Пловно знаме (трговско знаме или граѓанска енсигнија) е државно знаме на една земја што се истакнува на цивилни пловила (трговски и приватни, наспроти воени) за да се означи земјата. Разни земји имаат едно државно знаме за на компно, цивилен павилјон (енсигнија) за невоена пловидба и морнаричко знаме за воената морнарица. Понекогаш двете или сите три се исти.
Пловни знамиња што се состојат од државното знаме и дополнителен амблем[уреди | уреди извор]
Добро познати примери за вакви знамиња се италијанското пловно знаме, каде е прикажан штит со грбовите на поморските републики и поморското знаме на Полска, каде фигурира и државниот грб. Главна причина за овие додатоци е разликување на пловните знамиња од знамињата на други држави.
Неколку земји (Шпанија, хиспаноамериканските земји и некои европски земји) имаат две главни варијанти на знамето: попросто (обично со ленти) и посложено каде фигурира и државниот грб. Попростата варијанта е пловно знаме (во највеќето случаи и граѓанско), додека посложеното го користат управните органи, валдата и војската. Во Шпанија и Аргентина знамето без грб е варијанта исклучиво за граѓанска употреба, а како пловно знаме се користи државното.[7] Пловното знаме на Ел Салвадор се разликува од државното и во сразмер.
Пловни знамиња што се разликуваат од државните во сразмерот[уреди | уреди извор]
Неколку поранешни британски колонии имаат пловни знамиња кои се исти со државните, но во сразмер 1:2 наместо 3:5. Словенија, Хрватска и Унгарија се обратен случај, каде пловните знамиња им се со сразмер 2:3 наспроти државните со 1:2. Франција е посебен случај: општиот сразмер е ист, но лентите на знамето се разликуваат во широчина.