Чарлс Вилсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Чарлс Т. Р. Вилсон
CTR Wilson.jpg
Вилсон во 1927
Роден 14 февруари 1869(1869-02-14)
Мидлотиан, Шкотска
Починал 15 ноември 1959(1959-11-15) (воз. 90 г.)
Единбург, Шкотска
Националност Шкотска Шкотланѓанец
Полиња Физика
Установи Кембрички универзитет
Образование Манчестерски универзитет
Кембрички универзитет
Ментори Џозеф Џон Томсон
Докторанди Сесил Франк Пауел
Познат по маглена комора
Поважни награди Кралски медал (1922)
Хауард Потсов медал (1925)
Нобелова награда за физика (1927)
Френклинов медал (1929)
Дуделов медал и награда (1931)

Чарлс Томсон Рис Вилсон (шкотски: Charles Thomson Rees Wilson; 14 февруари 186915 ноември 1959) — шкотски физичар и метеоролог кој бил награден со Нобелова награда за физика за неговиот изум — маглената комора.


Биографија[уреди | уреди извор]

Вилсон се родил во Мидлотиан, син на фармер, Џон Вилсон, и неговата мајка Ени Клерк Харпер. По смртта на неговиот татко во 1873, неговото семејство се преселило во Манчестер. Тој се образовал во Манчестерскиот универзитет, студирал биологија со цел да стане физичар. Тој тогаш заминал во колеџот „Сидни Сасекс“, Кембриџ, каде што се заинтересирал за физиката и хемијата.

Вилсон подоцна особено се интересирал за метеорологијата, и во 1893 почнал да ги проучува облаците и нивните својства. Тој некое време работел во опсерваторијата на Бен Невис, каде што го набљудувал формирањето на облаци. Подоцна тој се обидел да го повтори овој ефект во помали размери во лабораторијата во Кембриџ, ослободувајќи влажен воздух во запечатен контејнер. Подоцна тој експериментирал со создавање патеки на облаци во неговата комора предизвикано од јони и зрачење. За изумувањето на маглената комора ја добил нобеловата награда во 1927.

Вилсон се оженил со Џеси Фрејзер во 1908, ќерка на религиски проповедник од Глазгов, и заедно имале четири деца. Тој починал близу Единбург, опкружен со своето семејство.


Наследство[уреди | уреди извор]

Кратерот Вилсон (кратер) на месечината е именуван во негово име.

Вилсоновите кондензациски облачни формации, настануваат по голема експлозија (како на пример нуклеарна детонација), се именувани по него.

Вилсоновото друштво, дружтвото на природни науки во „Сидни Сасекс“ колеџот, исто така е именувано по негово име.

Архивите на Чарлс Томсон Рис Вилсон се одржувани од страна на Глазговскиот универзитет.


Наводи[уреди | уреди извор]

  • Asimov's Biographical Encyclopedia of Science and Technology, Isaac Asimov, 2nd ed., Doubleday & C., Inc., ISBN 0-385-17771-2.


Надворешни врски[уреди | уреди извор]