Катарски ријал
Катарски ријал | |
---|---|
ريال قطري (арапски) | |
ISO 4217 | |
Код | QAR |
Показател | 2 |
Составници | |
Подединица | |
1⁄100 | Дирхам |
Симбол | QR или ر.ق |
Банкноти | 1, 5, 10, 50, 100, 200, 500 ријали |
Монети | |
Чести | 25, 50 дирхами |
Ретки | 1, 5, 10 дирхами |
Демографија | |
Корисник/ци | Катар |
Издавач | |
Централна банка | Катарска централна банка |
Мреж. место | qcb.gov.qa |
Вредност | |
Инфлација | -2.8% |
Извор | Светска книга на факти, 2011 проценка. |
Врзан со | Американски долар (USD) $1 USD = 3.64 QR |
Катарскиот ријал (арапски: ريال قطري ; ознака: QR или ر.ق ; код: QAR) е валута во Катар. Еден ријал е еднаков на 100 дирхами (арап. درهم).
Историја
[уреди | уреди извор]До 28 април 1959 г., официјална валута во Катар била индиската рупија, која била заменета со заливската рупија издадена за земјите од Персискиот Залив. Заливската рупија била врзана за индиската рупија, а по депрецијацијата на индиската рупија во 1965 година се намалила вредноста и на заливската рупија. Катар заедно со другите земји од Персискиот Залив одлучиле да воведат сопствена валута.[1]
Пред да го стори тоа, Катар накратко го усвоил саудискиот ријал, а потоа по потпишувањето на Договорот за валута меѓу Катар и Дубаи (21 март 1966 година) бил воведен заедничкиот ријал на Катар и Дубаи.[2] Еден саудискиот ријал вредел 1.065 заливски рупии, а ријалот од Катар и Дубаи бил еднаков со заливската рупија пред нејзината девалвација.
По влегувањето на Дубаи во Обединетите Арапски Емирати, од 19 мај 1973 година Катар почна да издава своја валута - катарскиот ријал. Старите банкноти продолжиле да циркулираат паралелно со новите во следните 90 дена, а потоа биле повлечени.[3]
Монети
[уреди | уреди извор]Во 1966 година, валутниот борд од Катар и Дубаи пуштил во оптек монети од 1, 5, 10, 25 и 50 дирхами. Во 1973 година, била претставена нова серија на монети со иста големина и состав како и претходните, но само со името на Катар.
Банкноти
[уреди | уреди извор]На 18 септември 1966 година, Валутниот одбор на Катар и Дубаи вовел банкноти од 1, 5, 10, 25, 50 и 100 ријали. На 19 мај 1973 година тие биле заменети со банкноти од Катарската монетарна агенција во апоени од 1, 5, 10, 100 и 500 ријали; банкнотата од 50 ријали била воведена во 1976 година. Централната банка на Катар е основана со декрет 15 на 5 август 1973 година. Сите монети и банкноти издадени од Катарската монетарна агенција станале сопственост на банката, но продолжиле да циркулираат уште неколку години.[4] На 13 декември 2020 година, Централната банка на Катар во оптек ја пуштила својата петта серија банкноти. Во оваа серија е додадена и банкнота од 200 ријали. Банкнотите на предната страна имаат ист дизајн кој се заснова на традиционалните геометриски обрасци, знамето на Катар, катарската флора и порта која ја претставува архитектурата на Катар.
Фиксен девизен курс
[уреди | уреди извор]Катарскиот ријал е врзан за американскиот долар по фиксен девизен курс од 1 американски долар за 3,64 катарски ријали. За стапката на овој курс бил донесен закон по Кралскиот декрет бр.34 од 2001 година, потпишан од Хамад бин Калифа Ал Тани, емир на Катар, на 9 јули 2001 година.
Влијанието на дипломатската криза во Катар од 2017 година врз ријалот
[уреди | уреди извор]Како резултат на катарската дипломатска криза од 2017 година, банките во земјите кои го блокираа Катар морале да престанат да тргуваат со катарските банки. Ова довело до пад на ликвидноста и следствено до пад на вредноста на ријалот во однос на доларот. Кон крајот на јуни 2017 година за купување 1 американски долар биле потребни 3,81 ријали,[5] а силните флуктуации продолжиле до декември 2017.[6][7]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Monetary System in Qatar Historical Background“.
- ↑ „The Bank Notes of the Qatar and Dubai Currency Board“. islamicbanknotes.com. Архивирано од изворникот на 18 February 2017. Посетено на 20 April 2018.
- ↑ Linzmayer, Owen (2012). „Qatar & Dubai“. The Banknote Book. San Francisco, CA: www.BanknoteNews.com.
- ↑ Linzmayer, Owen (2012). „Qatar“. The Banknote Book. San Francisco, CA: www.BanknoteNews.com.
- ↑ Torchia, Andrew; Arnold, Tom; Carvalho, Stanley (28 June 2017). „Qatar riyal FX market in chaos but bankers believe peg still solid“. CNBC. Архивирано од изворникот на 2017-11-07. Посетено на 20 April 2018.
- ↑ „Qatar's Key Concern Remains on Funding Side“. financialtribune.com. 22 October 2017. Посетено на 20 April 2018.
- ↑ „XE: USD / QAR Currency Chart. US Dollar to Qatari Riyal Rates“. www.xe.com. Посетено на 20 April 2018.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Банкнотите на Катар (на англиски и германски)
Претходник: Саудиски ријал Причина: издавање на своја валута Сооднос: 1.065 ријал од Катар и Дубаи = 1 Саудиски ријал, или 1 ријал од Катар и Дубаи = 1 заливска рупија пред депресиацијата |
Валута на Катар 1966 – 1973 |
Следбеник: Катарски ријал Причина: повлекување на Дубаи од заедничката валута Сооднос: 1:1 |
Валута на Договорни земји освен Абу Даби 1966 – 1973 |
Следбеник: ОАЕ дирхам Причина: создавање на Обединети Арапски Емирати (во 1971) Сооднос: 1:1 | |
Претходник: Ријал од Катар и Дубаи Причина: повлекување на Дубаи од заедничката валута Сооднос: 1:1 |
Валута на Катар 1973 – |