Катар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Држава Катар
دولة قطر
Dawlat Qaṭar
Знаме
Химнаالسلام الأميري
(арапски: „Мир за Емирот“
Главен град
(и најголем)
Доха
25°18′ СГШ 51°31′ ИГД / 
Службен јазик арапски
Демоним Катарец
Уредување Апсолутна монархија
 -  Емир Хамад бин Халифа ал Тани
 -  Принц-престолонаследник Тамим бин Хамад ал Тани
 -  Премиер Хамад бин Џасим бин Џабер ал Тани
Законодавство Советодавно собрание на Катар
Основање
 -  Основан од шеикот Џасим бин Мохамед ал Тани 18 декември 1878 
 -  Независност од Отоманската Империја 1913 
 -  Независност од Обединетото Кралство 3 септември 1971 
Површина
 -  Вкупна 11.437 км2 (164-та)
 -  Вода (%) незначително
Население
 -  Попис 2010 1,696,563[1] (148-ма)
 -  Густина 123.2 жит/км2 (123-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2010
 -  Вкупен $150.550 милијарди[2] 
 -  По жител $88,558[2] 
БДП (номинален) проценка за 2010
 -  Вкупно $129.485 милијарди[2] 
 -  По жител $76,167[2] 
ИЧР (2010) 0.803[3] (многу висок) (38th)
Валута Катарски ријал (QAR)
Часовен појас AST (UTC+3)
 -  (ЛСВ) н/п (UTC+3)
Се вози на десно
НДД .qa, قطر.
Повик. бр. 974

Катар (арапски: قطر‎), или официјално Држава Катар (دولة قطر), е држава во Југозападна Азија. Се наоѓа на полуостровот Катар. Главен град е Доха. Го опфаќа малиот полуостров на западниот брег на Персискиот залив и неколку соседни островчиња. На југ се граничи со Саудиска Арабија, а на запад по море се граничи со Бахреин. По државно уредување е апсолутна монархија - емират.

Во последните 150-ина години, во политиката на Катар доминира семејството Ал-Тани, од коешто потекнува и сегашниот емир. По крајот на британскиот протекторат во 1971, земјата не се приклучува во Обединетите Арапски Емирати, одбирајќи целосна независност.

Најзастапена религија е исламот. Јазикот на мнозинството од населението е арапскиот, односно неговиот локален дијалект. Голем број од жителите се странски државјани на работа во индустријата на нафта и на земен гас.

Со нафтената индустрија доминира доминира владата. Приходите од продажбата на нафта овозможија подобрување на животниот стандард и воведување на социјална држава, слична на оние во Европа. Во 2003, БДП по семејство бил 21 500 американски долари.

Катар е седиште на познатата арапска телевизија Ал-Џезира. Во последно време, земјата забрзано се демократизира. Локални избори првпат се спроведени во 1999, а собраниски избори во 2005.

Етимологија[уреди]

Според одредени историски извори, името на државата доаѓа од името на античкиот град „Катара“ или Катари, важен трговски град. Зборот Катар, за прв пат се појавил на птоломејска карта за Арапскиот полуостров.

Во стандардниот арапски јазик името се изговара како [ˈqɑtˁɑr], додека локално името се изговара како [giṭar].

Историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Катар.
Тврдината Зубара.

Скорешни археолошки истражувања укажуваат дека на работ на островот на запад од Катар имало човечки живот во праисторијата. Во текот на ископините, откриен е антички град од 6 милениум п.н.е. именуван како Шагра. На северо-исток од земјата се ископани исто така важни археолошки пронајдоци за животот на Катар во праисторијата.

Исламот се проширил на целиот Арапски полуостров во 7 век, отфрлајќи ги старите верувања.

После вековна отоманска и британска доминација, Катар станал независна држава на 3 септември 1971, но како ден на слободата во Катар се слави 18 декември.

Географија и клима[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Катар.
Пустински пејзаж во Катар.

Катарскиот полуостров е долг 161 километар. Поголемиот дел од земјата е покриена со песок и со ниски треви. На југот од земјата се наоѓа Хор ал Адаид или во превод „внатрешно море“- територија со дини.

Највисоката точка на Катар е Кураин Абу ал Бавл со 103 метри надморска височина и се наоѓа на запад од земјата.

Политички систем[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политики на Катар.

Политичкиот систем на Катар е апсолутна монархија, каде Емирот на Катар е шеф на државата и претседател на владата.

