Знаме на Шри Ланка
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Употреба | граѓанско, државно и пловно знаме |
|---|---|
| Сразмер | 1:2 |
| Усвоено | 22 мај 1972 |
| Опис | Жолта гранична лента во која се наоѓаат црвен квадрат и две вертикални ленти во портокалова и зелена боја. На црвената лента има лав. |

Знаме на Цејлон од 1951 и 1972
Знаме на Цејлон 1948-1951
Знаме на Британски Цејлон, 1815 - 1948Знамето на Шри Ланка е националното знаме на Шри Ланка. Ова знаме се состои од златен лав на темноцрвена боја со меч во рака. До овој квадрат има две вертикални ленти во портокалова и зелена боја. Околу овие три ленти има жолта гранична лента. Ова знаме било усвоено во 1950 година по препорака на првиот премиер на Шри Ланка.
Симболизам
[уреди | уреди извор]Знамето на Шри Ланка ја претставува државата и нејзиното богатство. Симболизамот на елементите на знамето се:
| Елемент | Симболизам |
|---|---|
| Лавот | Синхалезискиот народ |
| Листовите бо | Будизам и влијанието на будизмот врз нацијата. Исто така означуваат: добрина, пријателство, среќа и смиреноста. |
| Мечот на лавот | Независноста на нацијата |
| Витканата коса на лавот | Религиозност, мудрост и медитација |
| Брадата на лавот | Чистотата на зборовите |
| Рачката на мечот | Елементите: вода, оган, воздух и земја |
| Носот на лавпт | Интелигенција |
| Предните шепи на лавот | Чистотата при ракување со богатство. |
| Портокалова вертикална лента | Тамилскиот народ |
| Зелена вертикална лента | Исламот во Шри Ланка и Морците |
| Жолтата граница | Останатите ентитети кои живеат во Шри Ланка |
| Основата | Останати религиозни групи и етнички заедници |
Поврзано
[уреди | уреди извор]
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Знамето опишано според уставот Архивирано на 14 август 2007 г.
| ||||||||||||||||||