Емилио Сегре

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Емилио Сегре
Segre.jpg
Роден Емилио Серге
30 јануари 1905(1905-01-30)
Тиволи, Италија
Починал 22 април 1989(1989-04-22) (воз. 84 г.)
Лафејет, Калифорнија, САД
Државјанство Италија (1905–89)
САД(1944–89)
Установи Национална лабораторија во Лос Аламос
Калифорниски унивезитет
Палермски универзитет
Римски универзитет
Универзитет „Колумбија“
Образование Римски универзитет
Докторски ментор Енрико Ферми
Докторанди Басанти Дулал Нагчаудури
Томас Ипсилантис
Херберт Јорк
Познат по антипротон
технициум
астат
Поважни награди Нобелова награда за физика (1959)
Потпис

Емилио Сегре (30 јануари 190522 април 1989) — италијански Физичар и добитник на Нобелова награда за физика, откривач на елементите технициум, астат и на антипротонот, субатомска честичка, за која и ја освоил Нобеловата награда за физика во 1959.Од 1943 до 1946 тој работел во Националната лабраторија во Лос Аламос како водач на Проектот Менхетен. Во април 1944 година тој забележал дека атомското оружје со кодно име Слабичок,нема да функционира поради присуството на нечистотии на плутониумот 240.

Роден во Триволи, Италија, близу Рим, Сегре студирал машинство на Римскиот универзитет, за во 1927 година да се префрли на одделот за физика. Сегре бил назначен за асистент професор по физика во Римскиот универзитет во 1932 и работел таму до 1936 година. Од 1936 до 1938 година тој бил директор на физичката лабараторија на Палермскиот универзитет. По посетата во Ернест Лоренцовата Берклиева лабораторија, тој испратил лента од молибден од лабарторискиот дефлекторски циклотрон во 1937 година кој оддавал аномалични облици на радиоактивност. По прецизни хемиски и теоретски анализи, Сегре успеал да докаже дека зрачењето било создадено од нов непознат елемент, подоцна наречен технициум, првиот вештачки создаден хемиски елемент кој не може да се сретне во природата.

Во 1938 година, владата на Бенито Мусолини воспоставила антисемитски закони со кои им забранувало на Евреи да работат во универзитетите. Како евреин Сегре морал да емигрира. Во Лоренц-Берклиевата лабораторија му било понудено место како помошник истражувач. Додека работел на Калифорнискиот универзитет Сегре помогнал во откривањето на елементот астат и изотопот плутониум 239, кој подоцна бил употребен за создавање на атомската бомба Дебелко, која била употребена на Нагасаки.

Во 1944 година, тој станал американски граѓанин. Кога се вратил на Калифорнискиот универзитет во 1946 година, тој започнува да работи како професор по физика и историја на науката, работејќи се до 1972 година. Сегре и Овен Чемберлејн соработувале во истраживачката група Лоренц-берклиевата лабораторија која го открила антипротонот, за што ја поделиле Нобеловата награда за физика во 1959 година. Сегре бил активен Фотограф, и со многу слики ги документирал настаните и луѓето од историјата на современата наука, овие фотографии по неговата смрт биле донирани на Американскиот институт за физика. Во негова чест Американскиот институт за физика ги именува своите фотографски архиви за историјата на физиката со неговото име.

Младост[уреди | уреди извор]

Емилио Џино Серге бил роден во Еврејско сефардска фамилија во Тиволи, близу Рим, на 1 Февруари 1905, син на Џузепе Серге, бизнисмен кој поседувал фабрика за хартија, и Амелиа Сузана Тривс. Имал двајца постари браќа, Анџело и Марко.[1] Неговиот вујко, Џино Серге, бил професор по право. [2] Тој се едуцирал во гимназијата во Тривол , и откако фамилијата се преселила во Рим во 1917, гимназијата и лицео во Рим . Дипломирал во Јуни 1922, и се запишал на Универзитетот Ла Сапијенца како студент по инжинерство.[3]

