Петер Гринберг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Петер Гринберг
Peter Gruenberg 01.jpg
Роден 18 мај 1939 (1939-05-18) (воз. 78 г.)
Пилсен, Протекторат Бохемија и Моравија
Националност Германец
Полиња Физика
Установи Карлтонски универзитет
Јулишки истражен центар
Келнски универзитет
Научно-технолошки институт во Гуангѓу (GIST)
Образование Дармштадски универзитет за технологија
Докторски ментор Штефан Хуфнер
Познат по Џиновски магнетоотпорен ефект
Поважни награди Волфова награда за физика (2006)
Европски пронаоѓач на годината (2006)
Јапонска награда 2007
Нобелова награда за физика (2007)

Петер Гринберг (германски: Peter Grünberg 18 мај 1939) — германски физичар, и добитник на Нобелова награда за физика за истовременото откривање заедно со Албер Ферт на џиновскиот магнетоотпорен ефект со кого е постигнат напредок во гигабитните тврди дискови.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Гринберг е роден во Пилсен, Бохемија, која во тој период била окупирана германска територија Протекторат Бохемија и Моравија (денес Чешка) од родители Судетски германци[2] Ана и Феодор Гринберг[3] кои првично живееле во Дизина[4][5] (Дишина) на истокот од Пилсен.

По војната, неговото семејство било затворено, родителите му биле одведени во затворен камп. Неговиот татко, инженер роден во Русија кој од 1928 година работел за Шкода, починал на 27 ноември 1945 година како чешки заробеник и е закопан во масовна гробница во пилсен на која стои натпис Гринберг Теодор † 27. ноември 1945.[6] Неговата мајка Ана (починала во 2002 година на возераст од 100 години)[7] морала да се занимава со земјоделство и останала со своите родители во Петермановата[8] куќа во Унтерсекершан[9] (Долни Сеќирани), каде нејзините деца (сестра родена во 1937 година) биле доведени подоцна. Останатиот дел од семејството Гринберг, како и останатите германци било протерано од Чехословачка во 1946 година. Седумгодишниот Петер заминал во Лаутербах, Хесе каде се запишал во месната гимназија.[10]

Гринберг својата диплома ја стекнал во 1962 година од Универзитетот „Јохан Волфганг Гете“ во Франкфурт. Подоцна заминал на Дармштадовиот универзитет за технологија, каде ја добил неговата диплома за физика во 1966 година и неговиот докторат во 1969 година. Од 1969 година до 1972 година, тој имал подокторски дтудии на Карлетонскиот универзитет во Отава, Канада. Тој подоцна се придружил на Институтот за цвтста материја при Јулишкиот истражен центар, каде постанал водечки истражувач во полето на тенки филмови и повеќеслоен магнетизам се до неговото пензионирање во 2004 година.[10]

Важна работа[уреди | уреди извор]

Петер Гринберг кој свири на гитара за време на својот говор.

Во 1986 година тој ја открил непаралелната размена меѓу феромагнетните слоеви раздвоени со тенка неферомагнетен слој, а во 1988 го открива Џиновскиот магнетоотпорен ефект (GMR).[11] Истиот ефект истовремено и независно бил откриен од Албер Ферт од Јужниот Париски универзитет. И истиот се користи распространо во отчитувачките глави на тврдите дискови. Друга примена на овој ефект е кај Магнетно селективно пристапната меморија.

Покрај нобеловата награда, неговата работа е наградена и со други награди како што се Меѓународната награда за нови материјали, од Меѓународниот сојуз за чиста и применета физика ја добил наградата за Магнетизам, Хјуит Пакардова Еврофизичка награда, Волфова награда за физика и Јапонска награда во 2007 година. Тој ја има добиено и Германската иднинска награда за технологија и иновација во 1998 година и бил именуван за Европски истражувач на годината[12] во категоријата „универзитети и истражувачки центри“ настан организиран од Европската канцеларија за патенти и Европската комисија во 2006 година.

