Обединети Арапски Емирати

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Обединети Арапски Емирати
دولة الإمارات العربية المتحدة
Dawlat al-ʾImārāt al-ʿArabiyyah al-Muttaḥidah
Знаме Грб
ХимнаИши билади
Да живее нацијата моја
Главен град Абу Даби
24°28′ СГШ 54°22′ ИГД / 
Најголем град Дубаи
Службен јазик арапски
Народности (2009[1][2])
  • 16,6% Емираќани (државјани)
  • 23,0% останати Арапи
  • 42,3% јужноазијциа
  • 12,1% други азијциб
  • 6,0% останати странци
Демоним Емираќани
Уредување
 -  Претседател Халифа бин Зајед ел-Нахјан
 -  Потпретседател и премиер Мухамед бин Рашид ел-Мактум
Законодавство Сојузен национален советв
Суверенитет
 -  истек на мировната спогодба со Велика Британија 1 декември 1971 
 -  Устав 2 декември 1971 
Површина
 -  Вкупна 83.600г км2 (116-та)
 -  Вода (%) занемарливо
Население
 -  проценка за 2010 8.264.070[3] (93-та)
 -  Попис 2005 4.106.427 
 -  Густина 99 жит/км2 (110-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2011
 -  Вкупен $258,825 милијарди[4] 
 -  По жител $48.158[4] 
БДП (номинален) проценка за 2011
 -  Вкупно $360,136 милијарди[4] 
 -  По жител $67.008[4] 
Џини (2008) 36 
ИЧР (2011) 0,846 (30th)
Валута емиратски дирхам (AED)
Часовен појас GST (UTC+4)
 -  (ЛСВ) не се практикува (UTC+4)
Се вози на десно
НДД
Повик. бр. +971
а. Претежно Индијци, Пакистанци и Бангладешани.
б. Претежно Кинези, Филипинци, Тајланѓани, Иранци, Јужнокорејци и Паштуни.
в. Седум емирати и едно советодавно тело.
г. Точната големина на земјата е непозната поради спорноста на неколку острови во Персискиот Залив, отсуство на точни податоци за нив и неодбележаноста на најголемиот дел од копнената граница со Саудиска Арабија.

Обединетите Арапски Емирати или ОАР (арапски: دولة الإمارات العربية المتحدة) се држава во Југозападна Азија. Се наоѓаат на полуостровот Арабија. Се состојат од седум емирати. Главен град е Абу Даби.

Етимологија[уреди]

Името на државата Обединети Арапски Емирати е самото описливо. „Обединети“ се однесува на федералниот систем на управување на државата, „арапски“ се однесува на етно-географското потекло на народот и регионот (види Саудиска Арабија) и „емирати“ се федералните единици каде управува емир. Поранешните имиња на државата биле Примирски Оман и Примирски Држави. Имињата ги добиле кога се ослободиле од британската колонизација и биле отфрлени со воведувањето на денешното име. Имињата потекнуваат од името Оман, а „примирни“ се однесува на примирјето меѓу Обединетото Кралство и локалните шеици.

Историја[уреди]

Обединетите Арапски Емирати се изворно формирани од организираниот Арапски Полуостров низ јужниот брег Персискиот залив и северозападниот брег на заливот на Оман. Тоа е дел на Оман и затоа е наречен Заливот на Оман . ОАЕ се создадени во 1971 кога емиратите се одединиле во една обединета држава . Таа е развиена во модерна високо-доходна држава.

Географија и клима[уреди]

Oбединетите Арапски Емирати се сместени во Југозападна Азија граничејки со Оманскиот и Персискиот Залив. Помеѓу Султанството Оман и Саудиска Арабија.Обединетите Арапски Емирати лежат помеѓу 22°50′ и 26° СГШ и помеѓу 51° и 56°25′ ИГД .Со 530 км граничи со Саудиска Арабија на запад, југ и југоисток, а со 450 км граничи со Оман на југоисток и североисток. Земјата граничи и со Катар во Хавр ел-Удајд, област која е прототип за актуелен конфликт.

