Знаме на Кувајт
| Употреба | граѓанско, државно и пловно знаме |
|---|---|
| Сразмер | 1:2 |
| Усвоено | 7 септември 1961 |
| Опис | Хоризонтални три ленти во зелена, бела и црвена боја со црн трапез од страна. |
Знамето на Кувајт (арапски: علم الكويت) е националното знаме на државата и било усвоено на 7 септември 1961, додека официјално прифатено на 24 ноември 1961.
Пред 1961 година знамето на Кувајт било црвено и бело. Денес знамето има пан-арапски бои и ги има следните значења: црната боја го претставува поразот на непријателот, црвената е бојата на крвта на кувајскиот меч. Белата боја претставува чистота, додека зелената е боја за плодноста на земјата.[1][2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Кувајт — „Знамиња на светот“
- ↑ Витни Смит, Отфрид Нојбекер: Грбови и знамиња на сите народи. Батенберг, Минхен 1980, ISBN 3-87045-183-1.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| ||||||||||||||||||