Знаме на Малезија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Знаме на Малезија.

Знамето на Малезија е официјалното знаме на државата. Знамето е составено од 14 ленти, од кои седум се во бела боја и седум се во црвена боја. Во горниот лев агол има син квадрат на кој има приказ на златна полумесечина и златна ѕвезда со 14 краци позната како „федерална ѕвезда“. 14 ленти ги означуваат 13 федерални држави на Малезија и федералната влада, додека 14 краци ја претставуваат обединетоста на федералните единици.[1]. Полумесечината го претставува исламот додека сината боја ја означува обединетоста на Малајците.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Malaysia Flag“. TalkMalaysia.com. Архивирано од изворникот на 2010-10-15. Посетено на 2009-09-15.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]