Депресијација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Илустриција поместување надесно во кривата на побарувачка

Депресијација (лат. de - без и pretium - цена, вредност) е обезвреднување, паѓање или губење на вредноста на валутата на една земја во однос на една или повеќе странски валути што се користат како референца[1].

Со депресијацијата се намалува куповната моќ на парите во таа земја, односно се покачува курсот на странските валути. Ова обично се случува кај системите со флуктуирачки девизен курс и најчесто се користи за неофицијални зголемувања на девизниот курс како резултат на пазарните законитости (на понудата и побарувачката), иако понекогаш наизменично се појавува со девалвацијата.

Депресијацијата на валутата на една земја покажува дека доаѓа до намалување на вредноста на таа валута. На пример, ако македонскиот денар депресира во однос на еврото, девизниот курс (цената на македонскиот денар изразен во евра) се зголемува - што значи дека се потребни повеќе македонски денари за купување едно евро (1 ЕУР = 41,25 МКД → 1 ЕУР = 41,65 МКД). Кога македонскиот денар депресира во однос на еврото, тој станува поконкурентен, бидејќи цената на македонските стоки разменети за евра ќе бидат поевтини, што доведува до поголем извоз од Македонија. Од друга страна, европските држави кои своите стоки и услуги ги искажуваат во евра ќе ја изгубат конкурентноста во однос на македонскиот денар. Тоа значи дека цените на европските производи деноминирани во евра ќе станат повисоки во Македонија.

Спротивно на депресијацијата е појавата на апресијација.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Currency Depreciation, financial-dictionary.thefreedictionary.com