Во 1927, Серге го сретнал Франко Расети, кој го запознал со Енрико Ферми. Двајцата млади професори по физика барале тслентирани студенти. Тие присуствувале на Конференцијата Волата во Комо во Септември 1927,[4] каде Серге слушнал лекции од значајни физичари вклучувајќи ѓи Нилс Бор, Вернер Хајзенберг, Роберт Миликан, Волфганг Паули, Макс Планк и Ернест Радерфорд. Серге потоа им се придружил на Ферми и Расети во нивната лабараторија во Рим. Со помош на директорот на институтот на Физика, Орсо Марио Корбино, на Серге му било овозможено да се префрли на физика,[5] и, бил учен од Ферни, studying under Fermi,ја добил неговата Лауреа диплома во Јули 1928,[6] со тезата на "Аномална Дисперзија и Магнетна Ротација".[3]

По престојот во Италианската војска од 1928 до 1929,[3] каде бил овластен како потпорочник во противавионска артилерија,[7] Серге се вратил во лабараторија на Виа Панисперна. Тој ја издал својот прв труд, во кој ги сумирал своите тези "На аномална дисперзија на жива и на литиум", придружен со Едуардо Амалди во 1928, и уште еден труд со него наредната година на Раманов ефект.[8]

Во 1930, Серге почнал да изучува за Земанов ефект во некои алкални метали. Кога неговиот прогрес застанал поради иритирачка дифракција неговото барање да продолжи не било достапно во Италија, тој напишал до четири лабаратории на други места во Европа барајќи асистенција, и добил покана од Питер Земан да ја заврши неговата работа во Земановата лабараторија во Амстердам. Серге бил награден со Фондацијата Рокфелер стипендија, и, на совет од Ферми, бил избран да ја искористи да биде учен од Ото Штерн во Хамбург.[9][10] Работејќи со Ото Фриш на квантизација на просторот произвела резултати што навидно се разликувале со тогашните теории ; но Исидор Ајзек Раби покажал дека теоријата и експериментот се во согласност ако нуклеарниот спин на калиумот бил +½.[11]


Професор по физика[уреди | уреди извор]

Сегре бил поставен како асистент професор по физика на Универзитетот во Рим во 1932 и работел таму до 1936, станувајќи еден од Segrè was appointed assistant professor of physics at the University of Rome in 1932 and worked there until 1936, becoming one of the момчињата Виа Панисперна.[12] Во 1934, тој го запознал Елфред Спиро, Еврејска жена чија фамилија дошла од Острово во Источна Прусија, но избегале Вроцлав кога Источна Прусија станала дел од Полска по Првата Светска војна. Откако Националсоцијалистичка германска работничка партија дошла до власт во Германија во 1933, таа емигрирала во Италија, каде работела како секретарка и преведувач. Прво не зборувала италјански добро, и Сегре и Спиро разговарале во Германија, каде тој бил флуентен.[13] Двајцата биле венчани во Големата синагога во Рим на 2 Февруари 1936. Тој прифатил со рабин да потроши минимално на венчавката, давајќи баланс дека ќе потроши на луксуз венчавка на Еврејски бегалци од Германија .Рабинот менаџирал да им даде многу од орнаментите на луксузната венчавка безразлика.[14] Двојката имала три деца: Клаудио, роден во 1937, Амелиа Гертруд Алегра, родена во 1937, и Фауста Ирен, родена 1945.[15]

Момците Виа Панисперна во дворот на Римскиот Универзитет на физичкиот институт во Виа Панисперна. Од лево до десно: Оскар де Агустино, Сегре, Едуардо Амалди, Франко Расети и Енрико Ферми.

По венчавањето, Сегре барал стабилна работа, и станал професор по физика и директор на Физичкиот Институт на Универзитетот во Палермо. Пронашол опрема таму примитивна и библиотека лишана од модерната физичка литература, но неговите колеги во Палермо меѓу кои биле и математичарите Микеле Чипола и Микеле де Францис, минералогот Карло Периеро и ботаничарот Luigi Montemartini.[16] Во 1936 ја посетил лабароторијата за радијациа Беркли на Ернест Лоренс, каде што тој го запознал Едвин Мекмилан, доналд Кокси, Френц Курие, Филип Абелсон и Роберт Опенхајмер. Серге бил зачуден од радиоактивниот отпаден метал што некагаш бил дел од лабаротрискиот Циклотрон. Во Палермо, било откриено дека металот содржел голем број на радиоактивни исотопи. Во Фебруари 1937, Лоренс му пратил лента од Молибден што емитувала аномални форми на радиоактивност. Серге побарал помош од Периер за детална хемиска и теоретска анализа, и тие можеле да докажат дека дел од радиацијата била создавана од предходно непознат елемент.[17] Во 1947 тие го именувале Технициум, бидејки бил првиот вештачко синтезиран Хемиски елемент.[18][19]

