Административна поделба на Азербејџан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на административните единици во Азербејџан. Единиците на ексклавата Нахичеван ќе ги најдете подолу.

Азербејџан административно се дели на следниве единици:

Овој список се однесува на главниот дел на земјата. Окрузите во автономната република Нахичеван се наведени во вториот дел, со свои броеви. Некои окрузи се наоѓаат целосно или делумно во самопрогласената република Нагорно Карабах, која на картата е означена со зелено. Таквите се укажани во белешките на списокот.

Окрузите потоа се делат на општини.

Список на окрузи и градови[уреди | уреди извор]

Главен дел[уреди | уреди извор]

Бр. на картата Админ. единица Азербејџански Админ. центар Површина[1]
(км²)
Население[1]
(2011)
Регион Белешки
1 Апшерон Abşeron Хирдалан 1.360 192.900 Апшерон Опфаќа ексклава во Баку
2 Агџабеди Ağcabədi Агџабеди 1.760 124.000 Аран
3 Агдам Ağdam Агдам 1.150 180.600 Горен Карабах
4 Агдаш Ağdaş Агдаш 1.050 100.600 Аран
5 Агстафа Ağstafa Агстафа 1.500 81.400 Ганџа-Казах
6 Агсу Ağsu Агсу 1.020 72.100 Планински Ширван
7 Ширван (град) Şirvan 30 78.700 Аран Наречен „Ели Бајрамли“ до 2008 г.
8 Астара Astara Астара 620 98.300 Ленкеран
9 Баку (град) Bakı 2.130 2.092.400 Апшерон Опфаќа 11 окрузи
10 Балакен Balakən Балакен 920 91.100 Шеки-Закатала
11 Берде Bərdə Берде 960 143.900 Аран
12 Бејлеган Beyləqan Бејлеган 1.130 87.900 Аран
13 Биљасувар Biləsuvar Биљасувар 1.400 90.300 Аран
14 Џебраил Cəbrayıl Џебраил 1.050 72.700 Горен Карабах
15 Џелилабад Cəlilabad Џелилабад 1.440 196.500 Ленкеран
16 Дашкесен Daşkəsən Дашкесен 1.050 33.200 Ганџа-Казах
17 Шабран Şabran Шабран 1.090 53.000 Куба-Хачмаз Наречен „Девечи“ до 2010 г.
18 Физули Füzuli Физули 1.390 118.900 Горен Карабах
19 Гедебеј Gədəbəy Гедебеј 1.290 95.000 Ганџа-Казах Се граничи со ексклава на Ерменија
20 Ганџа (град) Gəncə 110 316.300 Ганџа-Казах
21 Горанбој Goranboy Горанбој 1.760 96.200 Ганџа-Казах
22 Ѓојчај Göyçay Ѓојчај 740 111.100 Аран
23 Аџикабул Hacıqabul Казимемед 1.640 67.300 Аран
24 Имишли İmişli Имишли 1.820 116.600 Аран
25 Исмаили İsmayıllı Исмаили 2.060 80.900 Планински Ширван
26 Келбеџер Kəlbəcər Келбеџер 3.050 83.200 Келбеџер-Лачин Источниот дел е дефакто делумно во Нагорно-Карабах
27 Ќурдемир Kürdəmir Ќурдемир 1.630 105.700 Аран
28 Лачин Laçın Лачин 1.840 70.900 Келбеџер-Лачин
29 Ленкеран Lənkəran Ленкеран 1.540 209.900 Ленкеран
30 Ленкеран (град) Lənkəran 70 Ленкеран
31 Лерик Lerik Лерик 1.080 76.400 Ленкеран
32 Масали Masallı Масали 720 202.500 Ленкеран
33 Мингечевир (град) Mingəçevir 130 97.800 Аран
34 Нафталан (град) Naftalan 30 9.100 Ганџа-Казах
35 Нефтчала Neftçala Нефтчала 1.450 81.300 Аран
36 Огуз Oğuz Огуз 1.220 40.900 Шеки-Закатала
37 Кабала Qəbələ Кабала 1.550 95.600 Шеки-Закатала
38 Ках Qax Ках 1.490 53.900 Шеки-Закатала
39 Казах Qazax Казах 700 90.800 Ганџа-Казах Опфаќа две ексклави во Ерменија
40 Гобустан Gobustan Гобустан 1.370 41.100 Планински Ширван
41 Куба Quba Куба 2.580 155.600 Куба-Хачмаз
42 Кубадли Qubadlı Кубадли 800 36.700 Келбеџер-Лачин
43 Кусар Qusar Кусар 1.540 89.300 Куба-Хачмаз
44 Саатли Saatlı Саатли 1.180 95.100 Аран
45 Сабирабад Sabirabad Сабирабад 1.470 155.400 Аран
46 Шеки Şəki Шеки 2.430 173.500 Шеки-Закатала
47 Шеки (град) Şəki Шеки-Закатала
48 Саљан Salyan Саљан 1.790 124.900 Аран
49 Шамахи Şamaxı Шамахи 1.610 93.700 Планински Ширван
50 Шемкир Şəmkir Шемкир 1.660 196.100 Ганџа-Казах
51 Самух Samux Самух 1.450 54.600 Ганџа-Казах
52 Сијезен Siyəzən Сијезен 700 38.400 Куба-Хачмаз
53 Сумгаир (град) Sumqayıt 80 314.800 Апшерон
54 Шуша Şuşa Шуша 290 29.700 Горен Карабах Дефакто дел од Нагорно-Карабах
55 Шуша (град) Şuşa Горен Карабах Дефакто дел од Нагорно-Карабах
56 Тертер Tərtər Тертер 960 98.400 Горен Карабах Западниот дел е дефакто делумно во Нагорно-Карабах
57 Товуз Tovuz Товуз 1.900 160.700 Ганџа-Казах Се граничи со ексклава на Ерменија
58 Уџар Ucar Уџар 850 79.800 Аран
59 Хачмаз Xaçmaz Хачмаз 1.050 162.100 Куба-Хачмаз
60 Хенкеди (град) Xankəndi 8 55.200 Горен Карабах Дефакто главен град на Нагорно-Карабах под името Степанакерт
61 Ѓојѓол Göygöl Ѓојѓол 1.030 58.300 Ганџа-Казах Порано наречен „Ханлар“
62 Хизи Xızı Хизи 1.850 14.700 Апшерон
63 Хоџали Xocalı Хоџали 940 26.500 Горен Карабах Дефакто дел од Нагорно-Карабах
64 Хоџавенд Xocavənd Хоџавенд 1.460 42.100 Горен Карабах Дефакто дел од Нагорно-Карабах
65 Јардимли Yardımlı Јардимли 670 59.600 Ленкеран
66 Јевлах Yevlax Јевлах 1.540 119.600 Аран
67 Јевлах (град) Yevlax Аран
68 Зенгилан Zəngilan Зенгилан 710 40.500 Келбеџер-Лачин
69 Закатала Zaqatala Закатала 1.350 120.300 Шеки-Закатала
70 Зердаб Zərdab Зердаб 860 54.000 Аран
Вкупно 81.100 8.700.600

