Лав Ландау

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лав Ландау
Landau.jpg
РоденЛав Давидович Ландау
22 јануари 1908(1908-01-22)
Баку, Русија
Починал1 април 1968(1968-04-01) (воз. 60 г.)
Москва, Советски сојуз
ЖивеалиштеСоветски сојуз
ДржавјанствоСоветски сојуз
ПолињаТеоретичка физика
УстановиХарков Политехнички институт и Харков Универзитет (later Харков институт за физика и технологија)
Институт за физички проблеми (RAS)
MSU Факултет за физика
ОбразованиеУниверзитет во Баку
Универзитет Ленинград
Физичко-технички институт во Ленинград
ДокторандиАлексеј Aлексиевич Aбрикосов
Исак Маркович Калатников
Други значајни студентиЕвгениј Лифшиц
Познат по
Поважни наградиСталинова награда (1946)
Макс Планков медал (1960) Нобелова награда за физика (1962)
СопружникK. T. Дробанзева (стапиле во брак 1937; 1 дете)

Лав Давидович Ландау (руски: Лaв Давидович Ландау 22 јануари 1908- 1 април 1968) бил истакнат советски физичар кој направил фундаментални придонеси во многу области на теориската физика. Неговите достигнувања го вклучуваат независното откривање на методот густина на матрица[1] во квантната механика (заедно со Џон фон Нојман), квантно механичката теорија на дијамагнетизамот, теоријата на суперфлуидност, теоријата на второстепени фазни премини , Гинзбург-Ландауова теорија на суперспроводливост, теоријата на Фермиева течност, на објаснување на Ландауова амортизација во плазмаената физика, објаснување на Ландаувото поле, во квантната електродинамика, на две-компонентната теорија за неутриното , и равенките на Ландау за Ѕ матричните сингуларитети.[2] Тој во 1962 година ја добил Нобеловата награда за физика за неговиот развој на математичката теорија на суперфлуидност, која се занимава за својствата на течениот хелиум II на температура под 2.17 K (−270.98 °C).

Живот[уреди | уреди извор]

Младост[уреди | уреди извор]

Ландау бил роден на 22 јануари 1908 од еврејско семејство[3][4][5] во Баку, Азербејџан, тогашното Руско Царство.Таткото на Ландау бил инженер во месната нафтена индустрија, а мајка му била лекар. Препознаен многу рано како чудо од дете во математиката, Ландау, подоцна изјавувал дека тој едвај се сеќавал на времето кога не бил запознаен со калкулус. Тој научил диференцијално сметање на 12 и интегрално сметање на 13 годишна возраст. Ландау дипломирал на 13 години од гимназијата. Неговите родители го сметале за премногу млад за да се запише на универзитет, па една година тој посетувал Економско-техничко школо во Баку. Во 1922 година, на 14 годишна возраст, тој се запишал на Државниот универзитет во Баку, студирајќи на два оддела истовремено: одделот за физика и математика, и на одделот за хемија. Подоцна тој престанал да студира хемија, но останал заинтересиран за областа во текот на неговиот живот.

Ленинград и Европа[уреди | уреди извор]

Во 1924 година, тој се преселил во главниот центар на советската физика во тоа време: Одделот за физика во Ленинградскиот државен универзитет. Во Ленинград, тој прво се запознал со вистинската теориска физика и се предал целосно на своите студии, каде дипломирал во 1927 година. Ландау последователно запишал пост-дипломски студии нафизичко-техничкиот институт во Ленинград, а на 21 година, се здобил со докторат. Ландау ја добил својата прва можност за патување во странство во 1929 година, при патувачко друштво на советската влада дополнето од страна на Рокфелеровата фондација.

По куси престои во Гетинген и Лајпциг, тој отишол во Копенхаген за да работи во Нилс Боровиот институт за теориска физика. По посетата, Ландау секогаш се сметал себеси за ученик на Нилс Бор и неговиот пристап кон физиката бил во голема мера под влијание на Бор. По престојот во Копенхаген, тој го посетил Кембриџ и Цирих пред да се врати во Советскиот Сојуз.

