Палатализација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Палатализација
◌ʲ
МФА-бр. 421
Шифрирање
Единица (дек.) ʲ
Уникод (хекс.) U+02B2

 

Палатализацијата, (омекнување, палатизација) е јазичен поим со кој се опфаќаат два различни процеси кога еден глас, најчесто согласка, се изговара така што јазикот е во близина на непцето.

Во фонетиката, „палатизирана согласка“ е согласка која се изговата со палатална (непчена) споредна творба. Ова значи дека согласката е проследена од еден призвук кој е сличен на гласот /j/. Ова е видливо, на пример, во полскиот збор „kiedy“, каде буквата „к“ е проследена од гласот „ј“. Во македонскиот оваа палатизација може да се сретне кај странски зборови, како на пример во името „Кјото“.

Другиот начин на палатизација е од интерес за историската лингвистика и често се нарекува гласовна промена. При овој вид на палатизација, местото на создавање на согласките се поместува или придвижува кон непцето, т.е. палатално. Оваа промена е како резултат на присуството на гласот /j/ или самогласка по согласката. Такви се буквите „ќ“ или „ѓ“ во македонскиот.

Палатизацијата од двата вида е распространета низ јазиците во светот, но изразувањето и терминологијата на истата е различа. Така на пример, во словенските јазици, гласовите од палатизацијата од првиот вид се нарекуваат „меки согласки“, а гласовите од палатизацијата од вториот вид се нарекуваат „тврди согласки“.

Поретко се сретнува и поимот „палатизирана самогласка“, поим кој се користи да се означи самогласка која станала предна и затворена.

Видови[уреди | уреди извор]

Теоретски, палатизацијата означува:

  • фонетски поим на со на една согласка со која јазикот е издигнат кон тврдото непце и гребенот за време на изговарање на согласката. Таквите согласки се фонетски палатизирани и според МФА тие се означуваат со /j/, како на пример [tʲ] за палатизиран глас [t].
  • чест процес на изедначување, или резултат од таков процес, според кој самогласки или гласот /j/ се изговараат на предната позиција при изговорот.

Првото може да е резултат на второто, но често тие се различни. Една самогласка може да „палатизира“ согласка, но резултатот може да не е палатизирана согласка во фонетска смисла. Фонетски палатизирана согласка може да се појави без разлика на близината на предната самогласка.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Bynon, Theodora. Historical Linguistics. Cambridge University Press, 1977. ISBN 0-521-21582-X (hardback) or ISBN 978-0-521-29188-0 (paperback).
  • Bhat, D.N.S. (1978), "A General Study of Palatalization", Universals of Human Language 2: 47–92 
  • Buckley, E. (2003), "The Phonetic Origin and Phonological Extension of Gallo-Roman Palatalization", Proceedings of the North American Phonology Conferences 1 and 2 
  • Chițoran, Ioana (2001), The Phonology of Romanian: A Constraint-based Approach, Berlin & New York: Mouton de Gruyter, ISBN 3-11-016766-2 
  • Crowley, Terry. (1997) An Introduction to Historical Linguistics. 3rd edition. Oxford University Press.
  • Lightner, Theodore M. (1972), Problems in the Theory of Phonology, I: Russian phonology and Turkish phonology, Edmonton: Linguistic Research, inc 
  • Pullum, Geoffrey K.; Ladusaw, William A. (1996). Phonetic Symbol Guide. University of Chicago Press. 

Белешки[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]