Бели полумесечина и ѕвезда на темнозелена боја со бела вертикална лента.
Знамето на Пакистан (урду: پاکستان کا پرچم) е националното знаме на државата кое е дизајнирано од страна на Сјед Амир-удин Кедваи. Ова знаме се заснова на знамето на Муслиманската лига, кое пак потекнува од знамето на Могулското Царство од Индија. Пакистанското знаме е усвоено на уставното собрание.[1] на 11 август1947 неколку денови пред независността.[2][3][4]
Знамето е составено од две ленти, бела и зелена и во зеленото поле има бела полумесечина и бела ѕвезда. Зелената боја ги претставува муслиманите во земјата. Белата боја ги претставува религиозните малцински групи[5] Месечината и ѕвездата претставуваат прогрес.[5]
↑ 5,05,1„Pakistan flag“. Ministry of Information and Broadcasting, Government of Pakistan. Архивирано од изворникот на 2009-03-05. Посетено на 2007-12-11.