Одбрани дела[уреди | уреди извор]

  • DE 3820475  „Magnetfeldsensor mit ferromagnetischer, dünner Schicht“ поднесен на 16.06.1988
  • US 4949039  „Magnetic field sensor with ferromagnetic thin layers having magnetically antiparallel polarized components“
  • Grünberg, Peter, Y. Suzuki, T. Katayama, K. Takanashi, R. Schreiber, K. Tanaka. 1997. „МАгнето оптичкиот ефект на Cr(001) ултратенки филмови нанесени меѓу Fe(001)“. JMMM . 165, 134.
  • P. Grünberg, J.A. Wolf, R.Schäfer. 1996. „Далекудофатни заменски заемодејства во епитаксијални слоевити магнетни структури“. Physica B 221, 357.
  • M. Schäfer, Q. Leng, R. Schreiber, K. Takanashi, P. Grünberg, W. Zinn. 1995. „EЕксперименти на меѓуслојни заменски парови“ (invited at 5th NEC Symp., Karuizawa, Japan). J. of Mat. Sci. and Eng. . B31, 17.
  • A. Fert, P. Grünberg, A. Barthelemy, F. Petroff, W. Zinn (invited at ICM in Warsaw, 1994). 1995. „Слоести магнетни структури: меѓуслојни заменски парови и џиновска магнетоотпорност“. JMMM. 140–144, 1.
  • P. Grünberg, A. Fuß, Q. Leng, R. Schreiber, J.A. Wolf. 1993. „Меѓуслојни парви и нивната поврзаност со растот и структурата“. Proc. of NATO workshop on "Magnetism and Structure in Systems of Reduced Dimension", ed. by R.F.C. Farrow et al., NATO ASI Series B: Physics Vol. 309, p. 87, Plenum Press, N.Y. 1993.
  • A. Fuß, S. Demokritov, P. Grünberg, W. Zinn. 1992. „Кратко- и долгопериодични треперења на заменски парови на Fe низ епитаксијално нараснати Al- и Au-меѓуслоеви". JMMM. 103, L211.
  • doi:10.1103/PhysRevB.39.4828
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  • P. Grünberg, R. Schreiber, Y. Pang, M.B. Brodsky, H. Sowers. 1986. „Слоевити магнетни структури: доказ за антиферомагнетни парови на Fe-слоеви низ Cr-меѓуслоеви“. Physical Review Letters. 57, 2442.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „The Nobel Prize in Physics 2007“. The Nobel Foundation. http://nobelprize.org/nobel_prizes/physics/laureates/2007/index.html. конс. 9 октомври 2007 г. 
  2. 1939 wurde ich im damals von Hitler annektierten Pilsen, heute -Tschechien, als Sudetendeutscher geboren. Gleich nach Kriegsende, mit dem Einmarsch der Alliierten-Truppen, wurden alle Deutschen, so auch meine Familie, interniert. Meine Eltern kamen in ein Lager: Mein Vater Feodor ist im Lager geblieben, meine Mutter Anna dann zur Feldarbeit in das Dorf meiner Großeltern gekommen. Wir Kinder sind anfangs zu meiner tschechischen Tante gebracht worden, später zu meiner Mutter. 1946 bin ich nach Lauterbach in Hessen ausgesiedelt und dort eingeschult worden. Meinen Vater habe ich nicht mehr gesehen, er ist im Internierungslager gestorben. – interview at [1]
  3. Curriculum Vitae Peter A. Grünberg – Peter Andreas Grünberg, born on 18 May 1939 in Pilsen (now Czech Republic), parents: Dipl.-Ing. Feodor A. Grünberg and Anna Grünberg. CVV at fz-juelich.de
  4. Heimatkreis Mies-Pilsen e. V
  5. Sudetendeutsche Landsmannschaft, „Kreisgruppe Hochtaunus“,20.11.2007 [2]
  6. Grünberg Theodor † 27. November 1945, westboehmen.de
  7. Nobelpreisträger Grünberg aus Pilsen
  8. Photo 2, westboehmen.de
  9. Photo 1, westboehmen.de
  10. 10,0 10,1 „Curriculum Vitae“. Forschungszentrum Jülich. http://www.fz-juelich.de/portal/index.php?index=1191. конс. 9 октомври 2007 г. 
  11. G. Binasch; P. Grünberg; F. Saurenbach; W. Zinn. Enhanced magnetoresistance in layered magnetic structures with antiferromagnetic interlayer exchange (abstract). „Phys. Rev. B“ том  39 (7): 4828–4830. doi:10.1103/PhysRevB.39.4828. Bibcode1989PhRvB..39.4828B. http://link.aps.org/abstract/PRB/v39/p4828. 
  12. European Inventor of the Year 2006 in the category "Universities and research institutions"

Надворешни врски[уреди | уреди извор]