Пламени кули

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пламени кули
Alov qüllələri
Flame Towers in 2015.jpg
Пламените кули во 2015 г.
Општи податоци
СтатусЗавршена
Типделовна, станбена, хотел, трговски центар
Стилвисококатница, стакло
МестоБаку, Азербејџан
Почнатаоктомври 2007
Отворена2013
Трошок за изградба350 млн. долари
СопственикАзинко дивелопмент ММК
Висина
Покрив182 м — I кула[1]
165 м — II кула[2]
161 м — III кула[3]
Технички податоци
Катови33/30/28
Проектирање и изградба
АрхитектХелмут, Обата и Касбаум
СтатичарБалкар Мухендислик
Главен изведувачДИА Холдинг Азербејџан

Пламени кули (азерски: Alov qüllələri, англиски: Flame Towers) — група облакодери во Баку, Азербејџан и највисоко здание во градот со 190 м. Се состои од станови, хотел и деловни простории. Изградбата чинела околу 350 милиони долари, започнала во 2007, а завршила во 2012 г.[4] Архитект на проектот е ателјето „Хелмут, Обата и Касбаум“, под раководство на работите во „ДИА Холдинг“, а како изведувач се јавиле „Хил интернешанал“.[5]

Комплексот се состои од три кули: Јужна, Источна и Западна. Фасадите воедно имаат улога на џиновски приказници опремени со преку 10.000 силни расветни тела со светлечки диоди.

Во јуни 2014 г. во приземните простории на комплексот е отворен автосалон на „Ламборгини“.

Осветлување[уреди | уреди извор]

Кулите обично се осветлени со посебен приказ на пламени видливи и од најдалечните делови на градот.[6]Сета инсталација на кулите се управува од графички сметачки погон. Воедно, во пригодни прилики на фасадата се прикажуваат и други анимации и графика, како на пр. по повод Евровизија 2012.[7]

Признанија[уреди | уреди извор]

Пламениот приказ на зградите е прогласен за најдобро фасадно осветлување од влијателниот портал SkyscraperCity.[8]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 40°21′34″N 49°49′36″E / 40.35944° СГШ; 49.82667° ИГД / 40.35944; 49.82667