Артур Ешкин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Артур Ешкин
Роден2 септември 1922 (1922-09-02) (96 г.)
Бруклин, Њу Јорк, САД
ПолињаФизика
Установи
Теза„Мерка за позитронско-електронско расејување и електронско-електронско расејување“ (1952)
Докторски менторВилјам Вудвард
Познат поОптичка пинцета
Поважни наградиНобелова награда за физика (2018)

Артур Ешкин (2 септември 1922)[1][2][3] — американски научник и нобеловец кој работел во Беловите лаборатории и Лусент Технологис. Ешкин за многумина бил таткото на оптичките пинцети,[4][5][6] за што бил награден со Нобелова награда за физика во 2018 година. Тој е најстариот нобеловец кој добил Нобелова награда на возраст од 96 години. Тој живее во Румсон, Њу Џерси.[7]

Ешкин ја започнал својата работа на манипулирање на микрочестички со ласерска светлина при крајот на 1960-ите што довело до осмислувањето на оптичките пинцети во 1986 година. Тој исто така бил и пионер во процесот на оптичко заробување што на крајот довело до можноста за манипулција на атомите, молекули и биолошки клетки. Клучната појава е зрачниот притисок на светлината, овој притисок може да се разгледува како оптички градиент и расејни сили.

Младост и семејство[уреди | уреди извор]

Артур Ешкин се родил во Бруклин Њу Јорк, во 1922 година,[1] како член на семејство украински Евреи.[8] Негови родители биле Исидор и Ана Ешкин. Тој исто така имал и брат, Јулиј, кој бил исто така физичар, и сестра, Рут. Постарата сестра, Гертруда, починала млада. Семејството живеело во Бруклин, Њу Јорк, на 983 улица Е 27. Исидор се преселил во САД од Одеса (тогаш Руско Царство, денес Украина), на возраст од 18 години.[9] Ана, пет години помлада исто така по потекло од денешна Укриана, Галиција, тогашно Австро-Унгарско Царство.[10][11][12][13]За десетина години по неговото пристигнување во Њу Јорк, Исидор станал амаерикански граѓанин и управувал со стоматолошка лабораторија на улица Деланси број 139 во Менхетен.[14]

Ешкин, својата сопруга Елин, ја запознал на универзитетот „Корнел“, и се во брак повеќе од 60 години и имааат три деца и пет внуци.[15] Таа била наставник по хемија во средното училиште Холмдел, а нивниот син Мајкл Ешкин, е професор по уметност на универзитетот „Корнел“.[16]

Образование[уреди | уреди извор]

Ашкин матурирал во Бруклинското средно училиште Џемјмс Мадисон во 1940 година.[17] По што се запишува на универзитетот „Колумбија“ и бил техничар во Зрачната лабораторија во универзитетот која била задолжена со изградбата на магнетрони за радарските потреби на американската војска. Иако бил повикан за служба во војската во својата втора година од образованието за време на Втората светска војна, неговиот стаус бил заменет со резервист, и ја продолжил својата работа бо лабораториите. Во текот на овој период, според негобите лични сеќавања во лабораториите присуствувале нобеловци.[4][18]

Ешкин ги завршил студиите стекнувајќи титула дипломиран физичар од ѕниверзитетот „Колумбија“ во 1947 година. Подоцна заминува на универзитетот „Корнел“ каде изучувал нуклеарна физика. Ова било во периодот на проектот „Менхетен“ и неговиот брат, Јулиј Ешкин,бил дел од проектот. Токму тука Ешкин се запознава со Ханс Бете, Ричард Фејнман и остантите ки во тој период се дел од универзитетот „Корнел“.[4][18]

Тој својот докторат го стекнал на универзитетот „Корнел“ во 1952 година,[19] по што заминува да работи за Беловите лаборатории по покана и препорака на Сидни Милман, кој бил ментор на Ешкин за време на неговите стиудии.[20]

Кариера[уреди | уреди извор]

