Нагорно-Карабах

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Арцах)
Нагорно-Карабах
Լեռնային Ղարաբաղ  (ерменски)

Нагорный Карабах  (руски)

Знаме Грб
Химна
Слободен и независен Арцах

територии контролирани од Нагорно-Карабах (темнозелена) територии контролирани од Азербејџан (светлозелена)

територии контролирани од Нагорно-Карабах (темнозелена)

територии контролирани од Азербејџан (светлозелена)

територии контролирани од Нагорно-Карабах (темнозелена)

територии контролирани од Азербејџан (светлозелена)

Главен град
(и најголем)
Степанакерт
39°52′N 46°43′E / 39.867° СГШ; 46.717° ИГД / 39.867; 46.717
Службен јазик ерменски, руски
Народности  над 99,7% Ерменци

0,2% Руси

0,1% други
Уредување унитарна претседателска република
 •  Претседател Самвел Шахраманајан
 •  Државен министер Артур Харутјуњан
Независност од Азербејџан 
 •  Референдум 10 декември 1991 
 •  Прогласена 6 јануари 1992 
 •  Признавање непризната 
Површина
 •  Вкупна 4,400 км2 
Население
 •  проценка за март 2021 г. 120,000 
 •  Попис 2015 150,932 
БДП (ПКМ) проценка за  г.
 •  Вкупен 713 млн. долари 
 •  По жител 4,803 долари 
Валута Арцахски драм, Ерменски драм (AMD)
Часовен појас AMT (UTC+4)
Се вози на десно
НДД .am
Повик. бр. +374 47

Горен Карабах или Нагорно-Карабах, (ерменски: Լեռնային Ղարաբաղ Հանրապետություն, Lernayin Gharabaghi Hanrapetut’yun) (руски: Нагорный Карабах) познат и како Република Арцах - поранешна де факто независна република во Јужниот Кавказ, официјално дел од Република Азербејџан, околу 270 км западно од азербејџанскиот главен град Баку, и многу блиска до границата со Ерменија. Поради Азербејџанската Офанзива, Нагорно-Карабах официјално прекинува да постои на 01.01.2024 со потпишувањето на указот од страна на претседателот на Нагорно-Карабах. [1][2]

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Регионот е познат по повеќе имиња: рускиот назив е Нагорни Карабах и тој потекнува од советскиот период ("нагорни" означува висок или планински на руски), ерменскиот назив е Арцах (историска област што приближно соодветствува со денешниот регион), додека пак азербејџанскиот назив е Карабах (кој означува Црна градина, од турското кара = црна и персиското бах = градина).

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1923, Советскиот Сојуз го инкорпорирал регионот кој е претежно населен со Ерменци во Азербејџанската ССР и го именувал како Нагорнокарабашка Автономна Област (НКАО). На 10 декември 1991, како што Советскиот Сојуз се распаѓал, во НКАО и во соседниот округ Шахумијан бил одржан референдум на кој била прогласена независност од Азербејџан како Нагорнокарабашка Република (НКР), која не е призната од ниту една меѓународна организација или држава, вклучувајќи ја и Ерменија.

Во последните години на распаѓањето на Советскиот Сојуз, регионот станал причина за спор помеѓу Ерменија и Азербејџан, кулминирајќи со војната во Нагорно-Карабах. По примирјето постигнато со руска помош на 12 мај 1994, најголемиот дел од Нагорно-Карабах и неколку региони на Азербејџан околу него се под контрола на војската на Ерменија, а НКР се здобива и со де факто посебна влада. Од тогаш, страните водат мировни разговори со посредство на ОБСЕ Групата Минск.

Население, јазик и религија[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Во Нагорно-Карабах живеат околу 120,000 жители од кои околу 99,7% се Ерменци. Околу 0,2% се Руси и околу 0,1% други.

Јазик[уреди | уреди извор]

Поради тоа што регионот е претежно населен со Ерменци, во Нагорно-Карабах воглавно се говори ерменски. Официјални јазици се ерменски и руски. Азербејџанскиот пак, ретко се зборува.

Религија[уреди | уреди извор]

Верници во Нагорно Карабах
Ерменска Православна Црква
  
94,5 %
Методисти
  
0,37 %
Јеховни Сведоци
  
0,23 %
Руска православна црква
  
0,13 %
Атеисти
  
4,13 %
Без религија
  
0,41 %
Други
  
1,08 %

Популацијата на Нагорно-Карабах главно има христијанска вера (околу 94,18% од населението). Околу 0,37% се Методисти, додека пак 0,23% се Јеховни Сведоци. Остатокот главно се без религија. Околу 94,5% се застапници на ерменската православна црква, додека пак 0,13% се застапници на руската православна црква во Нагорно-Карабах.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „https://www.leprogres.fr/“. Надворешна врска во |title= (help)
  2. „https://www.msn.com“. Надворешна врска во |title= (help)