Зрачна лабораторија[уреди | уреди извор]

Во јуни 1938, Сергеј преку лето ја посетил Калифорнија за да ги проучи краткотрајните исотопи на технициум, кој не го преживеал патот до Италија. Додека Серге бил на пат фашистичката влада на Бенито Мусолиниги донела расистички права со кои ги отстраниле евреите од универзитетските позиции. Како евреин, Серге бил приморан да стане емигрант.[20] Со Германската окупација на Чехословакија Сергеј сметал дека војна во Европа е неизбежна затоа тој заедно со Клаудио и Елфред често патувале до Мексико каде што сакале да ги заменат своите туристички визи со емиграциски. Серге и Елфред се плашеле за судбината на своите родители во Германија и Италија.[21]

Во лабароторијата за радијација во Беркли, Лоренц му понудил на Сергеј работа како асистент за пребаруванје-релативно ниска позиција за нокој кој открил нов хемиски елемент-првичната плата му била 300$ , но кога Лоренц открил дека Цергеј е легално заробен во Калифорнија платата му ја намалин на 116$ месечно. [22][23] Работејки со Глен Себорг, Серге го изолирал метастабилниот исотоп Технициум-99m. Неговите карактеристики го направиле идеален за употреба за Нуклеарно оружје, а сега е користен во околу 10 милиони медицински диагностички процедури годишно.[24] Серге ја започнал својата потрага по елементот 93, но не го пронајдол битејки барал елемент кој бил хемиски сличен на Рениум наместо редок земски елемент, што на крај се открило дека елементот 93 всушност е.[25] Работејки со Александар Лангдорф, и Чен-Шунг Ву, тој го открил хенон-135,[26][27] кој подоцна станал познат како нуклеарен отров во нуклеарни реактори.[28]

Серге потоа го свртел своето внимание кон елементот што недостига во периодичната табела, елементот 85. Тој потоа изјавил како сакал да го создаде преку бомбадирање на бисмут-209 со алфа честички за време на состанок, двајца од неговите колеги, Дејл Р Корсон и Роберт А Корног го спровеле експериментот. Серге заедно со Кенет Рос Макензи успешно го изолирале новиот елемент, кој денес се нарекува астатин.[29][30][31] Серге и Ву се обиделе да го пронајдат последниот елемент што недостасува ,елементот 61. Тие успеале да го создадат , но не и хемиски да го одвојат.[31] Тој исто така работел со Себорг,Мекмилан, Јосип В Кенеди и Артур Вахл присоздавањето на плутониум-239 во Лоренцовиот 150 цм Циклотрон во декември 1940.[32][33]

Проект Менхетен[уреди | уреди извор]

Segrè's ID badge photo from Los Alamos

По нападот на јапонците врз Перл Харбор во декември 1941, и објавувањето на војана врз Италија од страна на Америка, Серге немал никаква комуникација со неговите родители. Физичарите почнале да ја напуштаат лабароторијата за да можат да помогнат во војната, Серге почнал да им предава на преостанатите студенти што му овозможило подобар приход и воспоставил важни пријателства и професионални познанства со студентите, меѓу нив биле Овен Чемберлејн и Клајд Виганд.[34]

Во доцната 1942, Серге се придрузил на Проектот Менхатен во лабораторијата Лос Аламос. [35] Среге бил гнавен на групата за радиоакција која что спаѓала во девизијата на експериментална физика водена од Роберт Бачер.[36] За безбедносни причини го променил своето име во Ерл Семан.[37] Тој се преселил во Лос Алмос со своето семејство во јуни 1943.[38]

Групата на Серге ја поставила својата опрема во куќа во Пачарито кањон близу Лос Аламос во август 1943.[39] Нивната задача била меренње и запишување на радијацијата на различни фицични продукти. Важен дел од истражувањето било одредувањето на степенот на изотопно збогатување постигнато со различни примероци на збогатен ураниум. Првично тестовите добиени од масната спектрометрија, извршена од Колумбискиот универзитет, испитувањата извршени во Беркли, дале различни резултати. Серге ги испитал резултатите добиени од Беркли и не пронајдол никаква грешка, исто така и Кенет Браинбрич не пронашол никакви гришки ни во другите испитувања. Но анализити од дтуги примероци покажале блиско совпаѓање.[40] Поголемите нивоа на спонтана физија биле испитани во Лос Аламос од страна на грубата на Серге која заклучила дека е предизвикана од Космички зраци, кои биле позастапени во Лос Аламос поради надморската висина на која што се наоѓа.[39]

