Прејди на содржината

Узбекистан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Република Узбекистан
O'zbekiston Respublikasi
Знаме Амблем
Гесло: Kuch adolatdadir
Химна: Serquyosh hur o'lkam

Местоположба на Узбекистан
Главен град
(и најголем)
Ташкент
41°16′N 69°13′E / 41.267°N 69.217°E / 41.267; 69.217
Службен јазик узбечки
Признаени регионални јазици каракалпачки
руски
Службено писмо Узбечка азбука
Народности (1996) 80,0% Узбеци
5,5% Руси
5,0%–5,5% (официјални податоци)
(30% Фолц, Кордел, Џонсон)
Таџици
3,0% Казаци
2,5% Каракалпаци
1,5% Татари
2,5% останати[1]
Демоним Узбеци
Уредување Унитарна претседателска република
   Претседател Шавкат Мирзијоев
   Премиер Абдулла Арипов
Законодавство Парламент
   Горен дом Сенат
   Долен дом Законодавна комора
Создавање
   Тимуриди 1370-1507 
   Узбечки ханат 1428-1471 
   Xанатот Бухара 1501-1785 
   Ханатот Хива 1511-1920 
   Xанатот Коканд 1709-1876 
   Узбечка Советска Социјалистичка Република 13 мај 1925 
   Објавена независност од СССР 1 септември 1991 
   Призната 26 декември 1991 
   Член на ООН 2 март 1992 
Површина
   Вкупна 448,978 км2 (56-та)
   Вода (%) 4.9
Население
   проценка за 2025 г. 37,543,167 [2] [3] (45-та)
   Густина 82.3 жит/км2 (136-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2025 г.
   Вкупен $425.238 милијарди[4] 
   По жител $11,900[4] 
БДП (номинален) проценка за 2025 г.
   Вкупно $115.615 милијарди[4] 
   По жител $3,600[4] 
Џиниев коеф. (2022)positive decrease 31.2[5]
среден
ИЧР (2022) 0.727[6]
висок · 106та
Валута узбекистански сом (UZS)
Часовен појас UZT (UTC+5)
   (ЛСВ) н.п. (UTC+5)
Се вози на десно
НДД .uz
Повик. бр. 998
1. Како Бухарско царство, Кокандски ханат, Хорезм.

Узбекистан (узбечки: O‘zbekiston, Ўзбекистон), или официјално Република Узбекистан (O‘zbekiston Respublikasi, Ўзбекистон Республикаси) — држава во Средна Азија. Узбекистан се граничи со Казахстан на север и запад, со Киргистан и Таџикистан на исток и со Авганистан и Туркменистан на југ. Република Узбекистан е наследничка на Узбечката ССР. Узбекистан е една од туркиските држави во Азија.

Низ историјата територијата на Узбекистан била дел од неколку империи, меѓу кои Персија, Саманидската империја и Тимуридското царство. Регионот бил освоен и населен од Узбеци во раниот XVI век. Денес повеќето од узбекистанското население се Узбеци и зборуваат на узбечки јазик. Во XIX век територијата била присвоена од Руската Империја и во 1924 година станала составен дел од СССР. Узбекистан својата независност ја стекнала на 31 август 1991.

Економијата на Узбекистан се потпира на производството на стоки како памук, злато, ураниум и земен гас. Иако државата минува низ процесот на транзиција, сепак Узбекистан има контролирана економија, која често е причина за неинвестирање странски капитал во државата. По 1995 година државата забележала позитивни резултати од контролираната економија и транзиција. Узбекистанската политика за човековите права била под силна критика од меѓународните организации.[7]

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Името „Узбекистан“ е составено од зборовите уз („свое“ на туркиските јазици), бек („господар“ на согдиски јазик) и -стан (персиски збор за „земја“). Така, името протолкувано значи „дом на слободните“ или „земја на слободните“. Од името „Узбекистан“ се изведени две придавки: „узбечки“ и „узбекистански“. Поимот „узбечки“ се користи за јазикот и народот Узбеци, додека „узбекистански“ се користи за граѓаните на Узбекистан (Узбекистанци) и сè што е поврзано со државата.

Историја

[уреди | уреди извор]

Територијата на Узбекистан е центар на многу древни цивилизации. Во VI век п.н.е. земјата на денешен Узбекистан била во составот на Персиската империја и династијата на Ахеменидите.

Во 327 п.н.е. земјата била под власта на Александар Македонски, по војната со Дариј III. Победата на Александар Македонски над персиската армија го дала крајот на владеење на династијата на Ахеменидите.

Арапите ја освоиле територијата на денешен Узбекистан во 712 година. Со доаѓањето на Арапите започнала и исламизацијата на месните народи, кои до тогаш биле приврзаници на зороастризмот. Династијата на Саманидите е првата персиска династија, која ја наметнува својата власт над територијата на денешен Узбекистан (819-1005). Големиот монголски владетел Тимур (1336-1405), роден во градот Самарканд, ја основа својата моќна империја, која ги опфаќа земјите на цела Средна Азија. Неговата држава пропаѓа во 1507 година и потпаѓа во рацете на узбечката династија на Шајбанидите.

Узбекистан бил освоен од Русите кон крајот на XIX век со победата на рускиот генерал Михаил Црнарев. Во 1884 година ги потчинуваат прво Бухарското ханство и ханството Хива, а после тоа и источните области на денешен Узбекистан, вклучително и Ташкент. Освоените територии во Средна Азија се вклучени во составот на Руската Империја и се организирани во генералгубернија Туркестан.

