Палестина (автономни територии)
- За регионот видете Палестина.
Палестинските територии сочинуваат два региона (автономни територии) во Блискиот Исток, и тоа:
- Западен Брег (5.640 км2 копно и 220 км2 вода)
- Појас Газа (360 км2 )[1]
Овие територии биле под управа на Британскиот мандат Палестина, потоа окупирани од страна на Јордан (Западен Брег) и подоцна од Египет (појас Газа), за на крај, двете територии да бидат окупирани од Израел.
Првпат како суверена држава, Палестина била признаена во 1968 од страна на СССР, а со текот на времето, нејзината државност ја признале вкупно 135 држави. Во ноември 2012 година, Палестина добила статус на држава-набљудувач во Обединетите нации. Во 2014 година, Шведска официјално ја признала државноста на Палестина, а на почетокот на ноември 2014, шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, изјавила дека во рок од пет години, ЕУ би можела да ја признае Палестина како независна држава.[2]

Административна поделба
[уреди | уреди извор]Согласно Договорот од Осло, Палестинските територии Западен Брег и Појас Газа се поделени на три подрачја (Б, Б и В) и 16 области под Палестинска Самоуправа. Од 2007 наваму, две посебни управи полагаат право на власт врз Палестинската Самоуправа - едната на Западниот Брег, а другата во Појасот Газа.
| Име | Население (2007)[3] | Површина (км2) | Густина (жит/км2)[4] |
|---|---|---|---|
| Западен Брег | 3.269.700 | 5.671 | 417,86 |
| Појас Газа | 1.816.539 | 360 | 3.934,83 |
| Вкупно | 5.086.239 | 6.031 | 627,80 |
Западен Брег
[уреди | уреди извор]| Област[5] | Население[5] | Површина (км2)[5] |
|---|---|---|
| Џенин | 556.212 | 583 |
| Тубас | 88.771 | 372 |
| Тулкарм | 358.213 | 239 |
| Наблус | 586.380 | 592 |
| Калкилија | 100.753 | 164 |
| Салфит | 79.464 | 191 |
| Рамала и ел-Бира | 548.018 | 844 |
| Ерихон | 81.724 | 608 |
| Ерусалим (вклуч. Источен Ерусалим припоен од Израел) | 462.521 | 344 |
| Витлеем | 376.515 | 644 |
| Хеврон | 751.129 | 1.060 |
| Вкупно | 3.609.700 | 5.671 |
Појас Газа
[уреди | уреди извор]| Област[5] | Население[5] | Површина (км2)[5] |
|---|---|---|
| Северна Газа | 270.245 | 61 |
| Газа | 696.410 | 70 |
| Дејр ел-Бала | 205.534 | 56 |
| Хан Јунис | 370.979 | 108 |
| Рафа | 273.371 | 65 |
| Вкупно | 1.816.539 | 360 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2019-07-06. Посетено на 2009-11-17.
- ↑ „ЕУ ќе ја признае Палестина?“, Дневник, година XVIII, број 5610, четврток, 6 ноември 2014, стр. 14.
- ↑ . "Факти и информации за Палестина: Население". Палестинско академско друштво за изучување на меѓународните односи. (консултирано на 24 октомври 2012) Архивирано на 24 септември 2012 г. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-09-24. Посетено на 2013-03-13. (англиски)
- ↑ Во 2010 г, вкупата густина е зголемена на 681 жит/км2.
- 1 2 3 4 5 6 „Окупирана палестинска територија: Административни единици“. GeoHive. Посетено на 24 октомври 2012. (англиски)
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Палестина
- Појас Газа
- Западен Брег
- Палестинска самоуправа
- Палестинска ослободителна организација
- Израел
| |||||||||||||||||
31°53′N 35°12′E / 31.883°N 35.200°E
|