Групата успеала да ја измери активноста на ториум, ураниум-234, ураниум-235 и ураниум-238, но имале само микрограми од Плутониум (i.e.плутониум-239).[39] Првиот примерок на плутониум произведен од нуклеарен реактор во Оак Ридге бил примен во април 1944. Само за неколку денови групата забележала пет пати повеке спонтани физии отколку коај циклонски произведениот плутониум.[41] Ова не било добра вест за водачите на проектот. Ова значело дека Лимениот човек, предложениот плутониум за нуклеарни оружја, нема да функционира, а со тоа сите инвезтиции за произвотствени објекти за плутониум во Областа Хенфорд биле залудно потрошени. групата на Серге внимателно ги проверила своите резилтати и констатирала дака зголемената активност е поради исотопот плутониум-240.[42]

Во јуни 1944, Серге бил повикан во канцеларијата на Опенхимер каде што му било соопштено дека татко му е безбеден, но мајкаму била соберена од нацистите во октомври 1994. Серге никогаш повторно не ги видел своите родители. Татко му починал во Рим во октомври 1994.[43] Цо доцната 1994, Серге и Елфред станале граѓани на Соединетите Држави.[44] Ниговата група била задолжена со мерење на гама радиацијата од нуклеарниот тест Тринити во јули 1945.[45] Експлозијата ги оштетила или уништила повеќето од инструментите, но доволно дата била соберена за да се измерат гама зраците.[46]

Старост[уреди | уреди извор]

Во август 1945, неколку дена пред предавањето на Јапонија и крајот на Втората светска војна, Серге добил понуда за работа од универзитетот во Вашинктон Цв.Луиc и плата од 5000$.Следниот месец добил понуда од универзитетот во Чикаго. По малце убедување Серге ја прифатил работата понудена од Бирг. Тој во јануари 1946 го напуштил Лос Аламос и се вратил во Беркли.[47][48]

Во доцните 1940ти, многу академицо примамени од понудите за поголема плата го напустале универзитетот на Калифорниа, но Серге решил да остане. Луис Алваез изнервиран од барањата на Амалди, Ферми, Бруно Понтечовро, Расети и Серге за патенти за нивните пред воени откритија влегол во судир со Лоренс поради плановите да се создаде конкурентна лабаротоеија за нуклеарни оружја во Ливермор, Калифорнија, За да можат да создадат хидрогенска бомба.[49]

Несреќен од влошувачките односи со неговите колеги и политичката атмосфера во Беркли предизвина од контроверзиите за заклетвите за лојалност, тој заминува во универзитетот на Илиноис.[49] Судовите го решиле спорот околу патентите научниците добиле по 20000$ секој. Додека пак Кенеди, Вахл и Серге последователно добиле и по 100000$ за нивното откритие на плутониум.[50]

По одбивање на понувите од ИБМ и Национална лабароторија на Брокхевен, Серге се вратил во Беркли во 1952.[51] Го преселил своето семејство од Беркли во Лафејт, Калифорнија, во 1955.[52] Работејки заедно со Чемберлин и други тој го започанл своето барање на Антипротони, Субатомски античестички на протонот.[53] Анти-честичката на електронот позитронот бил предвиден од Паул Дирак во 1931.[54] а потоа откриен од [[Карл Андерсон] во 1932.[55] По аналогија се претпоставивало дека има анти-честичка на протонот, но никој на ја пронајдол дури и во 1955 некои научници се сомневале дали воопшто постојат.[56] Употребувајки го Лоренцовиот беватрон наместен на 6ГеВ, тие успеале да детектираат клучни докази за постоењето на антипротони.[53][57] За своето откритие им била доделена Нобелова награда по физика во 1959.[58] Ова било контроверзно бидејки коавторите на оваа статија не добиле награда.[59]

