страница за нобелови награди, вклучувајќи биографија, говори и предавања
- Portrait photograph of Powell Архивирано на 27 ноември 2007 г. на Американскиот институт за физика
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 Nobel Lectures, Physics 1942-1962. Amsterdam: Elsevier publishing Company. 1964. Посетено на 14 September 2009.
- ↑ „Nobel Prizes and Fellowships“. http://www.bristol.ac.uk. Посетено на 14 September 2009. Надворешна врска во
|work=
(help) - ↑ „Cecil Powell“. Goethe-Universität Frankfurt. Johann Wolfgang Goethe-Universität Frankfurt am Main. Архивирано од изворникот на 2014-09-08. Посетено на 14 September 2009.
- ↑ „Powell, Cecil“. Encyclopædia Britannica. London: Encyclopædia Britannica Limited. 1962.
- ↑ „The Nobel Prize in Physics 1901-2000“. http://nobelprize.org. 9 February 2000. Посетено на 14 September 2009. Надворешна врска во
|work=
(help) - ↑ Lattes, C. M. G.; Muirhead, H.; Occhialini, G. P. S.; Powell, C. F. (1947). „Processes Involving Charged Mesons“. Nature. 159 (4047): 694. Bibcode:1947Natur.159..694L. doi:10.1038/159694a0.
- ↑ Frank, F. C.; Perkins, D. H. (1971). „Cecil Frank Powell 1903-1969“. Biographical Memoirs of Fellows of the Royal Society. 17: 541–563. doi:10.1098/rsbm.1971.0021.
- ↑ „The Nobel Prize in Physics 1950“. http://nobelprize.org/. Посетено на 14 September 2009. Надворешна врска во
|work=
(help) - ↑ „Award list“. http://www.ras.ru. Посетено на 14 September 2009. Надворешна врска во
|work=
(help) - ↑ Vegni, Guido (2006). „Giuseppe Occhialini in Milan in the sixties and beyond: His legacy for particle physics and his influence on young researchers and students“. Во Redondi, Pietro; и др. (уред.). The Scientific Legacy of Beppo Occhialini (англиски). Società Italiana di Fisica. Bologna: Springer. стр. 124. ISBN 978-3-540-37353-7. LCCN 2006933051. OCLC 875693069.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|