Комори

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Union des Comores
Унија на Комори
الاتّحاد القمريّ al-Ittiād al-Qumuriyy
Знаме
Гесло"Unité - Solidarité - Développement"  (француски)
"Единство- солидарност- развој"
ХимнаUdzima wa ya Masiwa  (коморски)
"Унијата на Големите Острови"

Главен град Морони
11°41′ ЈГШ 43°16′ ИГД / 
Најголем град главниот град
Службен јазик француски (де јуре), арапски (де јуре), свахили (коморски)
Демоним Коморец
Уредување Федерална република
 -  Претседател Ахмед Абдула Мохамед Самби
Независност од Франција 
 -  Датум 6 јули 1975 
Површина
 -  Вкупна 2.235 км2 (178-ма)
 -  Вода (%) незначително
Население
 -  проценка за 2005 798,000 (159-та)
 -  Густина 275 жит/км2 (25-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008
 -  Вкупен $753 милиони[1] 
 -  По жител $1,155[1] 
БДП (номинален) проценка за 2008
 -  Вкупно $532 милиони[1] 
 -  По жител $816[1] 
ИЧР (2007) 0.561 (среден) (135-та)
Валута Коморски франк (KMF)
Часовен појас EAT (UTC+3)
 -  (ЛСВ) н/п (UTC+3)
Се вози на десно
НДД .km
Повик. бр. 269

Коморските Острови или Комори се островска земја во Индискиот Океан. Главен град е Морони.

Етимологија[уреди]

Историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Коморите.

Се верува дека Коморските Острови за прв пат биле посетени од феникиски морнари[2][3]. Најраните жители на островите, според некои извори биле морнарите од Меланезија[4], кои се населиле овде кон 5 век. Племето Банту очигледно на овие простори се населило кон 14 век главно од бреговите на денешната држава Мозамбик. Во текот на 15 век и 16 век овде се населиле арапски имигранти, кои започнале да ја шират својата религија градејќи џамии. Португалските истражувачи ги посетиле островите во 1505 година. Коморските Острови во 1886 година биле колонизирани од страна на Французите. Во 1958 година островите добиле статут на француска територија. Во 1968 година островите добиле можност за самостојно внатрешно управување. На 6 јули 1975 година островите биле објавени за независна држава, а од 1978 година како федерална исламска република. Во текот на 1989 година бил извршен државен удар и бил убиен претседателот Алмед Абдалах. Од прогласувањето на независноста на земјата биле извршени вкупно 19 државни преврати. Политичката нестабилност и дестабилизацијата на земјата се решила во 2001 година кога бил избран новиот устав според кој секој остров има своја широка автономија и свое право да избира свој претседател. Земјата е член од ООН од 1975 година.

Географија и клима[уреди]

Политички систем[уреди]

Административна поделба[уреди]

Карта на автономните острови на Коморите

Според уставот, островите Гранд Комор, Анжуан и Мохели имаат право на автономна самоуправа и свои претседатели, со исклучок на државните работи како надворешните односи, одбраната, државјанствата, фискалните и банкарски работи и сл.


Знаме Регион Локален назив Админ. центар Површина
(км²)
Население
(2006)
Flag of Grande Comore.svg Гранд Комор Нгазиџа Морони 1.148 316.600
Flag of Anjouan.svg Анжуан Ндзуани Муцамуду 424 277.500
Flag of Mohéli (official).svg Мохели Мвали Фомбони 290 38.000

Економија[уреди]

Население, јазик и религија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Коморите.

Според податоци од 2006 година, населението на Коморските Острови изнесува 690 948 луѓе. Службени јазици во земјата се арапскиот и францускиот, но најупотребуван јазик е коморскиот јазик. Околу 98 % од населението на Коморите се муслимани, а останатите 2% се христијани, претежно римокатолици[5]. Белите африканци се околу 1 000 на број, или околу 0,15 % од населението.

Култура[уреди]

Музика[уреди]

Спорт[уреди]

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]