Арапска лига

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Арапска лига
الجامعة العربية
Jāma ʻat ad-Duwal al-ʻArabiyya
Flag of the Arab League.svg Emblem of the Arab League.svg
Знаме на Арапската лига Грб на Арапската лига
Arab League (orthographic projection) updated.svg
Карта на Арапската лига
Членки 22 арапски земји и 3 набљудувачи
Седиште Каиро, Египет
Формирана на 22. март 1945. со Александрискиот протокол
Официјален јазик Арапски јазик
Површина 13.953.041 км2
Жители (проценка, 2007.) 339,510,535
БДП по жител 7.890 УСД
Интернет страница http://arableagueonline.org


Арапската лига (арап. الجامعة العربية, Jāma ʻat ad-Duwal al-ʻArabiyya) официјално наречена Лига на арапските држави, е регионална организација на арапските земји од блискиот исток и северна Африка. Организацијата е формирана во 1945., и денес брои 22 членки. Главна цел е да се координира нивната соработка, да се обезбеди независноста и суверенитетот, и генерално да се координираат работите и интересите на арапските земји."[1]

Арапската лига е вклучена во политичките, економските, културните и социјалните програми наменети за промоција на интересите на членките. Таа е форум на земјите-членки за координација на нивните политички позиции и за помирување на споровите. Највисок орган на лигата е Советот на лигата и секоја членка има по еден глас во Советот. Заклучоците на Советот се обврзувачки само за членките кои гласале за нив.

Членки на Арапската лига се некои од најбогатите земји во светот со нафта и природен гас; ова ѝ дава на организацијата особена тежина во глобалната политика. Во продолжение се прикажани членките на лигата и нивниот БДП:

Земја БДП БДП по жител
Саудиска Арабија Саудиска Арабија 572,200,000,000 20,700
Египет Египет 431,900,000,000 5,400
Обединети Арапски Емирати Обединети Арапски Емирати 145,800,000,000 55,200
 Алжир 268,900,000,000 8,100
 Кувајт 138,600,000,000 55,300
Мароко Мароко 127,000,000,000 3,800
Flag of Libya.svg Либија 78,790,000,000 13,100
Катар Катар 68,870,000,000 75,900
Оман Оман 61,210,000,000 19,100
Тунис Тунис 77,160,000,000 7,500
Судан Судан 107,800,000,000 2,500
Сирија Сирија 86,590,000,000 4,500
Либан Либан 40,650,000,000 10,400
Јемен Јемен 52,610,000,000 2,400
Бахреин Бахреин 24,610,000,000 34,700
Јордан Јордан 28,180,000,000 4,700
Мавританија Мавританија 5,818,000,000 1,800
Комори Комори 1,262,000,000 600
Џибути Џибути 1,878,000,000 1,000
Сомалија Сомалија 5,575,000,000 600


Наводи и други врски[уреди]

  1. Pact of the Arab League, Avalon Project, accessed 12 June, 2007.