Баку (азерски: Bakı; персиски: بادکوبه/Бадкубeх[5][6]) — главен град на Азербејџан. Се наоѓа на јужниот брег на Апшеронскиот Полуостров. Современото Баку се состои од три дела: Стариот Град (İçəri Şəhər), најнапредниот стопанскиот дел од градот и делот изграден од советските власти. Според пописот од 2012 г., Баку има 3.202.300 жители[7]. Околу 3 милиони жители живеат во околната област.
Обликот на градот е правоаголен, а само во најстариот дел од градот, зад ѕидините од тврдината улиците се криви и тесни. Најнапредниот дел од градот се наоѓа јужно од стариот град. Изграден е огромната експлоатација на нафта која започнала пред околу еден век и има интересна уметничка архитектура.
Денес Баку се протега и надвор од ѕидините на стариот град. Овој град е поделен на 11 области: Азизбајов, Бинагади, Гарадах, Нариманов, Насими, Низами, Сабаил, Сабунчу, Катај, Суракани и Јасамал.
Во текот на XX век, етничката структура на градот значително се изменила како последица на нафтениот бум кон крајот на XIX век кој условил голем прилив на населението од околните земји, а потоа во текот на војната со Ерменците со повод на Нагорно-Карабах.
Аеродромот „Хајдар Алиев“ го опслужува Баку, а за време на СССР во Баку е изградено и метро. Моментално тој има две линии со вкупна должина од околу 30,2 км и 21 станица. Останатите видови на јавен превоз слабо функционираат. Превозот најмногу се одвива со минибус, кој како и во другите делови на поранешниот СССР се нарекува маршутка. Тие застануваат и каде и да им мавне патникот покрај патот, а во Баку постојат и некои тролејбуски линии.