Јоханес Штарк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јоханес Штарк
Johannes Stark.jpg
Роден 15 април 1874(1874-04-15)
Шикенхоф, Германска Империја
Починал 21 јуни 1957(1957-06-21) (воз. 83 г.)
Траунштајн, Западна Германија
Националност Германија
Полиња Физика
Установи Гетингенски универзитет
Хановерско техничко училиште
Ахенски универзитет
Грајфсвалдски универзитет
Вурцбуршки универзитет
Образование Минхенски универзитет
Докторски ментор Ојген фон Ломел
Познат по Штарков ефект
Поважни награди Матеучиев медал (1915)
Нобелова награда за физика (1919)

Јоханес Штарк (15 април 1874-21 јуни 1957) — германски физичар и добитник на Нобеловата награда за физика,и бил тесно поврзан со германското физичко движење под нацистички режим.

Биографија[уреди | уреди извор]

Детство[уреди | уреди извор]

Роден во Шикенхов,Кралството на Баварија(сегашен Фреихунг),Штарк се школувал во гимназијата Бејрут,а подоцна во Регенсбург.Неговото факултетско образование започнало на Минхенскиот Универзитет,кадешто студирал физика,математика,хемија и кристалографија.Тој започнал со учење во тој факултет започнал во 1894;дипломирал во 1897,со својот докторат под наслов (особени оптички својства на саѓи)[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Штарк работел на разни позиции на физичкиот институт на неговиот алма матер се до 1900,кога постанал неплатен предавач на Готингеновиот Универзитет.Извонреден професор во Хановер од 1906,во 1908 стана професор на Ацхеновиот универзитет.Тој работел и истражувал во физичкиот оддел на некои универзитети,вклучувајќи го и Греифсвалдовиот универзитет,се до 1922.Во 1919,ја освоил нобеловата награда за физика за неговото „Откривање на Доплеровиот ефект кај [канални зраци|каналните зраци]] и поделба на спектралните линии во електричните полиња” (познат како Штарк ефект).Од 1933 се до неговото пензионирање во 1939,Штарк бил избран за претседател на Физичко Техничката Школа,додека исто така бил претседател и на Германската фондација за истражување.Штарк беше тој што како уредник на (-),побарал во 1907,тогаш сеуште непознатиот,Алберт Ајнштајн да напише прегледна статија за принципот на релативноста.Штарк бил импресиониран од релативноста и претходната работа на Ајнштајн каде што тој цитирал “Принципот на релативноста од страна на Х.А Лоренц и А.Ајнштајн” и “Планковата врска "M0 = E0/c2" во 1907 се нашла во Физичкиот весник[2] ,кадешто ја користел равенката e0 = m0c2 за да пресмета "елементарен атом на енергија,т.е. количината на енергија кои се однесуваат на масата на еден електрон на одмор.Додека работел на својата статија[3],Aјнштајн започнал со линија на мисли кои на крајот ќе доведат до неговата генерална теорија на релативноста,кој пак станал(по неговото потврдување) почетокот на Ајнштајновата светска слава.Иронично,дадена е Штарковата подоцнежна работа како анти-Ајнштајн и анти-релативистички пропагандист во Германското физичко движење.[4]

Штарк објавил повеќе од 300 трудови,главно во врска со електричната енергија и други такви теми.Тој добил бројни награди,вклучувајќи ја и Нобеловата награда,Баумгартнеровата награда од Виенската Академија на Науките(1910),Валбруховата награда од Готингенската Академија на Науките(1914),како и Матеучи медал од Римската Академија.Веројатно негов најдобро познат придонес во полето на физиката е Штарк ефектот,кој го открил во 1913.

Се оженил со Луис Еплер,и тие имале 5 деца.Негови хобиа биле одгледување на овошни дрва и шумарство.Работел во својата приватна лабораторија на неговата земја во Горна Баварија,после војната.Таму тој го проучувал отклонување на светлина во електрично поле.[5]

Поврзаност со Национал Социјализмот[уреди | уреди извор]

Насловната страна преведена на дански на Штарковото дело „Адолф Хитлер: Цели и личност“

За време на нацистичкиот режим, Штарк се обидел да стане фирер за германска физика преку здружението на германските физичари (заедно со Филип Ленард) негирајќи ја еврејската физика на Алберт Ајнштајн и Вернер Хајзенберг (кој не бил Евреин). Откако Вернер Хајзенберг застанал во одбрана на теоријата на релативноста, Штарк во лутина напишал статија во весникот SS со наслов Црниот корпус, Das Schwarze Korps нарекувајќи го Хајзенберг „бел евреин“.

На 21 август 1934 Штарк му пишал на физичарот и добитник на Нобелова награда за физика Макс фон Лауе да ја смени партиската линија или ќе има последици. Писмото било потпишано со „Хајл Хитлер“.[6]

Во својата книга којашто ја издал во 1934 наречена Националсоцијализам и Физиката, Штарк тврдел дека приоритет на научникот е да му служи на народот, важни полиња на истажување биле оние кои можат да помогнат во производството на германското оружје и индустријата. Тој ја нападнал теоретската физика како „еврејска“ и истакнал дека научните работни места во Нацистичка Германија треба да бидат во рацете на чистокрвни германци.