Националниот научен центар Харков институт за физика и технологија, Харков[уреди | уреди извор]

Помеѓу 1932 и 1937 година тој беше на чело на Министерството за теориска физика на Националниот научен центар Харков институт за физика и технологија [6] и предавал на Харковскиот универзитет,[7] Харковскиот политехнички институт [8] За разлика од своите теориски постигнувања, Ландау бил главен основач на голема традиција на теориската физика во Харков, Советскиот Сојуз, понекогаш се нарекува и „Ландауово училиште“. Во Харков, тој и неговиот пријател и поранешен студент, Евгениј Лифшиц, почнаале да го пишуваат курсот за теориска физика , десет тома, кои заедно ја опфаќаат целата теорија на овој предмет и се уште се користат како дипломирано - ниво на текстови по физика. За време на Големата чистка, Ландау беше под истрага во рамките на УФТИ аферата во Харков, но тој успеа да замине за Москва за да ја преземе новата задача.

Ландау развил сеопфатен испит наречен "Теориски минимум", на кој студентите се очекуваа да поминат пред приемот во училиштето. Во 1932 година, тој исто така ја пресметал Чандрасекаовата граница, но сепак, тој не ја применил за белите џуџиња. Испитот ги опфаќал сите аспекти на теориската физика, и помеѓу 1934 и 1961 испитот го положиле само 43 кандидати.[9][10]

Информациите за Гинзбург-Ландауовата теоријата и фотографиите од канцеларијата на Ландау во Националниот научен центар Харковскиот институт за физика и технологија во Украина се презентирани во книгата: „неповрзаност во Микробранова суперспроводливост“, напишана од Димитри О. Леденов и Виктор О. Леденов.

Институт за физички проблеми, Москва[уреди | уреди извор]

Ландау бил на чело на теориската дивизија во Заводот за физички проблеми од 1937 година до 1962 година.Ландау бил уапсен на 27 април 1938 година, бидејќи тој ја споредувал Сталиновата диктатура со онаа на Хитлер,[11][12] и бил држен во НКВД возатворот Лубјанка се до неговото ослободување на 29 април 1939 година, откако челникот на институтот [[Петар Капица]], експериментален физичар за ниски температури, напишал писмо до Јосиф Сталин, и лично се заложил за однесувањето на Ландау, и се заканил дека ќе го напушти институтот ако Ландау не биде ослободен.[13] По неговото ослободување, Ландау открил како да ја објасни Капицовата суперфлуидност со помош на звучни бранови, или фонони, како и новото побудување наречено ротон.[11]

Ландау го предводеше тимот на математичарите претставувајќи поддршка за развој на советската атомска и водородна бомба. Ландау ја пресметал динамиката на првата советска термонуклеарна бомба, вклучувајќи го предвидувањето на досегот. За ова дело тој добил Сталинова награда во 1949 година и 1953 година, а бил награден со титула „Херојот на Социјалистичката труд“ во 1954 година.[11]

Неговите ученици се Лав Питаевски, Алексеј Абрисков, Аркадиј Леванук, Евгениј Лифшиц, Лав Горков, Ајзак Калатников, Борис Л. Лоф, Роалд Сагдев и Ајзак Померанчук.

Личен живот и ставови[уреди | уреди извор]

Ландау фамилијата во 1910

Ландау во 1937 година се оженил со девојка од Харков, Кора Т. Дробанзева;[14] нивниот син Игор е роден во 1946 година. Ландау верувал во „слободна љубов“ наместо во моногамија, и ги охрабрил неговата сопруга и неговите студенти за да практикуваат „слободна љубов“; но неговата сопруга не била ентузијаст.[11] За време на неговиот живот, Ландау бил шестпати неволно сместуван во психијатриската болница Кашченко[15].

Тој бил атеист.[16][17]

Последни години[уреди | уреди извор]

На 7 јануари, 1962 година, автомобилот на Ландау се судрил со камион. Тој бил тешко повреден и поминал два месеци во кома. Иако Ландау заздравил на многу начини, неговата научна креативност била уништена,[18] и никогаш не се вратил во целост на научната работа. Повредите го спречиле да замине и да ја прифати Нобеловата награда за физика во 1962 година.[19]

Во 1965 година, поранешни студенти и соработници на Ландау го основале Ландауовиот институт за теориска физика, кој се наоѓал во градот Черноголовка во близина на Москва, раководен во наредните три децении од страна на Ајзак Маркович Калатников.

