Џером Ајзек Фридман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џером Ајзек Фридман
Роден 28 март 1930 (1930-03-28) (воз. 88 г.)
Чикаго, Илиноис
Националност Американец
Полиња Физика
Установи МИТ
Образование Чикашки универзитет
Докторски ментор Енрико Ферми
Познат по Експериментален доказ за кварковите
Поважни награди Нобелова награда за физика (1990)
Сопружник Тања Лететски-Барановски (о. 1956; 4 деца)[1]

Џером Ајзек Фридман (англиски: Jerome Isaac Friedman 28 март 1930) — американски физичар, институтски професор и професор по физика, во пензија при МИТ. Тој е добитник на Нобеловата награда за физика во 1990 година заедно со Хенри Веј Кендал и Ричард Едвард Тејлор, за откривањето на внатрешната структура на протоните, кои подоцна биле наречени кваркови.

Живот и кариера[уреди | уреди извор]

Роден во Чикаго, Илиноис како дете на Лилиан и Селиг Фридман, продавач на машини за шиење, Фридмановите еврејски[2] родители се доселиле во САД од Русија. Џером Фридманимал талент за уметност но се заинтересирал за физиката откако прочитал книга за релативноста од Алберт Ајнштајн. Тој ја одбил стипендијата од Институтот за уметност во Чикаго за да може да изучува физика на Чикашкиот универзитет. Додека таму работел под менторство на Енрико Ферми, и својот докторат го стекнал во 1956 година. Во 1960 година тој се вработил на факултетот за физика при МИТ.

Во 1968-69 година, патувајќи меѓу МИТ и Калифорнија, тој вршел експерименти со Хенри Веј Кендал и Ричард Едвард Тејлор во Стенфордскиот линиски забрзувачки центар кој го обезбедил првиот експериментален доказ за тоа дека протоните имаат внатрешна структура, подоцна познати како кваркови. За ова свое откритие, Фридман, Кендал и Тејлор ја поделиле Нобеловата награда за физика. Тој е институски професор при МИТ. Фридмен е член на одборот на спонзори на Билтенот на атомските научници.[3]

Во 2008 година, Фридман примил почесен докторат од Белградскиот универзитет. Тој е почесен професор на Белградскиот универзитет за физика[4] и најпознатите светски институти: Институт за физика,[5] Институт за физика, Земун[5] и Нуклеарениот институт Винча.[6]

Во 2003 годинабил еден од 22 нобеловци кои го потпишале хуманистичкиот манифест.[7]

Објавени дела[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: