Овен Виланс Ричардсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сер Овен Виланс Ричардсон
Niels BohrUpOwenWillansRichardsonDownSolvay1927.JPG
Нилс Бор и Ричардсон (десно) на Солвајската конференција од 1927
Роден 26 април 1879(1879-04-26)
Девсбру, Јоркшир, Англија
Починал 15 февруари 1959(1959-02-15) (воз. 79 г.)
Алтон, Хемпшир, Англија
Националност Обединето Кралство Британец
Полиња Физика
Установи Кембрички универзитет
Универзитет Принстон
Кралски колеџ (Лондон)
Образование Кембрички универзитет
Универзитетски колеџ во Лондон
Докторски ментор Џозеф Џон Томсон
Докторанди Карл Тејлор Комптон
Клинтон Дејвисон
Познат по Закон на Ричардсон
Поважни награди Кралски медал (1930)
Нобелова награда за физика (1928)
Хјузов медал (1920)

Сер Овен Виланс Ричардсон (англиски: Sir Owen Willans Richardson 26 април 1879 - 15 февруари 1959) бил британски физичар кој добил Нобелова награда за физика во 1928 „за неговата работа на термоелектронскиот феномен и особено за откривањето на термоелектронскиот закон наречен по него“.[1]


Биографија[уреди | уреди извор]

Ричардсон се родил во Девсбру, Јоркшир, Англија, единствениот син на Џошуа Хенри и Шарлот Марија Ричардсон. Се образовал во „Бетли“ школото за граматика и колеџот „Тројство“ во Кембриџ, каде што добил првокласни почести по природни науки. Тогаш тој станал доктор на науки во Универзитетскиот колеџ во Лондон во 1904.

Овен Ричардсон (1928)

По дипломирањето во 1900, почнал да истражува за емисијата на електрична енергија од вжештени тела во Кавендишката лабораторија во Кембриџ, и во 1902 станал член на колеџот „Тројство“. Во 1901, демонстрирал дека вредноста од вжештена жица зависи експоненцијално од температурата на жицата со математичка форма слична на Равенката на Арениус. Ова станало познато како „Закон на Ричардсон“: „ Ако негативното зрачење се должи на честиците кои произлегуваат од металите, вредноста на заситеност (s) треба да го почитува законот “.[2]

Ричардсон бил професор во Универзитетот Принстон од 1906 до 1913, и се вратил во Велика Британија во 1914 за да стане „Витстоун“ професор по физика во Кралскиот колеџ (Лондон), каде подоцна бил главен истражувач. Се пензионирал во 1944 и починал во 1959.

Тој истотака го проучувал и фотоелектричниот ефект, гиромагнетниот ефект, емисијата на електрони при хемиски реакции, слаби Х-зраци, и спектарот на водородот.

Ричардсон се оженил со Лилијан Вилсон, сестра на негов колега од Кавендиш, Херолд Вилсон, во 1906, и заедно имале два сина и една ќерка. Сестрата на Ричардсон се омажила за американски физичар и нобелист Клинтон Дејвисон, студент на Ричардсон. По смртта на Лилијан во 1945, повторно се оженил во 1948 со Хенриет Рап, физичар.

Овен Виланс Ричардсон имал син Херолд Овен Ричардсон кој бил специјалист за нуклеарна физика и исто така бил директор, оддел на физичари, колеџ „Бедфорд“, Лондонски универзитет и подоцна станал „емиритус“ професор во Лондонскиот универзитет.


Почести[уреди | уреди извор]

Ричардсон станал член на кралското друштво во 1913, и бил награден со Хјузовиот медал во 1920. Ја добил нобеловата награда по физика во 1928, „за неговата работа на термоелектронскиот феномен и особено за откривањето на термоелектронскиот закон наречен по него“.[3] Бил прогласен за витез во 1939.


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Nobel Foundation (1928). „Owen Willans Richardson: The Nobel Prize in Physics 1928“. Les Prix Nobel. http://www.nobel.se/physics/laureates/1928/richardson-bio.html. конс. 17 септември 2007 г. 
  2. O. W. Richardson (1901) "On the negative radiation from hot platinum," Philosophical of the Cambridge Philosophical Society, 11 : 286-295; see especially p. 287.
  3. Nobel prize citation, Nobel foundation website

Библиографија[уреди | уреди извор]


Надворешни врски[уреди | уреди извор]