Анкара

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Анкара

Анкара (турски Ankara, во византискиот период, латински Ancyra во римскиот, до 1930 година познат под името Ангора, а во древноста и како Анкира) е главниот град на Турција и вториот по големина град во државата по Истанбул.

Градот брои 5 153 000 жители.

Историја[уреди]

Градот е основан во 7 век пр. н. е. Стариот дел на градот има типичен средновековен вид. Во 14 век градот подпаднува под власта на османските турци.

Градот Ангора од 1919 година е седиште на народната влада на Мустафа Кемал Ататурк, кој започнал борба за ослободување на турските територии од османлиска власт. Во 1923 година Кемал паша ја прогласил Ангора за главен град на Турција, а 1930 година градот го променил и своето име во Анкара.

Географија[уреди]

Анкара се наоѓа во Централна Анадолија на 938 метри надморска височина.[1] Анкара има континентална клима. Летата се топли и сушни а зимите снежни и студени. Во околината на овој град се наоѓаат градовите: Џанкири и Нолу на север, Ескишехир на запад, Конија и Аксарај на југ и Крккале и Киршехир на југ. Градот со сите други места е поврзан по пат на современи автопатишта а таму се наоѓа и големиот анкарски интернационален аеродром. Градот се состои од северен дел кој е зачуван и датира уште од средниот век. На јужната страна од градот пак се наоѓа помодерната архитектура од денешно време, дел кој е подигнат по 1923 година.

Координати: 39° 55' С, 32° 51' И.

Знаменитости[уреди]

Аниткабир – мавзолеј на Ататурк, таткото на модерна Турција. Во склопот на мавзолеот се наоѓа и восочната фигура на Кемал, неговите списанија, писма, лични работи со кои се служел во текот на животот, фотографии и слично

Етнографски музеј – се наоѓа до зградата на операта Улус. Овој музеј содржи колекции од народни носии од времето на отоманската и селџучката епоха

Музеј на анадолската цивилизација – се наоѓа на влезот во дворецот Анкара

Музеј на ликовните и вајарските уметности- во кој се наоѓаат многу турски колекции од 19 век па се до денес


Збратимени градови[уреди]

Наводи[уреди]