Во 1924 година е основана Узбечка ССР. Следната година (1925) Узбечката ССР влегла во составот на Советскиот Сојуз.

Со распаѓањето на СССР на 1 септември 1991 година Узбекистан ја прогласува својата независност.

Географија и клима

[уреди | уреди извор]
Карта на Узбекистан на англиски.

Узбекистан има вкупна површинаод 447.400 км2 и население од 29.559.100 според проценките за 2012 година. Според површината, Узбекистан е 56 најголема држава во светот и 42 најголема држава по бројот на населението.[8] Во рамките на Заедницата на независни држави, Узбекистан е петта најголема по површина и 3 по население.[9] Главен град на државата е Ташкент.

Територијата на Узбекистан се протега на 1.425 километри од запад кон исток и 930 километри од север кон југ. На север се граничи со Казахстан, на југозапад се граничи со Туркменистан, на југоисток се граничи со Таџикистан, на североисток се граничи со Киргистан и на југ се граничи со Авганистан. Узбекистан е единствена држава која се граничи со сите централноазиски држави.

Узбекистан е сува држава без излез на море. Помалку од 10% од територијата е обработлива и има системи за наводнување, кои претежно се во речните долини. На територијата на Узбекистан се наоѓа големата пустина Кизилкум и поголем дел од територијата е планинска. Највисока точка во државата е Казрет Султан, кој има 4.643 метри надморска височина. Врвот се наоѓа во близина на границата со Таџикистан. Порано врвот се нарекувал „Врв на 22 конгресс на Комунистичката партија“[9]

Климата во Узбекистан е континентална, со послаби врнежи од дожд. Просечната летна температура во државата е 40 степени, додека просечната зимска температура е -23 степени.[10]

Политички систем

[уреди | уреди извор]

Административна поделба

[уреди | уреди извор]
Политичка карта на Узбекистан.

Узбекистан е поделен на 12 области (вилаети), една автономна република и еден независен град. Областите се поделени на окрузи.

ОбластАдмин. центарПовршина
(км²)
Население (2008)[11]Бр. на карта
Бухарска Бухара39,4001,576,800}}3
Џизачка Џизак20,5001,090,9005
Навојска Навои110,800834,1007
Кашкадарјанска Карши28,4002,537,6008
Самаркандска Самарканд16,400 3,032,0009
Сирдарјанска Гулистан5,100698,10010
Сурхандарјанска Термиз20,8002,012,60011
Ташкентска Ташкент15,300 2,537,50012
Ташкент Ташкент3352,192,7001
Ферганска Долина (регион)
Ферганска Фергана  6,8002,997,4004
Андижанска Андижан4,2002,477,9002
Наманганска Наманган7,9002,196,2006
Каракалпакстан (регион)
Хорезмска Урганч6,300 1,517,60013
Каракалпакстан Нукус160,0001,612,30014

Статистиката за областа на Ташкент ја вклучува статистиката за градот Ташкент.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Без излез на море, Узбекистан е вториот извозник на памук во светот. Основно производство е златото.

Демографија

[уреди | уреди извор]
Верници во Узбекистан
Муслимани
 
88 %
Православни
 
9 %
Други
 
3 %
  1. „Светска книга на факти“. Cia.gov. Архивирано од изворникот на 2019-01-05. Посетено на 28 јануари 2011. (англиски)
  2. https://kun.uz/news/2024/12/10/ozbekistonda-doimiy-aholi-soni-375-mlndan-oshdi. Отсутно или празно |title= (help)
  3. Official population estimation 2012-01-01. Stat.uz (2012-01-23). Посетено на 2012-03-13.
  4. 1 2 3 4 „Uzbekistan“. International Monetary Fund. Посетено на April 22, 2012.
  5. „Gini index (World Bank estimate)“. World Bank Group. Посетено на 26 December 2024.
  6. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  7. Human rights in Uzbekistan: Amnesty International report, 2008.
  8. „www.worldatlas.com“. www.worldatlas.com. Посетено на May 2, 2010.
  9. 1 2 Uzbekistan will publish its own book of records – Ferghana.ru. 18 јули 2007
  10. Climate, Uzbekistan : Country Studies – Federal Research Division, Library of Congress.
  11. „Statistical Review of Uzbekistan 2008, стр.176“ (PDF). Архивирано (PDF) од изворникот 2010-11-13. Посетено на 2 мај 2010.
  12. „Численность городского и сельского населения по регионам“. The State Comittee of the Republic of Uzbekistan on Statistics. Посетено на 25 January 2018.
  13. „Административно-территориальное деление Наманганской области“. Портал открытых данных Республики Узбекистан. Посетено на 25 January 2018.
  14. „Самарқанд шаҳри“. samarkand.uz. Посетено на 25 January 2018.
  15. „Количество населения в Андижанской области“. Портал открытых данных Республики Узбекистан. Посетено на 25 January 2018.
  16. „Число постоянных жителей в Республики Каракалпакстан“. Портал открытых данных Республики Узбекистан. Посетено на 25 January 2018.
  17. „Численность населения Узбекистана по городам, 2018“. poltavareview.com. Посетено на 25 January 2018.
  18. „Численность населения Кашкадарьи“. Statistics. Посетено на 25 January 2018.
  19. „Демографическая ситуация в Ферганской области“. Портал открытых данных Республики Узбекистан. Посетено на 25 January 2018.
  20. „Демографическая ситуация в Ферганской области“. Портал открытых данных Республики Узбекистан. Посетено на 25 January 2018.
  21. „Демографическая ситуация в Ферганской области“. Портал открытых данных Республики Узбекистан. Посетено на 25 January 2018.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]