Во беловите лаборатории, Ешкин работел на полетоп на микробранови од 1960 до 1961, по што се префрлува на ласерските истражувања. Неговите објавени истражувачки трудови од тој период се однесуваат на нелиниската оптика, оптичките влакна, параметрички осцилатори и параметрички засилувачи. Исот така, во Беловите лаборатории во текот на 1960-ите, тој бил сооткривач на Фоторефрактивниот метод во пиезоелектричниот кристал.[4][18]

Тој бил член на повеќе друштва, како што се Оптичкото друшѓтво (ОСА), Американското друштво на физичари (АДФ), и [Институт за електрично и електронско инженерство]] (ИЕЕЕ). Тој се пензионирал во Беловите лаборатории во 1992 година по 40 годишна кариера при што дал придонес во бројни области на експерименталната физика. Бил автор на многу истражувачки трудови во текот на годините и е носител на 47 патенти. Добитник е на наградата „Џозеф Кејтли“ за унапредувања на мерењата во физиката во 2003 година и на Харвиевата награда во 2004 година. Бил избран за член на националната академија за инженерство на САД во 1984 година и на националната академија за науки на САД во 1996 година. Тој бил прогласен за член на Халата на познати иноватори во 2013 година.[21] Моментално, тој продолжува со својата работа во неговата домашна лабораторија.[4][5]

Покрај оптичките пинцети, Ешкин е познат и по изучувањето на [фоторефракција]]та, создавањето на второстепени хармоници и нелинсиката оптика во оптичките влакна.[4][5]

Неодамнешните достигнувања во физиката биологијата користејќи оптичко микроманипулирање е постигнувањето на Бозе-Ајнштајнова кондензација во атмоските пареи при температури помали од миликелвин, прикажувањето на атомските ласери, и деталното мерење на поединечните молекули на моторот.[4][5]

Ешкиновата работа е основата на работата на Стивен Чу за ладење и заробување на атоми, поради чии истражувања Чу се стекнал со Нобелова награда за физика во 1997 година.[4][5]

Нобелова награда[уреди | уреди извор]

На 2 октомври 2018 година, Ешкин е награден со Нобелова награда за физика за неговата работа на оптичкото заробување, при што наградата ја споделува со Дона Стрикленд и Жерар Муру кои ја добиле другата половина од наградата.[22] Ешкин наградата ја добил за н неговиот пронајдот „оптичка пинцета“ со кои може да се фаќаат честички, атоми, вируси и други животински клетки со т.н. ласерски прсти. Користејќи го зрачниот притиок на светлината тој успевал да поместува физички тела, сон на научната фантастика, според Шведската кралска академија на науките.[23]

