Унитарна држава

Од Википедија — слободната енциклопедија
  Унитарни држави

Проста или унитарна држава — онаа држава во која власта е по правило центристички ориентирана и е составена од административно-територијални единици кои се потчинети на централните органи, и не располагаат со суверена власт. Основните одлики се: Единствен устав и единствен законодавен дом. Единствена централна власт, единиците на локалната самоуправа не се суверени, туку потчинети на централната власт, на државен план меѓународната политика ја води централната власт, постојат единствени вооружени сили, единствен судски систем, единствен економски систем и валута.