Серге бил член на моќниот универзитетски буџетен комитет од 1961 до 1966 и бил директот на физичкиот одел на универзитетот од 1965 до 1966. Тој го подржал одвојубањето на Беркли лабароторијата од Ливермор лабароторијата во 1970.[60] Тој публицирал биографија за Ферми Енрико Ферми:Физичар (1970). Тој исто така издал и свои дека како Од х-реј до кварк:Модерни физичари и нивни откритија (1980) и Од паѓачки тела до радио бранови:Класични физичари и нивни откритија (1984). Тој исто тако го едитирал Годишниот преглед на нуклеарна наука и наука за честички од 1958 до 1977, исто така тој си ја напишал својата афтобиографија, Ум во постојано движење (1993), која била објавена постхумано.[61][60]

Елфреде починал во октомври, и Серге се оженил за Роса Минс во фебруари 1972.[15] Истата година тој ја достигнал задолжителната година за пензиониранје. Тој продолжил да предава историја на физика.[62] Тоја во 1974 се вратил како професор во Рим но предавал само година пред да биде приморан да се пензионира.[60] Серге починал од срцев ударна 84 додека се шетал близу неговиот дом.[63] Тој се занимавал со фотографирање, Серге документирам многу важни настани и луѓе во историјата на модерна наука, затоа по неговата смрт Роца ги донирала овие фотографии на Американскиот институт за физика, кои нивната архива ја крстиле во негова чест.Колекцијата била збогатена по смрта на Роса во сообраќајна несреќа во Триволи во 1997.[60][64][15]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Segrè 1993, стр. 2-3.
  2. Segrè 1993, стр. 6.
  3. 3,0 3,1 3,2 Jackson 2002, стр. 5-6.
  4. Fermi 1954, стр. 43-44.
  5. Segrè 1993, стр. 44-49.
  6. Segrè 1993, стр. 52.
  7. Segrè 1993, стр. 54-59.
  8. Segrè 1993, стр. 61, 304.
  9. Jackson 2002, стр. 7-8.
  10. Segrè 1993, стр. 64-70.
  11. Segrè 1993, стр. 86-87.
  12. „Emilio Segrè – Biography“. The Nobel Foundation. http://www.nobelprize.org/nobel_prizes/physics/laureates/1959/segre-bio.html. конс. 22 мај 2013 г. 
  13. Segrè 1993, стр. 96-97.
  14. Segrè 1993, стр. 107.
  15. 15,0 15,1 15,2 Jackson 2002, стр. 7.
  16. Segrè 1993, стр. 104-106.
  17. Jackson 2002, стр. 9-10.
  18. Segrè 1993, стр. 115-118.
  19. Perrier, C.; Segrè, E.. Technetium: The Element of Atomic Number 43. „Nature“ том  159 (4027): 24. doi:10.1038/159024a0. PMID 20279068. Bibcode1947Natur.159...24P. 
  20. Segrè 1993, стр. 128-132.
  21. Segrè 1993, стр. 145-149.
  22. Jackson 2002, стр. 11-12.
  23. Segrè 1993, стр. 147-148.
  24. Hoffman, Ghiorso & Seaborg 2000, стр. 15.
  25. Segrè, Emilio (јуни 1939 г). An Unsuccessful Search for Transuranic Elements. „Physical Review“ том  55 (11): 1103–1104. doi:10.1103/PhysRev.55.1104. ISSN 0031-899X. Bibcode1939PhRv...55.1104S. 
  26. Segrè, Emilio; Wu, Chien-Shiung (март 1940 г). Some Fission Products of Uranium. „Physical Review“ том  57 (6): 552. doi:10.1103/PhysRev.57.552.3. ISSN 0031-899X. Bibcode1940PhRv...57..552S. 
  27. Wu, Chien-Shiung; Segrè, Emilio (март 1945 г). Radioactive Xenons. „Physical Review“ том  67 (5–6): 142–149. doi:10.1103/PhysRev.67.142. ISSN 0031-899X. Bibcode1945PhRv...67..142W. 
  28. Segrè 1993, стр. 153.
  29. Jackson 2002, стр. 11.
  30. Corson, Dale R.; MacKenzie, Kenneth Ross; Segrè, Emilio. Artificially radioactive element 85. „Physical Review“ (American Physical Society) том  58 (8): 672–678. doi:10.1103/PhysRev.58.672. ISSN 0031-899X. Bibcode1940PhRv...58..672C. 
  31. 31,0 31,1 Segrè 1993, стр. 155-156.
