Корејци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Корејци
한국인 (韓國人) или 조선인 (朝鮮人)
Вкупен број
~ 84 million[1]
Подрачја со значајно население
 Јужна Кореја      50.423.955 (процена 2014)[2]
 Северна Кореја      25.300.000 (процена 2014)[3]

Дијаспора од 2015


~ 7–7,42 million[4]
 Кина2.585.993[4]
 САД2.238.989[4]
 Јапонија855.725[4]
 Канада224.054[4]
 Узбекистан186.186[4]
 Русија166.956[4]
 Австралија153.653[4]
 Виетнам108.850[4]
 Казахстан107.613[4]
 Филипини89.037[4]
 Бразил50.418[4]
 Индонезија40.741[4]
 Обединето Кралство40.263[4]
 Германија39.047[4]
 Нов Зеланд30.174[4]
Арапска лига24.000[4][5]
 Аргентина22.730[4]
 Тајланд19.700[4]
 Сингапур19.450[4]
 Киргистан18.709[4]
 Франција15.000[4]
 Украина13.103[4]
 Малезија12.690[4]
 Мексико11.800[4]
 Индија10.178[4]
 Камбоџа8.445[4]
 Шведска8.000[4]
 Саудиска Арабија5.189[4]
 Гватемала5.162[4]
 Парагвај5.090[4]
 Тајван4.828[4]
Јазици
корејски[6]
Вероисповед
Примарно христијанство, корејски будизам, корејски шаманизам и чеондизам[7][8]

Корејци (хангул한민족; ханча韓民族; ПРHanminjok; или хангул조선민족; ханча朝鮮民族; ПРJoseonminjok) – источноазиска етничка група и нација по потекло од целиот Корејски Полуостров и југоисточна Манџурија.[9][10][11]

Корејците главно живеат во двете корејски национални држави, Јужна Кореја и Северна Кореја, но исто така официјално се признаени како малцинство во Кина, Виетнам, Јапонија и Филипини, плус во одредени поранешни советски републики, како Русија и Узбекистан. Во текот на XX век значителни корејски заедници се појавиле во Австралија, Канада, Соединетите Американски Држави и во помала мера во други држави.

Бројот на етнички Корејци во дијаспора во 2013 година е проценет на 7,4 милиони.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Традиционална корејска облека

Од праисторијата Корејскиот Полуостров го населувале главно манџурски, монголски и тунгуски племиња со север кои и ја правата основата на етногенезата на денешните Корејци со можни малајски групи од југ, како и повремени јапонски упади. Митолошкиот владетел Тангун ја основал првата корејска држава уште во 2333 г.п.н.е., откога почнува старокорејското сметање на времето. Корејската стара цивилизација тесно е поврзана со соседната кинеска. Расцепканоста и војните меѓу поедини рани државички се смируваат со воспоставувањето на кралството Сила кое во VII век го обединува полуостровот и воспоставува единствена управа и јазик (старокорејски). И оваа, како и подоцнежните држави, се потпираат на кинеските културни и политички влијанија. Од X до XIV век доминантно е кралството Кори (под династијата Ванг), по кое и во Европа останува познато името на земјата. Кореја тогаш ја признава врховната власт на монголските ханови. Тогаш се зацврстува будизмот. Со помош на Кина, во 1392 година власта ја презема династијата Ји. Нивната нова држава Чозон, што е денешното корејско име на земјата, трае сè до XX век, иако во разни периоди ја признава јапонската и манџурската врховна власт. Од XIV век под кинеско влијание државна религија станува конфучијанизмот. Традиционалната култура на Корејците е селска, но раниот племенски шаманизам се испреплетува со високоразвиените културни влијанија на будизмот и конфучијанизмот. Првите книжевни и историски записи се јавуваат од XII век. Во средниот век книжевното и останатото културно творештво по вид и тематика ги опфаќа сите подрачја на културниот живо на високо рамниште, па Кореја е важна како изворен посредник меѓу кинеската култура и Јапонија. Современата корејска култура, како модерното стопанство, ги досегаат високите светски стандарди во сите подрачја, притоа чувајќи ја сопствената тематика, изразни форми и средства како и облиците на сопствениот идентитет базиран на силни историски извори.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Корејски Полуостров (50,42 милиони + 25,3 милиони) + корејска дијаспора (7–7,42 милиони)
  2. „Population of Republic of Korea“. Statistics Korea. 30 March 2014. 
  3. 2013 World Population Data Sheet Interactive World Map
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 4,11 4,12 4,13 4,14 4,15 4,16 4,17 4,18 4,19 4,20 4,21 4,22 4,23 4,24 4,25 4,26 4,27 4,28 4,29 4,30 4,31 4,32 재외동포현황/Current Status of Overseas Compatriots. South Korea: Ministry of Foreign Affairs and Trade. 2015. http://www.index.go.kr/potal/main/EachDtlPageDetail.do?idx_cd=1682. 
  5. MOFAT 2011, стр. 263–294; statistics for MOFAT's "Middle East Region" (중동지역), without Israel and Iran, plus Algeria that it classifies under "Africa Region" (아프리카지역)
  6. КорејциEthnologue (17th ed., 2013)
  7. „International Religious Freedom Report: Democratic People's Republic of Korea (DPRK) 2015“ (PDF). U.S. Department of State. Bureau of Democracy, Human Rights, and Labor. In a 2002 report ... the government reported there were 12,000 Protestants, 10,000 Buddhists, and 800 Roman Catholics. The report noted that Cheondoism, a modern religious movement based on 19th century Korean neo-Confucian movement, had approximately 15,000 practitioners. Consulting shamans and engaging in shamanistic rituals is reportedly widespread but difficult to quantify. 
  8. „International Religious Freedom Report: Republic of Korea 2015“ (PDF). U.S. Department of State. Bureau of Democracy, Human Rights, and Labor. конс. 23 December 2016. According to a 2010 survey, approximately 24 percent of the population is Buddhist; 24 percent Protestant; 8 percent Roman Catholic; and 43 percent professes no religious belief. Followers of all other religious groups ... together constitute less than 1 percent of the population. 
  9. A History of Korea: From "Land of the Morning Calm" to States in Conflict - Jinwung Kim - Google Books
  10. Lee, Seokwoo (2016). The Making of International Law in Korea: From Colony to Asian Power. стр. 321. ISBN 978-9004315785. 
  11. Kim, Hyunjin (21 May 2009). Ethnicity and Foreigners in Ancient Greece and China. Bloomsbury Academic (објавено на 21 May 2009). стр. 140. 

Надворешни врски=[уреди | уреди извор]