Во јуни 1965 година, Лав Ландау и Евсеј Либерман објавиле писмо во Њујорк тајмс , во кое се наведува дека како советски Евреи и се спротивставуваа на американската интервенција во име на Студентската борба на советските Евреи.[20]

Смрт[уреди | уреди извор]

Ландау починал на 1 април, 1968 година, на возраст од 60 години, од компликации од повредите здобиени во сообраќајната несреќа во која пострадал пред шест години. Тој бил погребан во Новодевичките гробишта.[21][22]

Наследство[уреди | уреди извор]

Две небесни тела се именувани во негова чест:

Списокот на Ландау[уреди | уреди извор]

Ландау чувал список на имињата на физичари кои тој ги рангирал на логаритамска скала на продуктивноста во опсег од 0 до 5.[24] Највисок пласман, 0, бил доделен на Исак Њутн. Алберт Ајнштајн бил рангиран 0.5. Ранг од 1, бил доделена на основоположниците на квантната механика, Нилс Бор, Вернер Хајзенберг, Пол Дирак и Ервин Шредингер, и други. Ландау се рангирал себеси како 2.5, но подоцна серангирал како 2. Дејвид Мермин, пишувајќи за Ландау, се осврна и на скалата, рангирајќи се на четврта дивизија, во статијата „Мојот живот со Ландау: Во чест од 4,5 до 2“ .[25][26]

Работа[уреди | уреди извор]

Ландау и Луфшиц курс за теориска физика [уреди | уреди извор]

Поврзано: Курс за теориска физика
  • L.D. Landau, Evgeny Lifshitz (1976). Mechanics. Vol. 1 (3rd издание). Butterworth–Heinemann. ISBN 978-0-7506-2896-9. 
  • L.D. Landau, E.M. Lifshitz (1975). The Classical Theory of Fields. Vol. 2 (4th издание). Butterworth–Heinemann. ISBN 978-0-7506-2768-9. 
  • L.D. Landau, E.M. Lifshitz (1977). Quantum Mechanics: Non-Relativistic Theory. Vol. 3 (3rd издание). Pergamon Press. ISBN 978-0-08-020940-1. 2nd ed. (1965) at archive.org
  • Vladimir Berestetskii, E.M. Lifshitz, Lev Pitaevskii| (1982). Quantum Electrodynamics. Vol. 4 (2nd издание). Butterworth–Heinemann. ISBN 978-0-7506-3371-0. 
  • L.D. Landau, E.M. Lifshitz (1980). Statistical Physics, Part 1. Vol. 5 (3rd издание). Butterworth–Heinemann. ISBN 978-0-7506-3372-7. 
  • L.D. Landau, E.M. Lifshitz (1987). Fluid Mechanics. Vol. 6 (2nd издание). Butterworth–Heinemann. ISBN 978-0-08-033933-7. 
  • L.D. Landau, E.M. Lifshitz (1986). Theory of Elasticity. Vol. 7 (3rd издание). Butterworth–Heinemann. ISBN 978-0-7506-2633-0. 
  • L.D. Landau, E.M. Lifshitz, L.P. Pitaevskii (1984). Electrodynamics of Continuous Media. Vol. 8 (1st издание). Butterworth–Heinemann. ISBN 978-0-7506-2634-7. 
  • L.P. Pitaevskii, E.M. Lifshitz (1980). Statistical Physics, Part 2. Vol. 9 (1st издание). Butterworth–Heinemann. ISBN 978-0-7506-2636-1. 
  • L.P. Pitaevskii, E.M. Lifshitz (1981). Physical Kinetics. Vol. 10 (1st издание). Pergamon Press. ISBN 978-0-7506-2635-4. 

Друго[уреди | уреди извор]

  • L.D. Landau, Aleksander Akhiezer, E.M. Lifshitz (1967). General Physics, Mechanics and Molecular Physics. Pergamon Press. ISBN 978-0-08-009106-8. 
  • L.D. Landau, A.I. Kitaigorodsky (1978). Physics for Everyone. Mir Publishers Moscow. 
  • L.D. Landau, Ya. Smorodinsky (2011). Lectures on Nuclear Theory. Dover Publications. 

Комплетна листа на работите на Ландау се појави во 1998 година, во рускиот весник физика-успех .[27]

Книги за Ландау[уреди | уреди извор]