Политички систем[уреди]

Претседателството и Премиерството на Обединетите Арапски Емирати наследно од родот (кланот) ел-Нахјан на Абу Даби и родот ел-Мактум од Дубаи. Врховното собрание,тоа го сочинуваат 7 емирати, Се бира и Совет на министри додека еден член е именуван од 40 членови. Тука е и сојузниот судски систем на сите емирати, освен Рас ел-Хајма кој е зачленет во сојузниот систем. Шеикот Зајед ел-Султан ел-Нахјан бил претседател на унијата се до 2 ноември 2004 г, односно до неговата смрт. Врховното собрание го назначи за претседател Халифа бин Зајед ел-Нахјанм сино на Зајед бин Султан. Опати (2008) ги опишуива владините политичари во ОАЕ како една елитна класа на кралски владетели кои ги донесуваат сите одлуки во земјата во поглед на политиката и економијата во која се спроведува сè посовремена бирократија.

Административна поделба[уреди]

Карта на емиратите во ОАР
Помалите емирати североисточно од Абу Даби

ОАР се состои од седум емирати. Најнаселен е Абу Даби, со 38% од земјата. Во градот Дубаи живеат уште 30% од жителите, што значи дека во овие две подрачја живеат над две третини од населението.


Знаме Емират Админ. центар Население[5] % од вкуп.
население
Површина
(км²)[5]
% од вкуп.
површина
Густина
Flag of Abu Dhabi.svg Абу Даби Абу Даби 1.548.655 31.2% 67.340 86,7% 25
Flag of Ajman.svg Аџман Аџман 372.923 7,5% 259 0,3% 996
Flag of Dubai.svg Дубаи Дубаи 1.770.533 35,6% 3.885 5,0% 336
Fujairah Flag.gif Фуџејра Фуџејра 137.940 2,9% 1.165 1,5% 109
Flag of Sharjah.svg Рас ел-Хајма Рас ел-Хајма 171.903 3,4% 1.684 2,2% 122
Flag of Sharjah.svg Шарџа Шарџа 895.252 18,0% 2.590 3,3% 262
Flag of Umm al-Qaiwain.svg Ум ел-Кајвајн Ум ел-Кајвајн 69.936 1,4% 777 0,9% 88
Flag of the United Arab Emirates.svg ОАР Абу Даби 4.967.142 100% 77.700 100% 56

Економија[уреди]

Соединетите арапски емирати имаат рапидно растечка економија и високи стандарди. По економско производство е 14 место во светот и трето на Блискиот Исток по Катар и Кувајт. Има повеке различни проценувања на растењето на економското производство во ОАЕ. Како и да е, сите статистики покажуваат дека ОАР моментално има една од најбрзорастечките економии во светот. Според скорешен извештај на министерството за финансии, економскита трговија се покачила за 35% во 2006 година на 175 милијарди долари, во споредба со 130 милијарди во 2005 година. Иако ОАЕ стануваат сè помалку зависни на природните ресурси за развој на економијата, извозот на нафтата и земен гас сѐ уште игра важна улога во економијата. Огромниот градежен расцут и сè поголемата производна основа останати услуви им на помагаат ОАЕ да ја пренасочи својата економија. Во земјата моментално има вложени 350 милијарди долари во активни градежни проекти. Едни од тие проекти се Бурџ Халифа, Дубајскиот аеродром и Палмините Острови - најголеми уметнички вештачки острови во светот. Потоа следуваат, „Дубај Мол“, кој претставува најголемиот трговски центар на светот, и рачно направениот архипелаг наречен „Свет“, предвиден да ја прошири брзорастечката туристичка дејност. Во забавниот сектор игра улога „Дубаиленд“, двојно поголем од Дизниленд, Спортскиот град - Дубаи кој вдомува спортски групи, со можност и за приредување на олимпијада.

Демографија[уреди]

Култура[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Поврзано[уреди]