Знаме на Узбекистан

Знамето на Узбекистан со сооднос од 1:2Знамето на Узбекистан (узбечки: Oʻzbekiston davlat bayrogʻi) е националното знаме на државата кое било усвоено на 18 ноември 1991 година.[1] Знамето се состои од три големи и две мали хоризонтални ленти во сина, црвена, бела, црвена и зелена боја. На сината лента има полумесечина со 12 ѕвезди.
Симболизам
[уреди | уреди извор]Сината боја го симболизира небото и водата како извор на живот. Белата лента е лента и боја на мирот и чистотата на душата. Зелената боја ја симболизира природата, богатството и исламот. Црвената боја претставува виталната енергија која ја поврзува земјата со небото. Полумесечината означува раѓање на државата и ѕвездите се поврзуваат со сончевиот календар и дванаесетте принципи на управување на државата.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Embassy of Uzbekistan in the United States The State Flag of the Republic of Uzbekistan Архивирано на 1 септември 2009 г.
Поврзано
[уреди | уреди извор]
| ||||||||||||||||||