Герд Биниг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Герд Биниг
Роден(а)20 јули 1947(1947-07-20)
Франкфурт на Мајна
ПолињаФизика
Установиистражувачка лабораторија на IBM во Цирих
ОбразованиеФранкфуртски универзитет
Докторски менторВернер Мартиенсен
Екхард Хоениг
Познат поОтчитувачки електронски микроскоп, атомскосилен микроскоп
Поважни наградиНобелова награда за физика (1986)
Кресонов медал (1987)

Герд Биниг (германски: Gerd Binnig 20 јули 1947[1]) — германски физичар, кој ај освоил Нобеловата награда за физика во 1986 година за изумувањето на Отчитувачкиот електронски микроскоп.[2]

Тој е роден во Франкфурт на Мајна и си играл во рушевините на градот додека растел. Неговото семејство живеело еден период во Франкфурт додека пак друг пат во Офенбах на Мајна, при што се образувал во двата града. На возраст од 10 години, тој одлучил да стане физичар, но наскоро се запрашал дали го направил вистинскиот избор. Започнал повеќе да работи со музика, свирејќи во група. Тој исто така започнал да свири и на виолина на 15 години и свирел во училишниот оркестар.[1]

Биниг студирал на Франкфуртскиот универзитет, стекнувајќи диплома во 1973 година и останал таму до стекнувањето на докторатот во Вернер Мартиенсеновата група, под менторство на Екхард Хоениг.[3]

Во 1969 година, тој се оженил со Лоре Ваглер, психолог, и имале ќерка која се родила во Швајцарија и син роден во Калифорнија.[1] Негови хобија се читање, пливање и голф.

Во 1978 година, тој ја прифатил понудата од IBM да се придружи на нивната истражна група во Цирих, каде работел заедно со Хајнрих Рорер, Кристоф Гербер и Едмунд Вајбел. Таму тие го осмислиле Отчитувачкиот електронски микроскоп, инструмент за снимање на површините на атомско ниво.[4] Комитетот за доделување на Нобеловата награда го опишала ефектот кој овој пронајдок го имал на науката, велејќи „целосно нови полиња во науката се отворени за проучувањето на структурата на материјата.“[2] Физичките начела на кој овој изум е заснован биле познатаи одамна и пред екипата на IBM да го развие отчитувачкиот електронски микроскоп, туку Бинг и неговите соработници биле првите кои решиле значајни експериментални предизвици кој го искористиле рој инструмент.[2]

Екипата на IBM во Цирих наскоро добила признанија со повеќе награди: Германската физичка награда, Клунговата награда, Пакардовата награда и Наградата Крал Фејсал.[1] Во 1986 година, Биниг и Рорер поделиле половина од Нобеловата награда за физика, другата половина од наградата му била доделена на Ернст Руска.

Биниг, Гербер и Калвин Квејт го осмислиле атомскосилениот микроскоп.[5]

Во 1987 година Биниг бил назначен за научен соработнк на ИБМ.

Во 1994 година професорот Герд Биниг ја основал Дефиниенс Архивирано на 21 февруари 2015 г. претпријатие кое во 2000 година станало комерцијално. Денес, претпријатијата и институциите ширум светот го користат Дефиниенсовата технологија за да го максимизираат изгледот на сликите со што можат да донесат подобри одлуки. Дефиниенс моментално се фокусира на примена на животни и зелени технологии.Кај животните науки, Дефиниенсовата технологија се користи за забрзување на откривањето, дијагностиката и развојот на лековите. Кај зелените науки, Дефиниенсовата технологија овозможува сателитско и воздушно снимање како и класификација и анализа со поголема брзина, точност и прегледност.

Биниг и Рореровиот нанотехнолошки центар, истражувачки отсек на IBM во Рушликон, Цирих е именуван според Герд Биниг и Хајнрих Рорер.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Gerd Binnig - Biographical“. Nobel Media AB. 1986. Посетено на 2014-01-01.
  2. 2,0 2,1 2,2 „The Nobel Prize in Physics 1986 - Press Release“. Nobel Media AB. 1986-10-15. Посетено на 2014-01-01.
  3. „Definiens Management Team - Gerd Binnig, PhD“. Архивирано од изворникот на 2014-01-02. Посетено на 2014-01-01.
  4. Binnig, G.; Rohrer, H.; Gerbe, Ch; Weibe, E. (1982). „Surface Studies by Scanning Tunneling Microscopy“. Physical Review Letters. 49 (1): 57. Bibcode:1982PhRvL..49...57B. doi:10.1103/PhysRevLett.49.57.
  5. Binnig, G.; Quate, C. F. (1986). „Atomic Force Microscope“. Physical Review Letters. 56 (9): 930–933. Bibcode:1986PhRvL..56..930B. doi:10.1103/PhysRevLett.56.930. ISSN 0031-9007. PMID 10033323.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]