Нација

Од Википедија — слободната енциклопедија

Нацијата е феномен кој може да биде дефиниран на различни начини. Една од можните дефиниции е луѓе со заедничко минато, култура, јазик, заедничка економија, единствена оделна територија и единствена самосвест.

Одделување на нацијата[уреди | уреди извор]

На прво место, терминот "нација" (nation) не значи "народ" (people) и во таа смисла нациите не се само збир на луѓе со исто потекло. Нацијата, во потесна смисла на зборот, се комбинација на сите граѓани на една држава. Овие граѓани може да се од различни етноси и да исповедаат различни религии. Нациите се производ на државите, како политичко-територијални заедници кои влијаат на сите свои граѓани преку своето законодавство и државна политика.

Појава на нацијата е поврзано со развојот на производствените односи, создавање на заеднички пазар, заедничка култура и јазик. Овој процес се развива различно и со различна брзина на различни места и зависи од специфичните услови. Во средниот век обединувачкиот единици кои ги поврзуваат во една целина разнородни етнички групи се државата, религијата и етничката култура. Подоцна се формираат регионални заедници, се исти со одредени географски области, кои имаат позната политичка обособеност и специфични за секоја од нив културни вредности. Во овие брзо се создава заедници почна постепено да се раѓа свеста за припадност кон една заедничка група на луѓе поврзани со еднаква и специфични за секоја од нив идентитет, што всушност е раѓање се национализам.

Теории[уреди | уреди извор]

Субјективниот пристап на Макс Вебер, Е. Ренан, Е. Ј. Хобсбаум ги подвлекува психолошките фактори или факторите на однесување. Во предавањето под наслов "Што е тоа нација" (1882), Ренан вели дека е тоа заедница која поседува колективна меморија, народ кој страдал заедно, кој имал многу што да запамти како заедничко и многу нешто да заборави. Речиси сите позначајни теории за нацијата се инспирирани од субјективниот пристап. Во една од поновите книги на оваа тема, која предизвика внимание во САД, В. Пфаф пишува:

Сметам дека нацијата постои кога значителен број луѓе во една заедница се смета себеси за нација или се однесува како нација. Не е непходно сите да се чувствуваат или да се однесуваат така... [1]

Во сите дефиниции за национализмот се истакнува дека како масовна емоција тоа е веројатно најмоќната политичка сила во светот. Национализмот може да ја промовира солидарноста и чувството за припаѓање, потпирајќи се на лојалноста на луѓето која се одржува жива преку различни начини и симболи: преку националните херои, униформи, националните празници и светите денови, преку борбените и патриотски песни, знамињата, химните итн.

Во оваа смисла национализмот може да одигра улога на стабилизирачки фактор во меѓународниот поредок. Национализмот им даде полет на милиони народи на Азија и Африка во нивната борба за независност. Создавањето на македонската нација и држава, претставува различна, во позитивна смисла, ситуација на Балканот, од почетокот на 20-от век и денес.

Меѓутоа, распаѓањето на Југославија, проследено со големо етничко насилство, доведе до тоа на национализмот да се гледа пред се' како на дестабилизирачки фактор во меѓународниот поредок. Тој може да предизвика непријателства, раздвојување, тензии и војни меѓу соперничките националистички групи или држави. "Насилничкиот или агресивниот" национализам, В.Пфаф го дефинира како 'често неуспешен национализам кој не го постигнал она кон што се стреми, а тоа е воспоставување на еднонационална држава'. Кога значаен дел од групата го поседува тоа чувство, тогаш таа има национална свест".

Зиринг, Плано и Олтон го дефинираат национализмот како "чувство на припаѓање, или народна волја која бара да се сочува идентитетот на групата преку негово институционализирање во форма на држава". И тие, како и другите кои се занимаваат со овој феномен, сметаат дека национализмот може да биде засилен од заеднички расни, лингвистички, историски и религиозни врски. Неговата основна одлика е активното чувство на посебност на групата во однос на останатите.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Игор Јанев, Мегународно право и мегународни односи, Институт за политички студии, Белград, 2012, ISBN 978-86-7419-244-3
  • Игор Јанев, Меѓународни организации и интеграции, Институт за политички студии, Белград, 2008
  • H. G. Shermers, International Institutional Law, Martinus - Nijhoff Publishers, Netherlands, 1980
  • Kennan, George F. American Diplomacy (Walgreen Foundation Lectures) (1985)
  • Kissinger, Henry. A World Restored: Metternich, Castlereagh, and the Problem of Peace: 1812-1822 (1999)
  • Henry Kissinger. Diplomacy (1999)
  • Kurbalija J. and Slavik H. eds. Language and Diplomacy DiploProjects, Mediterranean Academy of Diplomatic Studies, Malta, 2001, ISBN 99909-55-15-8. The volume contains collection of paper presented at the international conference.
  • Garrett Mattingly, Renaissance Diplomacy Dover Publications, ISBN 978-0-486-25570-5
  • Metternich, Clemens von. Mettetnich: The Autobiography, 1773-1815 (2005)
  • Nicolson, Sir Harold George. The Congress of Vienna: A Study in Allied Unity: 1812-1822 (2001)
  • Nicolson, Sir Harold George. The Evolution of Diplomatic Method (1977)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Етничкиот конфликт и прилагодувањето - Мирјана Малеска, КУЛТУРА - Скопје, 1998