Знаме на Иран
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |


Flag of Iran before 1979 revolutionЗнамето на Иран е официјалното знаме на државата усвоено на 29 јули 1980 година. Денешниот дизајн на знамето е како резултат на Иранската револуција. Знамето е составено од три хоризонтални ленти во зелена, бела и црвена боја. Во средината на знамето се наоѓа грбот на Иран во црна боја што всушност е стилизирана форма на зборот „Господ“. Исто така, на самата граница на црвената и зелената лента има натпис на куфичко писмо во бела боја. Натписот значи „Господ е голем“ и се повторува 22 пати што се совпаѓа со 22 ден од 11 месец, денот кога била Исламската револуција.
Симболизам
[уреди | уреди извор]| Боја | Опис |
|---|---|
| Зелена | Симбол на надежта и развојот |
| Бела | Симбол на честа и мирот |
| Црвена | Симбол на храброста и љубовта |
Поврзано
[уреди | уреди извор]| „Знаме на Иран“ на Ризницата ? |
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Иран — „Знамиња на светот“
- Знамиња на Персија Архивирано на 5 октомври 2010 г.—Encyclopædia Iranica
| Оваа статија за Иран е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| ||||||||||||||||||