3 септември

Од Википедија — слободната енциклопедија

3 септември — 246-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (247-и во престапна година). Остануваат 119 денови до крајот на годината. Предлошка:Септември 2024

Настани:

590  Грегориј I станува папа.
1650  Трета англиска граѓанска војна: Битка кај Данбар
1651  Трета англиска граѓанска војна: Вустерска битка - Чарлс II е поразен во последната главна битка во војната.
1783  Американска револуционерна војна: Војната завршува со потпишувањето на т.н. Париски договор од страна на САД и Кралството на Велика Британија.
1855  Индијански војни: Во Небраска, 700 војници под раководство на Американскиот Генерал Вилијам С. Харни се одмаздуваат за Гратан Масакарот со напаѓање на Индјанско село, убивајќи 100 мажи, жени, и деца.
1892  Англискиот фудбалски клуб Нотингем Форест го одигра својот прв натпревар во лигата против ФК Евертон.
1901  На патот од Банско за Симитли, кај месноста Потпрена скала, четниците на Јане Сандански и Христо Чернопеев ја киднапирале протестантската мисионерка Мис Елен Стоун и нејзината придружничка Катерина Стефанова - Цилка.
1933  Во Софија излегол првиот број на „Македонска правда“, весник на македонската емиграција, кој ја поддржувал идејата за балканска федерација.
1939  Започнала Втората светска војна, со објавувањето на војна од страна на Франција, Обединетото Кралство, Нов Зеланд и Австралија против Германија по инвазијата на Полска.
1943  Во Сиракуза, Италија потпишано е примирје меѓу сојузниците и италијанската Влада на маршал Бадољо. Пет дена подоцна, Италија капитулира.
1967  Шведска ја менува страната на возење од лево на десно.
1971  Катар добива независност од Обединетото Кралство. За разлика од другите емирати, Катар одбива да стане дел на Обединетите Арапски Емирати или Саудиска Арабија.
1976  Програм „Викинг“: Вселенското летало „Викинг 2“ слетува кај Утопија Планитија на Марс.
1995  Основана е фирмата eBay.
1997  Кај селото Жидилово, кај Крива Паланка во Република Македонија пристигна природниот гас.

Родени:

1568  Адријано Банчери — италијански композитор.
1571  Бенвенуто Челини — италијански вајар.
1693  Чарлс Редклиф — британски политичар.
1851  Олга Константиновна — руска кнегина.
1856  Луис Суливан — американски архитект.
1869  Фриц Преглсловенечки хемичар, добитник на Нобеловата награда.
1875  Фердинанд Поршеавстриски автомобилски инженер.
1889  Исак Самоковлија — босански писател.
1897  Сали Бенсон — американски писател.
1900  Ристо Крле — македонски драмски писател.
1913  Алан Лад — американски глумец.
1921  Христијан Тодоровски - Карпош — македонски народен херој.
1925  Манол Пандевски — македонски историчар и академик.
1931  Дик Мота — американски кошаркарски тренер.
1931  Радован П. Цветковски — македонски писател.
1939  Перо Миленковски — македонски писател.
1941  Сергеј Довлатов — руски писател.
1945  Виолета Аларова — градоначалник на Општина Центар.
1947  Марио Драги — италијански економист, менаџер и банкар, претседател на Европската централна банка.
1949  Хосе Пекерман — аргентински фудбалски тренер.
1955  Стив Џонс — англиски рок-музичар, член на групата Секс Пистолс (Sex Pistols).
1963  Горан Собин — хрватски и југословенски кошаркар.
1965  Чарли Шин — американски глумец.
1969  Доминик Вест — британски глумец.
1970  Герет Саутгејт — англиски фудбалер и тренер.
1976  Ешли Џонс — американска глумец.
1977  Олоф Мелберг — шведски фудбалер.
1979  Жулио Цезар — бразилски фудбалски голман.
1980  Б.Г. — американски рапер.
1981  Ѓорѓи Крстевски — македонски поп-пејач.
1982  Ања Алтхаус — германска ракометарка.
1983  Ники Хант — англиски фудбалер.
1984  Андре Кардозо — португалски велосипедист.
1986  Шон Вајт — американски сноубордер.
1986  Наталија Лобова — руска кануистка.
1986  Блел Кадри — француски велосипедист.
1988  Жером Боатенг — германски фудбалер.
1993  Доминик Тим — австриски тенисер.
1995  Никлас Зиле — германски фудбалер.
2000  Брендон Вилијамс — англиски фудбалер.

Починале:

1402  Џан Галеацо Висконти — војвода на Милано.
1658  Оливер Кромвел — лорд-протектор на Англија.
1662  Вилијам Лентал — англиски политичар.
1766  Арчибалд Боуершкотски историчар.
1860  Алексеј Комјаков — руски поет.
1866  Константин Флавитски — руски поет.
1883  Иван Тургенев — руски писател.
1970  Винс Ломбарди — американски фудбалски тренер.
1985  Драган Манце — српски и југословенски фудбалер.
1987  Мортон Фелдман — американски композитор.
1987  Азиз Кељменди — војник на ЈНА.
1989  Гаетано Ширеја — италијански фудбалер.
1991  Френк Капра — американски филмски режисер.
1993  Јован Ивањин — македонски поет.
1996  Ог Мандино — американски писател.
2001  Полин Каел — американски филмски критичар.
2012  Ана Липша - Тофовиќ — југословенска и македонска оперска пејачка.
2017  Волтер Бекер — американски рок-музичар.

Празници:

* Ден на независностa на Катар.