Хамас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хамас
ВодачХалед Машаал
Основана1987
ШтабГаза, Палестина
ИдеологијаИсламски фунадаментализам
Меѓународна припадностМуслимански браќа
Боизелена

Хамас (на арапски: حماس Хамас ", ентузијазам", акроним на حركة المقاومة الاسلامية Ха̀ракат ал-Мука̀ууама ал-Исламија, "Исламско движење на отпорот") — палестинска сунитско исламистичка политичка партија, која управува со Газа. Хамас има воено крило: Бригадите на Из Ад-Дин Ал-Касам. Од јуни 2007 година Хамас е на власт во Газа на палестинските територии, откако го освои мнозинството на места во палестинскиот парламент во палестинските јануарски парламентарните избори во 2006 година, а потоа ја победи политичка организација Фатах во серија на насилни судири. Европската унија, Соединетите Американски Држави [1], Канада, Израел и Јапонија ја дефинираат Хамас како терористичка организација, додека земјите како Русија, Турција и Швајцарија ја третираат како политичка и воена организација.

Основана е врз принципите на исламскиот фундаментализам кој се засилува по исламската револуција во Иран од 1979 година. Хамас е основана во 1987 година (за време на Првата интифада) како огранок на египетското Муслиманско братство. Соосновачот Шеик Ахмед Јасин изјавил во 1987 година, а во 1988 година тоа билопотврдено од повелбата на Хамас, дека Хамас е основана за да ја ослободи Палестина од израелската окупација и да се воспостави исламска држава во област која е сега Израел, Западниот Брег и Газа. Во јули 2009 година, Халед Машаал истакнал дека организацијата е подготвена да соработува со "резолуција на арапско-израелскиот конфликт во која била вклучена палестинската држава врз основа на границите од 1967 година", под услов палестинските бегалци да се вратат во Израел, а источен Ерусалим да биде главен град на новата нација [2][3] .

Во јануари 2006 година на палестинските парламентарни избори Хамас освои мнозинство во палестинските парламент, победувајќи на партија Фатах, политички огранок на Палестинската ослободителна организација. По изборите, САД и ЕУ ја прекинале финансиската помош за администрација предводена од Хамас. Во март 2007 година била формирана владата на национално единство, предводена од Исмаил Ханија од Хамас, накратко беше формирана, но оваа влада не успеала да ја возобнови меѓународната финансиска помош. Во 2007 година ПЛО и Хамас ја започнале Битката на Газа, по која Хамас ја задржа контролата врз Газа, додека нејзините официјални лица беа соборени од позициите на владата во Западниот Брег. Израел и Египет тогаш наметнале економска блокада врз Газа.

Во јуни 2008 година, како дел од египетското посредништво за прекин на огнот, Хамас престана ракетните напади врз Израел и направил некои напори да се спречат слични напади од страна на други организации. По четири мирни месеци, конфликтот ескалирал кога Израел извршил воена акција при што загинаа седум оперативци на Хамас. Во знак на одмазда, Хамас нападнат извршил ракетен напад врз Израел. Кон крајот на декември 2008 година, Израел ја нападнал Газа, но ги повлекол своите сили од територијата во средината на јануари 2009 година. По војната, Хамас продолжи да управува со појасот Газа и Израел ја продолжил својата економска блокада. На 4 мај 2011, Хамас и Фатах најавиле помирувачки договор со кој се обезбедувало "создавање на заедничка привремена палестинска влада" пред националните избори закажани за 2012 година. Според израелски информации, како дел од тој договор, отпорот на Хамас ќе биде мирен а не воени [4].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. "Country reports on terrorism 2005", United States Department of State. Office of the Coordinator for Counterterrorism. US Dept. of State Publication 11324. April 2006. p 196
  2. „Hamas - Council on Foreign Relations“. Cfr.org. Архивирано од изворникот на 2010-06-02. Посетено на 2011-08-02.
  3. Solomon, Jay (2009-07-31). „Hamas Chief Outlines Terms for Talks on Arab-Israeli Peace“. Online.wsj.com. Посетено на 2011-08-02.
  4. Does Hamas Joining PLO Mean It Accepts 2 States? Архивирано на 15 јануари 2012 г. By J.J. Goldberg, The Forward, December 22, 2011