Рајан (арапски: الريان) — град и општина во Катар. Името на градот значи „извор за наводнување“, а за Исламот тоа значи „една од портите за рајот“. До 2004 година, Рајан била единствената општина во Катар која не излегува на море, која се граничела на североисток со Ум Салал, на исток со Доха, на југоисток со Вакра, на југозапад со Џаријан ел-Батна и на северозапад с0 Џумалија. По 2004 година кон Рајан биле припоени Џумалија и дел од Џаријан ел-Батна.