Територијата на Нагорно-Карабах денеска е составена од делови на азербејџанскиот округ Хоџавенд, западниот дел од Тертер, Горанбој, Шуша и источниот дел од Келбеџер. Во времето на СССР се нарекувала Нагорнокарабашка автономна област, но на 26 ноември 1991 г., Собранието на Азербејџанската ССР ја одзело автономијата. По ова, дотогашната област е поделена на окрузи, но најголемиот дел останал под управа на ерманските сили на Нагорно-Карабах и Ерменија[2] по Нагорнокарабашкиот конфликт.

Нахичеван[уреди | уреди извор]

Административнице единици во Нахичеван.

АР Нахичеван има седум окрузи.

Бр. на картата Админ. единица Азербејџански Админ. центар Површина[1]
(км²)
Население[1]
(2011)
Белешки
1 Бабек Babək Бабек 900 65.100 Порано наречен „Нахичеван“; преименуван во 1991 г. во чест на револуционерот Бабек Хорамидин (798/800-838)
2 Џулфа Culfa Џулфа 1.000 42.600
3 Кенгерли Kəngərli Киврак 680 28.600 Отцепен од Бабек во 2004 г.
4 Нахичеван (град) Naxçıvan 130 84.700 Отцепен од Нахичеван (округ Бабек) во 1991 г.
5 Ордубад Ordubad Ордубад 970 46.100 Отцепен од Џулфа со советизацијата[3]
6 Седерек Sədərək Седерек 150 14.400 Отцепен од Шерур во 1990 г.; ја опфаќа ексклавата Керки во Ерменија
7 Шахбуз Şahbuz Шахбуз 920 23.200 Отцепен од Нахичеван (Бабек) со советизацијата[3]
8 Шерур Şərur Шерур 810 105.400 Порано наречен „Баш-Норашен“, а во советско време до 1990 г. го носел името „Илич“ (во чест на Владимир Илич Ленин)[3]
Вкупно 5.560 410.100

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 "Territories, number, density of population and territorial units by economic and administrative regions of Azerbaijan Republic", The State Statistical Committee of the Republic of Azerbaijan.
  2. The CIA World Factbook
  3. 3,0 3,1 3,2 Hewsen, Robert H. (2001). Armenia: A Historical Atlas. University of Chicago Press.