Трепетна согласка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Начини на творба
Препречни
Избувни
Слеани
Струјни
Шушкави
Гласници
Носни
Едноударни
Приближни
Течни
Самогласка
Полусамогласка
Странични
Трепетни
Механизам
Белодробни
Исфрлени
Уфрлени
Чрапави
 
Алитерација
Асонанца
Поврзано: Место на творба
Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [Помош]
уреди

Трепетна согласка (вибрант)[1] е согласен глас што се создава со треперење помеѓу говорниот орган и местото на творба. Македонскиот јазик содржи само еден трепетен глас, претставен со буквата р, кој е венечна трепетна согласка.

Меѓународната фонетка азбука ги претставува следниве трепетни гласови:

Двоуснената трепетна согласка е прилично ретка. Преднојазичната најчесто се среќава во облик на венечното [r͇], но се среќаваат и забната и задновенечната творба [r̪] и [r̠]. Наводната свиена трепетна согласка присутна во јазикот тода е претставена со симболот [ɽ] (т.е. исто како свиена едноударна согласка), но може понедвосмислено да се претстави како [ɽ͡r], бидејќи само почетокот е свиен, а самиот трепет е венечен. Познат е и уште еден трепетен глас во улога на согласка, наречен нагласилна трепетна согласка. Надгласилните согласки честопати се алофонски трепетни, а во некои јазици трепетот е главната творба на согласката. МФА нема официјален симбол за овој глас, но во литературата напати се среќава [я]. Постојат и т.н. „остри самогласки“ кои се придружени од надгласилен трепет.

Чешкиот јазик има две противположни венечни трепетни согласки, од кои едната е струјната трепетна согласка (ř). Кај струјната трептна согласка, јазикот се подига, така што се добива чујно струење за време на трепетот, и звучи нешто како истовремено изговорени [r] и [ʐ]. Симболот [ɼ] на овој звук е исфрлен од МФА, и сега гласот се претставува како {IPA|[r̝]}} (подигнато р).

Лиангшанското наречје на јазикот носу (ји) има две „брмчливи“ или струјни самогласки /i̝/, /u̝/ (се пишуваат ṳ, i̤) кои може и да се трепетни, [ʙ̝], [r̝].

Чапакурскиот варски јазик и муранскиот јазик пираха имаат многу необична трепетна фонема - безвучната двоуснена потрепетна забна избувна согласка, [t̪͡ʙ̥].

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „вибрант“ — Лексикон на македонскиот јазик на офф.нет
  • Ladefoged, Peter; Maddieson, Ian (1996). The Sounds of the World's Languages. Oxford: Blackwell. ISBN 0-631-19814-8. 


Табела на белодробни согласки по МФАLoudspeaker.svg аудио
По место → Уснени Преднојазични Среднојазични Заднојазични Гласилни
↓ По начин Дво​уснени Уснено-​забни Заб​ни Венеч​ни Задно-​венеч. Свие​ни Предно-​непчени Задно​непчени Ресич​ни Голтни​чки Надгла​сил​ни Гласил​ни
Носни m ɱ n ɳ ɲ̥ ɲ ŋ̊ ŋ ɴ
Избувни p b t d ʈ ɖ c ɟ k ɡ q ɢ ʡ ʔ
Струјни ɸ β f v θ ð s z ʃ ʒ ʂ ʐ ç ʝ x ɣ χ ʁ ħ ʕ ʜ ʢ h ɦ
Приближни ʋ ɹ ɻ j ɰ
Трепетни ʙ r ɽ͡r ʀ я *
Едноударни ⱱ̟ ɾ ɽ ɢ̆ ʡ̯
Стран. струј. ɬ ɮ ɭ˔̊ ʎ̥˔ ʟ̝̊ ʟ̝
Стран. прибл. l ɭ ʎ ʟ
Стран. едноуд. ɺ ɺ̠ ʎ̯
Небелодробни согласки
Чкрапави ʘ ǀ ǃ ǂ ǁ
ʘ̃ ʘ̃ˀ ʘ͡q ʘ͡qʼ
Уфрлени ɓ ɗ ʄ ɠ ʛ
Исфрлени ʈʼ
θʼ ɬʼ χʼ
tsʼ tɬʼ cʎ̝̥ʼ tʃʼ ʈʂʼ kxʼ kʟ̝̊ʼ
Слеани согласки
p̪f b̪v ts dz ʈʂ ɖʐ
ɟʝ cʎ̥˔ kʟ̝̊
Сложени согласки
Незаградни ʍ w ɥ ɧ
Заградни k͡p ɡ͡b ŋ͡m
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош]
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка.
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби.
* Симболот го нема во МФА.