Врвнојазична согласка
Врвнојазична согласка | |
---|---|
◌̺ | |
МФА-бр. | 409 |
Шифрирање | |
Единица (дек.) | ̺ |
Уникод (хекс.) | U+033A |
Места на творба |
---|
Уснени |
Двоуснени |
Уснено–заднонепчени |
Уснено–преднојазични |
Усненозабни |
Забноуснена |
Двозабни |
Преднојазични |
Јазичноуснени |
Меѓузабни |
Забни |
Забно-венечни |
Венечни |
Задновенечни |
Заднонепчено-венечни |
Свиени |
Среднојазични |
Задновенечни |
Венечно-преднонепчени |
Преднонепчени |
Уснено-преднонепчени |
Заднонепчени |
Ресични |
Ресично-надгласилни |
Заднојазични |
Голтнички |
Надгласилно-голтнички |
Надгласилни |
Гласилни |
Облик на јазикот |
Врвнојазични |
Рамнојазични |
Подјазични |
Странични |
Преднонепчени |
Голтнички |
Поврзано: Начин на творба |
Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [Помош] |
Врвнојазична согласка (апикална)[1] е глас што се создава со попречување на минувањето на воздухот со врвот на јазикот. Противположна е на рамнојазичната согласка, што се создава со попречување на воздухот со рамниот дел на јазикот (веднаш зад врвот).
Оваа разлика во творбата не е баш често застапена во рамките на поединечните јазици, и обично важи само за струјните и слеаните гласови. Така, македонскиот има само рамнојазични парници на [t]/[d], а англиските наречја имаат или врвнојазични или рамнојазични (не обете). Меѓутоа, некои варијанти на арапскиот како хадрамскиот, го реализираат [t] како рамнојазично, но [d] како врвнојазично.
Српскохрватскиот и баскискиот ја имаат оваа разлика кај венечните струјни согласки. Мандаринскиот ја корист кај задновенечните струјни гласови (т.н. „венечно-предонепчената“ и „свиената“ низа). Канадскиот јазик лилует ја има како споредно својство (со споредна творба) кај противположноста на веларизираните и невеларизираните струјни согласки. Многу австралиски јазици прават разлика помеѓу врвнојазична и рамнојазична творба кај носните, избувните и, најчесто, страничните приближни согласки.
Во Меѓународната фонетска азбука (МФА), врвнојазичните гласови се означуваат со дијакритичкиот знак U+033A ̺ придружнен подреден превртен мост (HTML: ̺
).
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Преднојазична согласка
- Рамнојазична согласка
- Подјазична согласка
- Место на творба
- Звучна врвнојазичновенечна струјна согласка
Наводи
[уреди | уреди извор]- Ladefoged, Peter; Maddieson, Ian (1996). The Sounds of the World's Languages. Oxford: Blackwell. ISBN 978-0-631-19815-4.
- ↑ Наречена и апикал.