Согласка

Од Википедија — слободната енциклопедија

Согласка (наречена и „консонант“)[1]глас која се изговара (твори) со целосно или делумно попречување (стеснување) на говорниот апарат за говор со разни делови од апаратот. На пример, [p] се добива со усните; [t] со врвот на јазикот; [k] се добива со задниот дел на јазикот; [h] се изговара со грлото; [f] и [s], со исфрлање на воздухот низ тесен простор, т.е. струење (затоа се нарекуваат струјни); а [m] и [n] се изговараат кога воздухот минува низ носот (затоа се нарекуваат носни). Најчесто согласките ги придружуваат самогласки, кои се сосем различни од нив.

Кај некои јазици, како во македонскиот, сите согласки се претставени со по само една буква. Меѓутоа во многу најразлични јазици на светот, бројот на можни согласки е поголем од бројот на букви во азбуката, па затоа јазичарите имаат разработено системи како Меѓународната фонетска азбука (МФА или IPA), доделувајќи му симбол на секој глас во сите јазици. Познат пример за јазик со повеќе согласки отколку букви е англискиот, па затоа мора да користи диграфи како „ch“, „sh“, „th“, додека пак некои букви претставуваат повеќе од една согласка, зависно од случајот. На пример, во англискиот, „th“ во зборот this не е истата согласка како во зборот „thin“ (по МФА, едниот е [[звучна забна струјна согласка|[ð]]], а другиот е [[звучна забна струјна согласка|[θ]]]).

Букви[уреди | уреди извор]

Зборот „согласка“ се користи и за секоја буква од азбуката што претставува согласен звук. Во македонската азбука вакви се буквите: Б, В, Г, Д, Ѓ, Ж, З, Ѕ, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, П, Р, С, Т, Ќ, Ф, Х, Ц, Ч, Џ и Ш. Во латиницата, согласки се B, C, D, F, G, H, J, K, L, M, N, P, Q, R, S, T, V, W, Y, X, Z, буквите од српскохрватската гаевица како Č, Ć, , Đ, Lj, Nj, Š, Ž и голем број на други букви од најразлични азбуки.

Согласки наспроти самогласки[уреди | уреди извор]

Согласките и самогласките се разликуваат по тоа што соодветствуваат на засебни делови од слогот: најпевливиот дел од слогот се нарекува „јадро“ и најчесто е самогласка, додека помалку певливите гранични звуци (наречени „почеток“ и „завршеток“) се најчесто согласки. Оваа шема се среќава во речиси сите јазици на светот, но треба да се напомене дека разликата помеѓу согласките и самогласките не е секаде сосем реска: во многу јазици постојат слоговни согласки и неслоговни самогласки. Во македонскиот ваков пример се зборовите како како „’рт“, „штрк“, „прст“ и сл.

Особености[уреди | уреди извор]

Начини на творба
Препречни
Избувни
Слеани
Струјни
Шушкави
Гласници
Носни
Едноударни
Приближни
Течни
Самогласка
Полусамогласка
Странични
Трепетни
Механизам
Белодробни
Исфрлени
Уфрлени
Чрапави
 
Алитерација
Асонанца
Поврзано: Место на творба
Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [Помош]
уреди

Секоја согласка има по неколку својствени одлики:

  • Начин на творба - како воздухот се истиснува од говорниот апарат при создавањето на согласен или приближен (самогласновиден, нар. „апроксимант“) звук. Според начинот, согласките можат да бидат: избувни, струјни и носни.[2]
  • Место на творба - во кој дел на говорниот апарат се прави препреката и кои говорни органи се користат. Според местата, можат да бидат двоуснена (со обете усни), венечни (со јазикот на венечниот дел на непцето) и заднонепчени (со јазикот на мекото непце).[3] Покрај ова, истовремено може да има и стеснување на некое друго место на творба: ваквите измени на звукот се нарекуваат палатализација и фарингализација.
  • Фонација - како треперат гласните жици при творбата (изговарањето). При полн трепет, согласката се нарекува the звучна, а без трепет согласката е безвучна.
  • Време на почеток на озвучувањето - го означува времето на озвучување. Едно својство на времето е приздивот (аспирација).
  • Механизмот на струење - што го придвижува воздухот што минува низ говорниот апарат. Највеќето јазици имаат исклучиво белодробни согласки (т.е. двигатели се дробовите и дијафрагмата), но постојат јазици со исфрлени, чкрапливи и уфрлени согласки[4] кои користат поинакви механизми.
  • Траење - колку долго трае попречувањето на воздушниот тек. Во македонскиот нема многу вакви примери, но разликата во траењето може да се види споредувајќи ја задршката на гласот „т“ во зборот оттргна наспроти стои. Јазиците како италијанскиот, јапонскиот и финскиот ги разликуваат несродните корени на зборовите со два степена на траење: „единечни“ и „удвоени“ (геминирани). Естонскиот и некои лапонски јазици имаат дури три фонемски траења.
  • Сила на творба - колку се напрегнале мусклулите при изговорот. Ова е предложено својство, но досега не е покажано дека постојат разлики во творбата што зависат само од мускулната сила.

Некои парови на согласки како p::b, t::d и сл. претрпуваат едначење по звучност при изговорот, одлика присутна, меѓу другите, во македонскиот и германскиот јазик.

Табела на белодробни согласки по МФА аудио
По место → Уснени Преднојазични Среднојазични Заднојазични Гласилни
↓ По начин Дво​уснени Уснено-​забни Заб​ни Венеч​ни Задно-​венеч. Свие​ни Предно-​непчени Задно​непчени Ресич​ни Голтни​чки Надгла​сил​ни Гласил​ни
Носни m ɱ n ɳ ɲ̥ ɲ ŋ̊ ŋ ɴ
Избувни p b t d ʈ ɖ c ɟ k ɡ q ɢ ʡ ʔ
Струјни ɸ β f v θ ð s z ʃ ʒ ʂ ʐ ç ʝ x ɣ χ ʁ ħ ʕ ʜ ʢ h ɦ
Приближни ʋ ɹ ɻ j ɰ
Трепетни ʙ r ɽ͡r ʀ я *
Едноударни ⱱ̟ ɾ ɽ ɢ̆ ʡ̯
Стран. струј. ɬ ɮ ɭ˔̊ ʎ̥˔ ʎ˔ ʟ̝̊ ʟ̝
Стран. прибл. l ɭ ʎ ʟ
Стран. едноуд. ɺ ɺ̠ ʎ̯
Небелодробни согласки
Чкрапави ʘ ǀ ǃ ǂ ǁ
ʘ̃ ʘ̃ˀ ʘ͡q ʘ͡qʼ
Уфрлени ɓ ɗ ʄ ɠ ʛ
Исфрлени ʈʼ
θʼ ɬʼ χʼ
tsʼ tɬʼ cʎ̝̥ʼ tʃʼ ʈʂʼ kxʼ kʟ̝̊ʼ
Слеани согласки
p̪f b̪v ts dz ʈʂ ɖʐ
ɟʝ cʎ̥˔ ɟʎ˔ kʟ̝̊ ɡʟ̝
Сложени согласки
Незаградни ʍ w ɥ ɧ
Заградни k͡p ɡ͡b ŋ͡m
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош]
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка.
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби.
* Симболот го нема во МФА.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „консонант“ — Лексикон на македонскиот јазик
  2. Меѓународно наречени „плозиви“, „фрикативи“ и „назали“.
  3. Меѓународно наречени „билабијали“, „алвеолари“ и „велари“.
  4. Меѓународно наречени „ејективи“, „кликови“ и „имплозиви“.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]