  32. Seaborg, Glenn T.. „An Early History of LBNL: Elements 93 and 94“. Advanced Computing for Science Department, Lawrence Berkeley National Laboratory. http://www.lbl.gov/LBL-PID/Nobelists/Seaborg/65th-anniv/14.html. конс. 17 септември 2008 г. 
  33. Seaborg, Glenn T.. „The plutonium story“. Lawrence Berkeley Laboratory, University of California. http://www.osti.gov/bridge/purl.cover.jsp?purl=/5808140-l5UMe1/. конс. 17 септември 2008 г. 
  34. Segrè 1993, стр. 170-172.
  35. Segrè 1993, стр. 177-180.
  36. Hawkins 1961, стр. 101.
  37. Hoddeson и др. 1993, стр. 96.
  38. Segrè 1993, стр. 186.
  39. 39,0 39,1 39,2 Hoddeson и др. 1993, стр. 234-236.
  40. Hawkins 1961, стр. 120-121.
  41. Hoddeson и др. 1993, стр. 236-239.
  42. Hoddeson и др. 1993, стр. 239-244.
  43. Segrè 1993, стр. 195, 214-215.
  44. Segrè 1993, стр. 204-205.
  45. Hoddeson и др. 1993, стр. 357.
  46. Hoddeson и др. 1993, стр. 375.
  47. Segrè 1993, стр. 206-210.
  48. Jackson 2002, стр. 13.
  49. 49,0 49,1 Segrè 1993, стр. 234-239.
  50. Segrè 1993, стр. 245-247.
  51. Segrè 1993, стр. 240.
  52. Segrè 1993, стр. 253.
  53. 53,0 53,1 Segre, E. (1 јули 1960 г). Nuclear Properties of Antinucleons. „science“ том  132 (3418): 9–14. doi:10.1126/science.132.3418.9. ISSN 0036-8075. Bibcode1960Sci...132....9S. 
  54. Dirac, P. A. M.. Quantised Singularities in the Quantum Field. „Proceedings of the Royal Society“ том  133 (821): 2–3. doi:10.1098/rspa.1931.0130. Bibcode1931RSPSA.133...60D. http://rspa.royalsocietypublishing.org/content/133/821/60. 
  55. Anderson, Carl D.. The Positive Electron. „Physical Review“ том  43 (6): 491–494. doi:10.1103/PhysRev.43.491. Bibcode1933PhRv...43..491A. 
  56. Segrè 1993, стр. 255-257.
  57. Segrè, Emilio (11 декември 1959). „Properties of antinucleons – Nobel Lecture“. The Nobel Foundation. http://www.nobelprize.org/nobel_prizes/physics/laureates/1959/segre-lecture.pdf. конс. 31 мај 2013 г. 
  58. „The Nobel Prize in Physics 1959“. The Nobel Foundation. http://www.nobelprize.org/nobel_prizes/physics/laureates/1959/. конс. 31 мај 2013 г. 
  59. Jackson 2002, стр. 15-16.
  60. 60,0 60,1 60,2 60,3 „Emilio Gino Segrè January 30, 1905–April 22, 1989“. National Academy of Sciences biography. http://www.nap.edu/readingroom/books/biomems/esegre.html. конс. 2 јуни 2013 г. 
  61. Jackson 2002, стр. 17, 25.
  62. Segrè 1993, стр. 288.
  63. Flint, Peter. „Dr. Emilio G. Segre Is Dead at 84; Shared Nobel for Studies of Atom“, 24 април 1989 (конс. 31 мај 2013 г).
  64. „Photos of physicists, astronomers and other scientists – Emilio Segrè Visual Archives“. American Institute of Physics. http://photos.aip.org/about.jsp. конс. 13 март 2012 г. 

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • E. Segrè (1964) Nuclei and Particles
  • E. Segrè (1970) Enrico Fermi, Physicist, University Of Chicago Press.
  • E. Segrè (1980) From X-rays to Quarks: Modern Physicists and Their Discoveries (Dover Classics of Science & Mathematics), Dover Publications.
  • E. Segrè (1984) From Falling Bodies to Radio Waves: Classical Physicists and Their Discoveries.
  • Segrè, Emilio (1993). A Mind Always in Motion: the Autobiography of Emilio Segrè. Berkeley, California: University of California Press. ISBN 0-520-07627-3. OCLC 25629433.  Free Online – UC Press E-Books Collection

Дополнителна литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Шаблон:Проект Менхетен