Уснена согласка
| Места на творба |
|---|
Уснени |
| Двоуснени |
| Уснено–заднонепчени |
| Уснено–преднојазични |
| Усненозабни |
| Забноуснена |
Двозабни |
Преднојазични |
| Јазичноуснени |
| Меѓузабни |
| Забни |
| Забно-венечни |
| Венечни |
| Задновенечни |
| Заднонепчено-венечни |
| Свиени |
Среднојазични |
| Задновенечни |
| Венечно-преднонепчени |
| Преднонепчени |
| Уснено-преднонепчени |
| Заднонепчени |
| Ресични |
| Ресично-надгласилни |
Заднојазични |
| Голтнички |
| Надгласилно-голтнички |
| Надгласилни |
Гласилни |
| Облик на јазикот |
Врвнојазични |
| Рамнојазични |
| Подјазични |
Странични |
Преднонепчени |
| Голтнички |
Поврзано: Начин на творба |
| Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [Помош] |
Уснени согласки (лабијали)[1] Се согласки каде вршителот на гласовната творба е една или двете усни. Тука се изземени јазичноуснените согласки, каде врвот на јазикот оди кон задната страна на горната усна и затоа се сметаат за преднојазични (коронални). Двете (во голема мера) најстапени усни согласки се двоуснените (се создават со обете усни) и усненозабните (се создаваат со долната усна и горните заби). Обата бида се присутни во македонскиот гласовен систем. Други усни согласки се забноуснените (се изговараат со горната усна и долните заби), кои се обратен случај од усненозабните.
Во македонскиот јазик усни се гласовите б, п, м, в и ф,[2] од кои избувните [б], [п] и [м] се двоусни, а струјните [в] и [ф] се усненозабни.
Заоблувањето на усните (лабијализација) е честа одлика на споредната творба од приближен тип. Англиското /w/ е звучна лабијализирана венечна приближна согласка, која е многу почеста од чисто уснената приближна согласка. Во кавкаските јазици, лабијализираните среднојазични согласки како /kʷ/ и /qʷ/ се мошне застапени.
Меѓутоа, многу малку јазици прават разлика чисто помеѓу двоусни и усненозабни согласки, и фонемите најчесто се опишуваат како „усни“, што се смета за доволно точна определница. Еден јазик што прави таква разлика е еве, каде обата вида на струјни согласки се посебни, иако усненозабните се изговараат со поголема творбена сила.
Отсуство на усни согласки
[уреди | уреди извор]Додека највеќето јазици користат чисто усни фонеми, постојат неколку што ги немаат. Такви примери се тлингитскиот, ејачкиот (обата од семејството на-дене), вичитскиот (кадоанско семејство) и сите ирокески јазици освен черокискиот. Во сите нив усните согласки се присутни во заемки од англискиот.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „лабијал“ — Лексикон на македонскиот јазик
- ↑ Кепески, Круме (1990). Граматика на македонскиот литературен јазик (X. изд.). Скопје: Просветно Дело. стр. 65.
- Ladefoged, Peter; Maddieson, Ian (1996). The Sounds of the World's Languages. Oxford: Blackwell. ISBN 978-0-631-19815-4.
Табела на белодробни согласки по МФА | ||||||||||||||||||||||||
| По место → | Уснени | Преднојазични | Среднојазични | Заднојазични | Гласилни | |||||||||||||||||||
| ↓ По начин | Двоуснени | Уснено-забни | Забни | Венечни | Задно-венеч. | Свиени | Предно-непчени | Заднонепчени | Ресични | Голтнички | Надгласилни | Гласилни | ||||||||||||
| Носни | m̥ | m | ɱ | n̪ | n̥ | n | n̠ | ɳ | ɲ̥ | ɲ | ŋ̊ | ŋ | ɴ | |||||||||||
| Избувни | p | b | p̪ | b̪ | t̪ | d̪ | t | d | ʈ | ɖ | c | ɟ | k | ɡ | q | ɢ | ʡ | ʔ | ||||||
| Струјни | ɸ | β | f | v | θ | ð | s | z | ʃ | ʒ | ʂ | ʐ | ç | ʝ | x | ɣ | χ | ʁ | ħ | ʕ | ʜ | ʢ | h | ɦ |
| Приближни | ʋ | ɹ | ɻ | j | ɰ | |||||||||||||||||||
| Трепетни | ʙ | r | ɽ͡r | ʀ | я * | |||||||||||||||||||
| Едноударни | ⱱ̟ | ⱱ | ɾ | ɽ | ɢ̆ | ʡ̯ | ||||||||||||||||||
| Стран. струј. | ɬ | ɮ | ɭ˔̊ | ʎ̥˔ | ʎ˔ | ʟ̝̊ | ʟ̝ | |||||||||||||||||
| Стран. прибл. | l | ɭ | ʎ | ʟ | ||||||||||||||||||||
| Стран. едноуд. | ɺ | ɺ̠ | ʎ̯ | |||||||||||||||||||||
| Чкрапави | ʘ | ǀ | ǃ | ǂ | ǁ | ||
| ʘ̃ | ʘ̃ˀ | ʘ͡q | ʘ͡qʼ | ||||
| Уфрлени | ɓ | ɗ | ʄ | ᶑ | ɠ | ʛ | |
| Исфрлени | pʼ | tʼ | cʼ | ʈʼ | kʼ | qʼ | |
| fʼ | θʼ | sʼ | ɬʼ | xʼ | χʼ | ||
| tsʼ | tɬʼ | cʎ̝̥ʼ | tʃʼ | ʈʂʼ | kxʼ | kʟ̝̊ʼ | |
| p̪f | b̪v | ts | dz | tʃ | dʒ | tɕ | dʑ | ʈʂ | ɖʐ |
| tɬ | dɮ | cç | ɟʝ | cʎ̥˔ | ɟʎ˔ | kʟ̝̊ | ɡʟ̝ |
| Незаградни | ʍ | w | ɥ | ɧ |
| Заградни | k͡p | ɡ͡b | ŋ͡m | |
| Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош] |
| Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка. |
| Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби. |
| * Симболот го нема во МФА. |