Распостранетоста на малајалскиот во Индија (со црвено)
Малајалски јазик или малајалам — дравидски јазик што го зборуваат повеќе од 36 милиони луѓе, главно во индиската држава Керала, Тесно е поврзан со тамилскиот јазик, од кој се смета дека се одвоил околу X век. најраниот книжевен писмен текст напишан на јазикот датира од XIII век. Како и другите главни дравидски јазици, малајалскиот има голем број регионални дијалекти, социолекти што ги одразуваат разликите во кастата (општествена класа) и религијата и изразените разлики во формалната и неформалната примена. Се верува дека писменоста на луѓето што го зборуваат е поголема од писменоста на луѓето што зборуваат на кој било друг индиски јазик.[1]