Емир Премиер
Хамад бил Халифа Хамад ибн Џабер ал Тани
од 27 јуни 1995 3 април 2007

Право на религиска определба[уреди]

Владата на Катар ги користи сунитските закони како основа за криминалните и граѓанските регулативи. Во државата се почитува одредена религиска толеранција. Странските граѓани имаат право да се поистоветуваат со други религии освен Исламот, како на пример Христијанството, Хиндуизмот, Сикизмот или Будизмот, сè додека тие не се приватни работи и не го нарушуваат „јавниот ред“ и „морал“. Во март 2008 година црквата „Нашата дама од Розари“ била осветена во Доха. Сепак, таму не биле дозволени мисионери, не се дозволиле ѕвона, крстови и останати христијански симболи на објекот.

Рамазански пости[уреди]

Јадење и пиење на јавни места за време на светиот муслимански месец Рамазан се казнува со закон во Катар и најчесто следува притвор.

Алкохол и храна[уреди]

Конзумирањето алкохол во Катар е дозволено но со голем број ограничувања. Луксузните хотели и ноќни клубови може да продаваат алкохол на возрасни лица кои не се Муслимани. Конзумацијата и поседувањето алкохол надвор од наведените места не е легално, освен во приватни простории каде лица кои не се Муслимани имаа стекнато дозвола за истото од Катарската дистрибутивна компанија. На јавните места не смее да се има алкохол, освен кога се пренесува од едно место до друго, но и тпогаш треба да се има дозвола. Со закон се казнува возење во пијана состојба, понудување алкохол на малолетен или Муслиман и пиење на јавно место. Исто така во државата не е дозволен увоз на свинско месо и нема продажба на свински производи, поради исламските вредности.

Сексуална ориентација[уреди]

Кон хомосексуалноста во Катар се гледа негативно и општеството и јавноста не ги одобрува. Аналниот секс во државата се смета за нелегален и може да доведе до казна затвор од пет години. Сексуалната ориентација и половите идентитети не се дел од ниту еден граѓански закон за човекови права и во државата не се признати истополовите бракови, граѓанските сојузи или домашните партнерства.

Административна поделба[уреди]

Карта на општините во Катар

Катар се дели на 7 општини почнувајќи од 2004 г.[4] Со реформите е создадена новата општина Дајен[5] од делови на Ум Салал и Хор. Гуварија е споена со Хор, Џумалија со Рајан; Џарајан ел-Батна е поделен помеѓу Рајан и Вакра, а Месајид е споен со Вакра.

За статистички цели, општините се делат на the municipalities на 87 зони, кои пак понатаму се поделени на блокови[6].


Општина Админ. центар Површина
(км²)
Население
(2010)
Густина
(жит./км²)
ISO
Доха Доха 234 796.947 3.405,76 QA-DA
Дајен Дајен 236 43.176 182,95 QA-ZA
Хор Хор 1.551 193.983 125,07 QA-KH
Вакра Вакра 2.520 141.222 56,04 QA-WA
Рајан Рајан 5.818 455.623 78,31 QA-RA
Шамал Руајс 902 7.975 8,84 QA-MS
Ум Салал Ум Салал 310 60.509 195,19 QA-US
Вкупно 11.571 1.699.435 146,87

Економија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Катар.

Пред да се открие нафтата, економијата на Катар се фокусирала на риболов и производство на бисери. По појавувањето на јапонските бисери, овој бизнис во Катар пропаднал. Во 1940-те се открила нафтата и тоа било проследено со реконструкција на економијата која се базирала на нафтата. Денес, Катар има висок стандард на живеење и една од најбогатите земји во светот.

Население, јазик и религија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Катар.

Религија[уреди]

Исламот е доминантна религија во Катар со околу 77.5% од населението. Од муслиманското население, сунити се околу 98%. Останатиот процент од населението се христијани, шиити, хиндуси и будисти. Хиндусите се скоро сите од Индија, додека будистите се од јужна, југоисточна и источна Азија.

Население[уреди]

Податотека:Doha Sheraton.jpg
Доха, главниот град.

Поголемиот дел од населението се етнички арапи. Покрај арапите, има и население од останати националности кои мигрирале во Катар за да работаат во нафтената индустрија. Арапскиот јазик е официјален јазик, но англискиот е исто така многу зборуван во Катар. Покрај овие два јазика во Катар се зборуваат и хинди јазик, пашто, малајалам, урду и други.

Година Население
1908 26.000 - 27.000[7]
1939 28.000[7]
доцни 1960-ти 70.000[8]
1986 369.079
1997 522.023[9]
2000 744.483
2001 769.152
2002 793.341
2003 817.052
2004 840.290
2005 863.051
2006 885.359
2007 907.229

Населението во Катар денес е околу 1.650.000.[7][10][11][12]

Култура[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Катар.

Катарската култура е многу слична со културата на останатите арапски земји во тој регион. Арапските племиња од Саудиска Арабија мигрирале во Катар и поради тоа културата е слична со околните држави.


Наводи[уреди]

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]