Во 1947, по поразот на Германија во втората светска војна, Штарк е прогласен за „сторител на тешки дела“ и добил затворска казна со должина од 4 години (подоцна суспендирани) од денацификациониот суд.

Објавени дела[уреди | уреди извор]

  • Откривањето на електрична енергија од страна на галвански блескав јаглен во реткиот гас. (Sonderabdruck aus 'Annalen der Physik und Chemie', Neue Folge, Band 68). Лајпциг 1899
  • Промена во спроводливоста на гасови преку постојана струја.(Sonderabdruck aus 'Annalen der Physik', 4. Folge, Band 2). Лајпциг 1900
  • На влијанието од греењето на електричните светилки на разредениот гас. (Sonderabdruck aus 'Annalen der Physik', 4. Folge, Band 1). Лајпциг 1900
  • Критички коментари во врска со изјавата на Остин и Штарк за Катодната рефлексија.(Sonderabdruck aus 'Verhandlungen der Deutschen Physikalischen Gesellschaft', Jahrgang 4, Nr. 8). Брауншвеиг, 1902
  • Принципи на динамиката на атомите. 1 дел. Електричниот обем. 1910
  • Тешкотии за хипотезата за светлина кванти во случај на издавање на серија линии. (Sonderabdruck aus 'Verhandlungen der Deutschen Physikalischen Gesellschaft', Jg. XVI, Nr 6). Брауншвеиг 1904
  • Забелешки на лак - и радио спектар на хелиум. (Sonderabdruck aus 'Verhandlungen der Deutschen Physikalischen Gesellschaft.', Jg. XVI, Nr. 10). Брауншвеиг 1914
  • Импликации на (Valenzhypothese). III. Природни авион на осцилација на светлината.(Sonderabdruck aus `Jahrbuch der Radioaktivität und Elektronik', Heft 2, Mai 1914), Лајпциг 1914
  • Метод за симултан распаѓање на линија на електрични и магнетни полиња. (Sonderabdruck aus 'Verhandlungen der Deutschen Physikalischen Gesellschaft.', Jg. XVI, Nr. 7). Брауншвеиг 1914
  • Сегашната криза на германската физика, ("Кризата се темели на Германската физика") 1922
  • Природата на хемиски валентни, 1922
  • Хитлеровиот дух и наука, 1924 година, заедно со Филип Ленард
  • На (axiality) емитувањето на светлината и атомска структура, Берлин 1927
  • Атомската структура и атомското сврзување, А. Сејдел, Берлин 1928
  • Атомски хемиска структура и Принципи на азот., Лајпциг, 1931
  • Нацизмот и Католичката црква, ( "национал-социјализмот и Католичката црква") во 1931 година
  • Нацизмот и Католичката црква. . II: Одговор со демонстрации на германските епископи во 1931 година.
  • Национално образование, 1932
  • Нацизмот и наука ( "национал-социјализмот и науки"), 1934
  • Прагматистичкиот и догматското Дух во физика (Nature 141, стр. 770-772), 1938
  • Физика на атоми површина 1940
  • Еврејски и германски физика ("еврејски и германски физика") со Вилхелм Милер, напишана на Универзитетот во Минхен во 1941 година
  • Национално образование, централната власт и политика лицемер, без датум
  • Цели и личноста на Хитлер ( "Цели и личноста на Хитлер"), без датум

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Entry in the catalogue of the Bavarian State Library, Munich. Opacplus.bsb-muenchen.de. Retrieved on 2012-07-27.
  2. Stark, J. (1907 г). Elementarquantum der Energie, Modell der negativen und der positiven Elekrizitat. „Physikalische Zeitschrift“ том  24 (8): 881. http://archive.org/details/physikalischeze00unkngoog. 
  3. Einstein, A. (1907 г). Ueber das Relativitatprinzip und die aus demselb gezogenen Folgerungen. „Jahrbuch der Radioaktivität und Elektronik“ том  IV: 411.  Translated in Schwartz, H. M. (1977) Einstein's comprehensive 1907 essay on relativity, parts I, II, III, American Journal of Physics, June, September and October, 1977.
  4. Norton, John D. "Einstein and Nordström: Some Lesser-Known Thought Experiments in Gravitation", John Earman, Michel Janssen, John D. Norton (eds.), Birkhäuser, 1993, pp. 3–29 (p. 6). ISBN 0-8176-3624-2
  5. Johannes Stark – Biography. Nobelprize.org. Retrieved on 2012-07-27.
  6. Reisman, Arnold (2006) Turkey's Modernization: Refugees from Nazism and Ataturk's Vision. ISBN 978-0-9777908-8-3

Надворешни врски[уреди | уреди извор]