Во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • Рускиот филм Мојот маж - гениј (неофицијален превод на Рускиот наслов Мой муж - гений ) снимен во 2008 ја раскажува биографијата на Ландау (кој го игра Данил Спиваковски), главно е фокусирана на неговиот приватен живот. Луѓе кои лично се сретнале со Ландау, вклучувајќи го познатиот руски научник Виталиј Гинзбург, рекол дека филмот не е само страшно нешто, но, исто така, лажен во историските факти.
  • Уште еден филм за Ландау, ДАУ , е во режија на Илја Кржановски со непрофесионален актер Теодор Куренцис (диригент е) како Ландау.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Schlüter, Michael and Lu Jeu Sham. Density functional theory. „Physics Today“ том  35: 36. doi:10.1063/1.2914933. Bibcode1982PhT....35b..36S. http://www.physicstoday.org/resource/1/phtoad/v35/i2/p36_s1. 
  2. Shifman, M., уред (2013). Under the Spell of Landau: When Theoretical Physics was Shaping Destinies. World Scientific. ISBN 978-981-4436-56-4. http://www.worldscientific.com/worldscibooks/10.1142/8641. 
  3. Martin Gilbert, The Jews in the Twentieth Century: An Illustrated History, Schocken Books, 2001, ISBN 0805241906 p. 284
  4. Frontiers of physics: proceedings of the Landau Memorial Conference, Tel Aviv, Israel, 6–10 June 1988, (Pergamon Press, 1990) ISBN 0080369391 pp. 13–14
  5. Edward Teller, Memoirs: A Twentieth Century Journey In Science And Politics, Basic Books 2002, ISBN 0738207780 p. 124
  6. http://www.kipt.kharkov.ua
  7. http://www.univer.kharkov.ua
  8. http://www.kpi.kharkov.ua
  9. Blundell, Stephen J. (2009). Superconductivity: A Very Short Introduction. Oxford U. Press. стр. 67. http://books.google.com/books?id=GxUWMrm4dxsC&pg=PA67. 
  10. Ioffe, Boris L. (25 April 2002). „Landau's Theoretical Minimum, Landau's Seminar, ITEP in the beginning of the 1950's“. arxiv.org. 
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 Gennady Gorelik, Scientific American 1997, The Top Secret Life of Lev Landau
  12. Музей-кабинет Петра Леонидовича Капицы (Peter Kapitza Memorial Museum-Study), Академик Капица: Биографический очерк (a biographical sketch of Academician Kapitza).
  13. Richard Rhodes, Dark Sun: The Making of the Hydrogen Bomb, pub Simon & Schuster, 1995, ISBN 0684824140 p. 33.
  14. Petr Leonidovich Kapitsa, Experiment, Theory, Practice: Articles and Addresses, Springer, 1980, ISBN 9027710619, p. 329.
  15. Грешка во шаблонот: потребен е наслов на аргументот.
  16. Henry F. Schaefer (2003). Science and Christianity: Conflict Or Coherence?. The Apollos Trust. стр. 9. ISBN 9780974297507. „I present here two examples of notable atheists. The first is Lev Landau, the most brilliant Soviet physicist of the twentieth century.“ 
  17. „Lev Landau“. Soylent Communications. 2012. конс. 7 May 2013. 
  18. Alexander Dorozynsk (1965). The Man They Wouldn't Let Die. 
  19. Nobel Presentation speech by Professor I. Waller, member of the Swedish Academy of Sciences. Nobelprize.org. Retrieved on 2012-01-28.
  20. Yaacov Ro'i, The Struggle for Soviet Jewish Emigration, 1948–1967, Cambridge University Press 2003, ISBN 0521522447 p. 199
  21. „Lev Davidovich Landau“. Find a Grave. конс. 2012-01-28. 
  22. Obelisk at the Novodevichye Cemetery. novodevichye.com (2008-10-26). Retrieved on 2012-01-28.
  23. Lutz D. Schmadel (2003). Dictionary of Minor Planet Names (5th издание). Springer Verlag. стр. 174. ISBN 3-540-00238-3. http://books.google.com/books?q=2141+Simferopol+1970. 
  24. Einstein's Mirror By Anthony J. G. Hey, Patrick Walters. Page 1.
  25. Tony Hey (1997). Einstein's Mirror. стр. 1. ISBN 0-521-43532-3. 
  26. Asoke Mitra; Ramlo, Susan; Dharamsi, Amin; Mitra, Asoke; Dolan, Richard; Smolin, Lee. New Einsteins Need Positive Environment, Independent Spirit. „Physics Today“ том  59 (11): 10. doi:10.1063/1.2435630. Bibcode2006PhT....59k..10H. 
  27. Complete list of L D Landau's works. „Phys. Usp.“ том  41: 621–623. јуни 1998 г. doi:10.1070/PU1998v041n06ABEH000413. Bibcode1998PhyU...41..621.. http://ufn.ru/en/articles/1998/6/k/references.html. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]