Прејди на содржината

Тода (јазик)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тода
தோதா (тōтā)
Застапен воИндија
ПодрачјеНилгирски Ридови
Говорници1.100[1]  
Јазично семејство
дравидско
Јазични кодови
ISO 639-3tcx
Индско писмо
Индско писмо
Оваа страница содржи индски текст. Без соодветна поддршка самогласките може да се прикажуваат на неправилни места, а зборовите може да бидат без сврзници. Повеќе...

Тода (தோதா) е дравидски јазик познат по големиот број на струјни и трепетни согласки. Ова е матичен јазик на народот Тода (~ 1.000 жит.) што живее во Нилгирските Ридови во јужна Индија.

Самогласки

[уреди | уреди извор]

Јазикот има шеснаесет самогласки, што е необично многу за дравидски јазик. Постојат осум вида на самогласки, секоја во долга и кратка варијанта. Разликата во самиот глас помеѓу кратките и долгите е мошне мала, освен кај /e/, што се јавува како [e] кога е кратка, а како [æː] кога е долга.

Предни Средни Задни
НЗ З НЗ З НЗ З
Затворени i y ɨ u
Средни e ɵ o
Отворени æː ɑ

Согласки

[уреди | уреди извор]

Јазикот тода има необичен број на струјни и трепетни согласки. Има дури седум места на творба - највеќе од сите дравидски јазици. Безвучните странични согласки се вистински струјни гласови, а не безвучни приближни согласки. Крајно необична е свиената странична согласка.

Безвучните струјни согласки алофонски се озвучуваат меѓусамогласно. (Постојат и неменливо звучни струјни согласки ʒ, ʐ, ɣ, но тие се маргинални) Носните гласови и /r̠, ɽ͡r, j/ алофонски се обезвучуваат или делумно обезвучуваат во крајна положба или кога стојат до безвучни согласки.

  Уснени Забно-
венечни
Врвнојазични венечни Врвнојазични венечни
(вдлабнати, т.н. „свиени“)
Рамнојазични задновенечни
(преднонепчено-венечни)
Подјазични преднонепчени
(свиени)
Среднојазични преднонепчени Заднонепчени
Прости Шушкави Странични Прости Омекнати Прости Омекнати Прости Омекнати Странични
Носни m ɳ
Избувни и
слеани
Безвучни p ts̪ t̻ʃ ʈ k
Звучни b dz̪ d̻ʒ ɖ ɡ
Струјни Безвучни f θ ɬ̪ ʃ ʂ (ɬ̢) x
Звучни ʒ ʐ (ɣ)
Трепетни r̘ʲ r̠ʲ ɽ͡r ɽ͡rʲ
Странични ɭ
Приближни j w

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Ethnologue (2009). „Тода“. Ethnologue: Јазици во светот (16th. изд.). Ethnologue. Архивирано од изворникот на 2012-09-25. Посетено на 2012-07-20. Text "Тода: јазик во Индија" ignored (help) (англиски)

Библиографија

[уреди | уреди извор]
  • Emeneau, Murray B. 1984. Toda Grammar and Texts. American Philosophical Society, Memoirs Series, 155. Philadelphia: American Philosophical Society.
  • Siniša Spajić, Peter Ladefoged, P. Bhaskararao, 1994. "The rhotics of Toda". In UCLA Working Papers in Phonetics 87: Fieldwork Studies of Targeted Languages II.