На возраст од 96 години, тој е и најстариот добитник на Нобеловата награда.[24] Ешкин добива половина од наградата додека другата половина е поделена од страна на Жерар Муру и Дона Стрикленд за нивната работа на засилувачите на ултракратки импулси,[25] техника денес во употреба за ласерско машинство што им овозможува на докторите секоја година да изведуваат милиони корективни операции на очите.[26]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Arthur Ashkin“. The Optical Society. конс. November 20, 2013. 
  2. Lindinger, Manfred. „Eine Zange aus lauter Licht“, „Frankfurter Allgemeine Zeitung“, 2 октомври 2018 (посет. 6 октомври 2018 г). (на German)
  3. „Arthur Ashkin – Facts – 2018“. NobelPrize.org. Nobel Media AB. October 6, 2018. конс. October 6, 2018. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 „Arthur Ashkin (biography)“. LaserFest. American Physical Society, Optical Society, SPIE, and the IEEE Photonics Society. конс. August 13, 2013.  "LaserFest – the 50th anniversary of the first laser"
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 McGloin, David; Reid, J. P. (1 февруари 2010 г). Forty Years of Optical Manipulation. „Optics and Photonics News“ том  21 (3): 20. doi:10.1364/opn.21.3.000020. ISSN 1047-6938. http://www.osa-opn.org/Content/ViewFile.aspx?Id=11465. 
  6. Bjorkholm, John E. (2010). „Talk for the Arthur Ashkin Honorary Symposium: The Man and His Science“. Frontiers in Optics 2010/Laser Science XXVI. Washington, D.C.: OSA. doi:10.1364/fio.2010.stud1. 
  7. Former Bell Labs scientist, 96, wins Nobel Prize for laser 'optical tweezers' October 2, 2018
  8. „96-year-old Arthur Ashkin wins physics Nobel for laser 'tweezers'. The Times of Israel. October 2, 2018. 
  9. „How the Ashkin Family Came to America“ (PDF). конс. October 2, 2018. 
  10. "United States Census, 1930", index and images, FamilySearch (https://familysearch.org/pal:/MM9.1.1/X7X3-3YL : accessed December 23, 2013), Isadore Ashkin, Brooklyn (Districts 1251–1500), Kings, New York, United States; citing enumeration district (ED) 1261, sheet , family 298, NARA microfilm publication.
  11. "United States World War I Draft Registration Cards, 1917–1918", index and images, FamilySearch (https://familysearch.org/pal:/MM9.1.1/KXY5-7XY : accessed December 23, 2013), Isadore Ashkin, 1917–1918; citing New York City no 86, New York, United States, NARA microfilm publication M1509, (Washington D.C.: National Archives and Records Administration, n.d); FHL microfilm 001765586.
  12. "United States World War II Draft Registration Cards, 1942", index and images, FamilySearch (https://familysearch.org/pal:/MM9.1.1/F3CQ-T4W : accessed December 23, 2013), Isadore Ashkin, 1942.
  13. "United States Census, 1920", index and images, FamilySearch (https://familysearch.org/pal:/MM9.1.1/MJRV-1VW : accessed December 23, 2013), Isdor Ashkin, Brooklyn Assembly District 18, Kings, New York, United States; citing sheet, family 342, NARA microfilm publication T625, FHL microfilm 1821173.
  14. White-Orr's Reference Register. 1918. стр. 139–. https://books.google.com/books?id=S6hRAAAAYAAJ&pg=PA139. 
  15. Heyboer, Kelly (October 2, 2018). „At 96 this Jersey guy can't 'get all excited' about his Nobel Prize win“. NJ.com. 
  16. Fleischman, Tom (October 2, 2018). „Arthur Ashkin, PhD '52, shares Nobel Prize in physics“. Cornell Chronicle. 
  17. 2,291 Are Graduated by Boro High Schools“, „Brooklyn Daily Eagle“, 26 јуни 1940, стр. 6 (посет. 3 октомври 2018 г).
  18. 18,0 18,1 18,2 Bell Labs – Murray Hill (November 1997). „He Wrote the Book on Atom Trapping“. Lucent Technologies 2002. Архивирано од изворникот на April 11, 2005. конс. August 13, 2013. Retired Bell Labs scientist Arthur Ashkin discusses his years as a physicist and how he discovered that light could trap atoms -- the discovery that led Steven Chu and two others to the Nobel Prize 
  19. Ashkin, Arthur (1953). A measurement of positron-electron scattering and electron-electron scattering (Ph.D.). Cornell University. OCLC 743354648 – преку ProQuest. (subscription required (help)). 
  20. Cantor, Carla (October 2, 2018). „Arthur Ashkin, CC'47, Wins Nobel Prize in Physics“. Columbia News. 
  21. „Inductee Detail: Arthur Ashkin“. National Inventors Hall of Fame. конс. October 3, 2018. 
  22. Sample, Ian. „Arthur Ashkin, Gérard Mourou and Donna Strickland win Nobel physics prize“, 2 октомври 2018 (посет. 2 октомври 2018 г).
  23. „Arthur Ashkin, 2 others win Nobel Physics Prize for laser research 96-year-old Jewish American who revolutionized eye surgery is oldest Nobel laureate ever“. Times of Israel. October 2, 2018. конс. October 2, 2018. 
  24. „Nobel Laureates by age“. NobelPrize.org. конс. October 2, 2018. 
  25. „Arthur Ashkin, Gérard Mourou and Donna Strickland win the Nobel Prize for Physics – Physics World“. Physicsworld.com. October 2, 2018. конс. October 2, 2018. 
  26. Physics Nobel prize won by Arthur Ashkin, Gérard Mourou and Donna Strickland“, The Guardian, 2 октомври 2018 (посет. 2 октомври 2018 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]